Connect with us

технологии / компании

По Meta и Google, ЕУ ги казнува за првпат и Apple и TikTok

Технологија и регулација

објавено

на

ЕУ смета дека Apple незаконски ја искористува својата моќна позиција на пазарот, а казната се очекува да биде објавена на почетокот на следниот месец. Европската комисија отвори формална истрага и против кинеската социјална мрежа  TikTok за да истражи дали платформата прави доволно и се усогласува со Законот за дигитални услуги во областите поврзани со заштитата на малолетниците.

Веќе слушнавме многу за сумите пари со коишто европските регулатори често ги казнуваат големите технолошки компании како Meta и Alphabet (чадор компанија на Google) поради нелојалната пазарна конкуренција. Но, сега за прв пат европските регулатори се насочени и кон американскиот гигант Apple на кој му се заканува казна до 500 милиони евра и кинескиот ByteDace кој стои зад мегапопуларната социјална мрежа TikTok.

Apple го форсирал  Apple Music

Apple наводно ја користел сопствената платформа App Store за да ја фаворизира својата услуга за стриминг Apple Music на сметка на други слични услуги на конкурентски компании, како што е, на пример, Spotify, кој затоа поднел жалба до ЕУ во 2019 година.

Имено, како што деновиве прв  објави Financial Times, повикувајќи се на неименувани извори, Европската унија за прв пат ќе изрече казна на Apple за кршење на правото на ЕУ за конкуренција. Apple наводно ја користел сопствената платформа App Store за да ја фаворизира својата услуга за стриминг Apple Music на сметка на други слични услуги на конкурентски компании, како што е, на пример, Spotify, кој затоа поднел жалба до ЕУ во 2019 година. Минатата година, Европската комисија започна антимонополска истрага и го обвини Apple за нарушување на пазарната конкуренција преку правилата на App Store кои не ги информираат корисниците за другите опции за стриминг услуги.

Така, ЕУ смета дека Apple незаконски ја искористува својата моќна позиција на пазарот, а казната се очекува да биде објавена на почетокот на следниот месец. Иако ова е прва казна од ЕУ, Apple беше казнет со 372 милиони евра од Франција во 2020 година, исто така поради кршење на пазарната конкуренција.

Оваа вест доаѓа во време кога Big Tech компаниите се обидуваат целосно да ги почитуваат правилата на Законот за дигитални услуги, кој неодамна почна да се применува на сите онлајн платформи во ЕУ. Во обид да ја смири ЕУ, Apple објави промени во својот софтверски систем iOS, Apple Store и прелистувачот Safari минатиот месец, но ќе биде потребно време за да се видат вистинските ефекти од овие промени.

TikTok исто така може да биде казнет

Доколку TikTok биде прогласен за виновен за прекршување на правилата на Законот за дигитални услуги, може да се соочи со казна од ЕУ до шест отсто од својот глобален приход.

Европската комисија отвори формална истрага и против TikTok за да истражи дали платформата прави доволно и се усогласува со Законот за дигитални услуги во областите поврзани со заштитата на малолетниците, транспарентноста на рекламирањето, пристапот до податоци за истражувачи и управување со ризик поврзани со дизајн којшто создава зависност и штетна содржина.

„Заштитата на малолетниците е главен приоритет на Законот за дигитални услуги. Како платформа која допира до милиони деца и тинејџери, TikTok мора целосно да се придржува до Законот за дигитални услуги и да игра посебна улога во заштитата на малолетниците онлајн. Денес, започнуваме официјална постапка поради повреда на правото за да осигуриме дека ќе се преземат сразмерни мерки заштита на физичката и емоционалната благосостојба на младите Европејци. Не смееме да штедиме напори за да ги заштитиме нашите деца“, изјави Тиери Бретон, еврокомесар.

Доколку TikTok биде прогласен за виновен за прекршување на правилата на Законот за дигитални услуги, може да се соочи со казна до шест отсто од својот глобален приход. Извршниот потпретседател на Комисијата, Маргрете Вестагер, истакна дека Комисијата „ќе спроведе темелна истрага без да го доведе во прашање исходот“.

Ова е втора истрага поврзана со Законот за дигитални услуги, кој стапи на сила во ноември минатата година. Имено, од декември минатата година, Европската унија исто така ја истражува Платформата Х за сомнителни прекршувања на Законот за дигитални услуги поврзани со објавување лажни информации по нападите на Хамас врз Израел. Комисијата затоа, како што пренесува Ројтерс, ќе спроведе длабинска истрага и ќе спроведе бројни интервјуа и инспекции.

банки2 дена ago

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

свет2 дена ago

Предлог акција за оваа недела: Orlen S.A.

свет2 дена ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

технологии / компании2 дена ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

регион2 дена ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

македонија2 дена ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

македонија2 дена ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

економија2 дена ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

економија2 дена ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

свет2 дена ago

Следната година сонцето и нас ќе нѐ стемни

економија2 дена ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

свет2 дена ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

регион2 дена ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

свет2 дена ago

Следната година сонцето и нас ќе нѐ стемни

македонија2 дена ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

економија2 дена ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

технологии / компании2 дена ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

менаџмент / маркетинг2 дена ago

Како да ги демотивирате вработените и избркате најдобрите

македонија2 дена ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

банки4 дена ago

Управната зграда на УНИБанка во Скопје сама ќе произведува струја од фотоволтаична централа