менаџмент / маркетинг
Правилата за исклучителен успех на Сатја Надела
Најдобрите лидери знаат дека мора да започнат нова игра пред да заврши старата игра.
објавено
на
автор:
Редакција Капитал
Во ерата на немилосрдните промени, преживувате и напредувате само врз основа на вашата способност да се промените пред кризата да ве присили на промени. Користете ги принципите на Think Day 1, водете со култура и дејствувајте брзо, но размислувајте полека за да постигнете 10 пати поголеми резултати во вашиот бизнис.
Извршниот директор на Microsoft Сатја Надела е еден од најпознатите трансформациски лидери на планетата. Тој разбира дека успехот не се случува преку ноќ. Наместо тоа, мора да размислувате долгорочно, да го посадите семето за иднината и да започнете со реоткривање денес додека ја градите иднината. Ова значи преиспитување на сè во вашиот бизнис од културата и операции, па се до стратегија и талент.
Еве три победнички правила на Nadella за одлично водство.
Ден 1 за размислување
Периодот на 2000-тите беа изгубена деценија за Мајкрософт, каде што изгледаше како да губат допир со своите клиенти и паѓаат во егзистенцијална криза. Бранови на нови иновации од Google и App Store на iPhone и таблетите ја срамнија кривата на раст на легендарниот бизнис за компјутерски софтвер. Во 2014 година Надела стана нов извршен директор на Мајкрософт и објави дека новата игра е дека треба да бидат Ден 1 компанија. Ден 1 компанијата ги донесува одлуките како секој ден да ќе биде нов ден, што експериментирањето, измислувањето и иновациите се норма.
За Надела ова значи поставување на три моќни прашања.
1. Колку сме успешни во креирањето на нови производи, услуги или бизнис модели?
2. Колку сме ефикасни во приспособувањето кон новите промени или прекини?
3. Дали нашата култура ги наградува ризикот и неуспехот?
Раководење со култура
Како се донесуваат одлуките и каква култура сакате да имате? Културата која победува значи движење од размислување “да се знае се” кон култура “да се научи се”. Едeн од важните чекори на Надела беше да ја смени мисијата од архаичниот пристап “компјутер на секое биро во секој дом” до многу повеќе фокусирана на потрошувачите цел “мотивирање на секоја личност и организација на планетата да постигне повеќе”.
Тимовите се охрабруваат да се фокусираат на проектите поврзани со страстите и да не мислат на “Мајкрософт” како 42-годишна компанија, туку како предизвикувачка организација со Ден 1 во својата ДНК. Оваа контра-интуитивна идеја е дека употребата на дефанзивен јазик може да резултира со застарени ментални модели кои ве спречуваат да ја реоткриете денешнината со брзина и обем. Надела знае дека сега повеќе од кога било, мора да се размислува и да дејствува како стартап од 10.000 лица, бидејќи брзите ги јадат бавните.
Постапувајте брзо, размислете полека.
Надела е долгогорочен мислител кој рано ги прифаќа новите трендови и слабите сигнали за да остане пред сите. Тој ја цени брзината на донесување одлуки каде што 80% доверба е доволно да се делува. Во време на VUCA свет (volatile, uncertain, complex and ambiguous) тој разбира дека чекањето за сигурност од 100% пред да се донесе одлуката е едноставно премногу бавно. Ѕвездените резултати на “Мајкрософт” во 2017 година ја покажуваат моќта на брзото дејствување и бавното размислување. Claud услугите, на пример, веќе сочинуваат 32% од вкупните приходи на Мајкрософт, со двојно користење во споредба со изминатата година.
Во ерата на немилосрдните промени, преживувате и напредувате само врз основа на вашата способност да се промените пред кризата да ве присили на промени. Користете ги принципите на Think Day 1, водете со култура и дејствувајте брзо, но размислувајте полека за да постигнете 10 пати поголеми резултати во вашиот бизнис.
Прочитај Уште...



Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија

„Алкалоид“ исплати новогодишен надомест од 25.000 денари за своите вработени и донираше 1,2 милиони евра за заедницата во 2020 година

Македонската економија на среден и долг рок (2)

Каква година ќе биде 2021 за инвеститорите

Доаѓа ерата на “пост – менаџментот“

Дали сте саботирани од сопствената цел за остварување поголема продажба?

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

Одобрена е првата група на кредитни барања од Ковид 3 бескаматната кредитна линија

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар годинава ќе се одржи во Македонија

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

Неби Хоџа, СКСЗМ: Да се укине данокот на добивка до 2022 година за најпогодените компании од пандемијата

Средствата за дезинфекција од “Алкалоид” со докажано дејство против SARS-CoV-2 (COVID-19)

ССК бара финансиската помош за исплата на плата и бескаматните кредити да траат најмалку до април

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

Јан Коум: Правете една работа и правете ја добро
