Connect with us

економија

Првата конференција за комерцијални недвижности во Македонија обезбеди квалитетна платформа за размена на знаење и искуства

објавено

на

Ваков тип на конференции се клучни за поттикнување на соработката, вмрежувањето и следењето на најновите трендови и предизвици. На едно место, професионалци од локалниот и меѓународниот пазар и присутните имаа можност да осознаат различни перспективи и да слушнат различни искуства.

Вчера, 10.05.2023, во хотел Хилтон беше организирана Првата конференција за комерцијални недвижности во Македонија. Истата обезбеди квалитетна платформа на која локални и меѓународни професионалци за недвижности имаа можност да се се сретнат и да разменат знаења и искуства.

Ваков тип на конференции се клучни за поттикнување на соработката, вмрежувањето и следењето на најновите трендови и предизвици. На едно место, професионалци од локалниот и меѓународниот пазар и присутните имаа можност да осознаат различни перспективи и да слушнат различни искуства.

На првата панел дискусија, насловена „Инвестиции на пазари во развој“, се дискутираше за атрактивноста на инвестиции на ваков вид на пазари, не само поради поголемиот приход и поврат на инвестицијата, туку и поради недостатокот на инвеститори, едноставно овие пазари уште не се на “радарот”.

Имајќи го ова предвид, инвеститорите треба да ги искористат предностите на овие специфични пазари пред трансакциите да станат прескапи.

Еден од учесниците на оваа дискусија беше директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

„Презентиравме еден нов модел кој го воведовме на работењето во слободните економски зони, кој овозможува домашите компании градежни но и финансискиот сектор и осигурителните компании да земат дел од колачот од странски инвестиции кои влегуваат во земјава. Минатата година успеавме да заокружиме проекти преку 60 милиони евра, и дополнително работиме на уште три проекти кои ќе овозможат домашниот градежен сектор да влезат во еден инвестициски циклус да земат 100 милиони евра“, изјави Деспотовски.

На втората панел дискусија „Финансирање на проекти“, се разговараше за улогата на финансиските институции како неминовен чинител за успешна реализација на инвестициите од страна на компаниите. Учесниците, финансиските институции и инвеститорите беа категорични дека и покрај економската несигурност, побарувачката за финансирање на проекти во комерцијален недвижен имот не е намалена. Се потенцираше дека довербата меѓу страните е неопходна, додека пак експертското знаење за оценка за исплатливоста на вложувањата е суштина при одлучувањето за финансирање на проектите.

На панел дискусијата „Потреба за развивање на логистички паркови”, се елаборираше што ја движи потребата за развој на логистички капацитети: е-трговијата, потребата стоката да биде блиску до крајниот корисник, како и релокацијата на лесната индустрија во регионот. Целосната слика за потребата од  логистички капацитети беше претставена од страна на говорници кои се позиционирани на различни делови на “supply chain“, поточно од инвеститори до корисници во нашата држава но и во државите на Југоисточна Европа.

На четвртата панел дискусија „Што е следно за канцеларискиот простор?“, разновидна група експерти разговараше за клучните двигатели при креирање на идни стратегии за работната средина.

Канцеларискиот простор ќе треба да даде бенефиции на работниците што не можат да ги најдат на друго место. По Ковид пандемијата, во која се актуелизираше хибридниот модел на работење, компаниите се враќаат на основниот принцип на работа со физичко присуство во канцелариите.

На панел дискусијата „Оставаме белег. Што значи ЕСГ (ESG)?” се дискутираше околу важноста за еден од најголемите трендови во доменот на инвестициите – ЕСГ (ESG), кој има цел да ги поттикне компаниите да ги базираат инвестициите врз основа на влијанието на компанијата врз животната средина, социјална одговорност и транспарентно раководење кое се потпира на највисоките етички норми и стандарди при водење бизнис. Преку практични примери согледавме дека нашите компании ја уважуваат и започнуваат имплементацијата на ЕСГ (ESG) со цел да бидат во тек со светските трендови.

На последната панел дискусија за пазарот на станбен простор, во фокусот беа предизвиците и влијанието кои ги создаваат економските кризи, трендовите на домување, како и иднината на пазар со станбен простор. Експертски мислења од стана на панелистите за понудата и побарувачката која покрај зголемувањето на цените и затегнувањето на монетарната политика остана стабилна. Пазарот со станбен простор останува во фокусот на локалните инвеститори но за сериозен развој на истиот, најголемиот предизвик е неносењето на ДУП-ови или не реализирање на истите од страна на општините.

Дикусиите им овозможија на присутните да истражуваат на различни теми поврзани со комерцијалните недвижности, како што се стратегиите за инвестирање, динамиката на пазарот, регулаторниот развој, одржливоста, стандардизација, технолошкиот напредок и новите трендови.

Организаторите од ФОРТОНМКА, како домаќин на првата конференција од ваков вид во Македонија, покажаа посветеност за промовирање на растот и развојот на секторот за комерцијални недвижности во земјата.

„ФОРТОНМКА е дел од проекти со најразличен формат. Додадената вредност е во познавањето како се одвива процесот, како се создава квалитетен имот, како како од една мала идеја, создаваме проект кој потоа има пзарна вредност од 30 милиони евра. Го предвидуваме и максимизираме повратот на инвестицијата, а истовреме импелемнтираме долгорочни стратегии за оджливи асети. Нашиот пазар не е ниту мал, ниту за потценување. Со таа цел ја иницираме и огранизираме оваа прва конференција, кадешто сите домашни и меѓународни професионалци од областа за прв пат се на едно место. Се радуваме што создадовме можност да бидеме гласни во споделување на поривот да го мапираме македонскиот Пазар на светки трендови. Ова е нашиот придонес кој менување на пазарот кон подобро“. -изјави Катарина Николов, Генерален директор на ФОРТОНМКА и посочи дека доаѓа време на ретаил парковите.

Првата конференција за комерцијални недвижности во Македонија беше извонредна можност која несомнено обезбеди вредна платформа за професионалците да разменат идеи, да разговараат за трендовите и да се осврнат на предизвиците во индустријата.

економија1 ден ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет4 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал