Connect with us

македонија

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

Фортонмкa ја организираше првата Конференција за комерцијални недвижности во Македонија

објавено

на

Конференцијата e организирана со цел поттикнување на бизнис можности и соработка, а опфати различни прашања и предизвици поврзани со сите аспекти поврзани со инвестициите во комерцијален недвижен имот, како сектор кој постојано еволуира последните години.

Хотелот Дабл Три Хилтон во Скопје беше место каде што на 10 мај годинава беа собрани практично сите што нешто значат во светот на недвижностите во Македонија, но имаше гости и  од регионот и пошироко. Во организација на Фортонмка се случи првата Конференција за комерцијални недвижности во земјава, можност локални и меѓународни професионалци и експерти од секторот да се сретнат и да разменат знаења и искуства.

Конференцијата се организира со цел поттикнување на бизнис можности и соработка, а опфати различни прашања и предизвици поврзани со сите аспекти поврзани со инвестициите во комерцијален недвижен имот, како сектор кој постојано еволуира последните години. Преку своето присуство, професионалци од сите сегменти на комерцијалните недвижности, финансиски експерти, инвеститори од државата и од Централна и Југоисточна Европа имаа можност да разговараат и споделат мислење на актуелни теми.

Коорганизатор на Конференцијата е агенцијата Кликер Маркетинг, а ексклузивен медиумски партнер Капитал.

Конференцијата ја отвори со поздравен говор извршната директорка на Фортонмка, Катарина Николов, којашто рече дека оваа конференција е нивни придонес кон целиот сектор на комерцијални недвижности, со цел пазарот да оди само по нагорна линија.

Катарина Николов, главен извршен директор на Фортонмка ја отвори Конференцијата и порача дека ова е нивниот компаниски придонес кон менување на пазарот на недвижности кон подобро.

„Важно е нашиот тим да е постојано во тек со случувањата во регионот, па и пошироко, како секогаш би ја гледале ‘големата слика’ на нештата. Присутни сме на конференции за недвижности од каде што носиме идеи, или ги  добиваме релевантните информации во врска со актуелни теми во недвижностите. Но, нашето најголемо знаење и експертиза, доаѓа од 12 години посветена работа на македонскиот пазар. Така,  и оваа конференција значи голема посветеност, насочен ангажман од наша страна. “, истакна Николов.

Додадена вредност

Првата Конференција за комерцијални недвижности беше поделена на шест панели, секој со интересна и значајна тема за дискусија, почнувајќи од можностите и перспективи за инвестирање во недвижности на пазарите во развој; финансирањето на проекти; развој на логистички паркови; иднината на канцеларискиот простор; концептот на ЕSG во комерцијалните недвижности; и на крајот, можеби темата најинтересна за пошироката јавност, резиденцијалните недвижности.

Олга Дервенџи, менаџер за бизнис развој во Фортонмка, беше и учесник на панелот „Инвестиции на пазари во развој“.

Организаторот Фортонмка е македонска советодавна компанија која на домашниот пазар за недвижности работи веќе 12 години.

Фортонмка успешно посредува во сите сегменти на комерцијалните недвижности: физибилити студии и истражувања на пазарот, исплатливост на вложување во проекти, пристап до финансирање, управување со проекти, изнајмување на малопродажен (retail) простор, изнајмување на канцелариски простор, магацини, индустриски објекти и  земјишта.

На годишно ниво Фортонмка обезбедува советодавни услуги за развој на повеќе од 500.000 м2 недвижен имот во вкупна вредност од над 50 милиони евра.

„Фортонмка е дел од проекти со најразличен формат. Додадената вредност е во познавањето како се одвива процесот, како се создава квалитетен имот, како од една мала идеја, создаваме проект кој потоа може да има пазарна вредност од, на пример, 30 милиони евра. Го предвидуваме и максимизираме повратот на инвестицијата, а истовремено имплементираме долгорочни стратегии за одржливи имоти. Нашиот пазар не е ниту мал, ниту за потценување. Со таа цел ја иницираме и организираме оваа прва конференција, каде што сите домашни и меѓународни професионалци од областа за прв пат се на едно место. Се радуваме што создадовме можност да бидеме гласни во споделување на поривот да го мапираме македонскиот пазар во светските трендови. Ова е нашиот придонес кон менување на пазарот кон подобро“, изјави Катарина Николов, главен извршен директор на Фортонмка.

економија4 часа ago

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

банки22 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија3 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки4 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки4 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју4 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија6 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up2 недели ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании2 недели ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион2 недели ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас