Connect with us

економија

Прв извоз на „Витаминка“ во Јапонија

Пробив на далечни пазари и среде корона – кризата

објавено

на

Јапонските потрошувачи за почеток ќе се насладуваат со карамел бисквитот произведен во прилепската фабрика за прехранбени производи. Витаминка извезува во преку 30 земји во моментов. 

Фабриката за прехранбени производи „Витаминка“ од Прилеп го реализираше првиот директен извоз во Јапонија, јавија од компанијата. Пласманот на производите на „Витаминка“ на јапонскиот пазар следи по детално направено истражување на локалните пазарни специфики, присутната конкуренцијата и прехранбените навики и многубројните остварени средби со партнери од Јапонија ширум саемите во светот, реализирани пред корона кризата.

Моментално „Витаминка“ има континуиран извоз во повеќе од 30 земји, а со вклучување на јапонски пазар, кој е исклучително софистициран и пребирлив, реализацијата на странските пазари го продолжува трендот на зголемување и кон најдалечните дестинации.

 „Извезуваме во многу земји, со различни културни и прехранбени навики и различна структура на малопродажната индустрија од аспект на концентрација и формати, но извозот во Јапонија е посебно значаен затоа што овој пазар се издвојува со својот обем, високите квалитативни стандарди и многу различни и специфични нутритивни навики до кои успеавме да ги доближиме нашите производи“, вели Љупчо Велески, директор на Сектор извоз во „Витаминка“.

Тој додава дека продорот што го направиле во „земјата на изгрејсонцето“ е резултат, пред се’ на квалитетот на нивните  производи, како и извозната стратегија што ја развиваат континуирано и што дава позитивни резултати.
Компанијата го испорача првиот контејнер на „Карамел бисквит“, со нивен  оригинален бренд, но со адаптации на јапонските стандарди.

„Во фаза сме на подготовка и на нови артикли за тој пазар. Задоволството од довербата што ни ја даваат партнерите од таква далечна дестинација во вакви кризни времиња е непроценлива сатисфакција за Витаминка”, вели Велески.

Извозот на Витаминка во Јапонија е поздравен и од Амбасадата на Јапонија во Македонија, со желби за долгорочна соработка и наклонетост на тамошните потрошувачи.

„Витаминка“, инаку, во првите шест месеци од годинава има зголемени приходи од продажба на своите производи за 6%, и тие изнесуваат речиси 1,2 милијарди денари, или 19,4 милиони евра. Резултатот е до толку позначаен, што е остварен во период на разорните ефекти од пандемијата на коронавирусот, кога неколку месеци беа отежнати условите за продажба, транспорт и дистрибуција на прехранбените производи. Од вкупното производство, „Витаминка“ 36% извезува во моментов, и во однос на приходите од пласманот на странски пазари во истиот период лани, не е забележана промена, додека на домашниот пазар продажбата е зголемена за 10%.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

македонија2 часа ago

Како неконтролираното кредитирање на населението се рефлектира на економијата

економија18 часа ago

Македонската берза им објасни на компаниите дека може да се финансираат и преку котација

банки1 ден ago

Со златните монети од УНИБанка купуваме дел од историјата, а ја осигуруваме иднината!

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

македонија2 дена ago

РЕС ќе почне да снабдува државни и локални институции со поевтина струја

економија4 дена ago

РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија среде енергетската криза

банки5 дена ago

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија6 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

свет1 недела ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија7 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

македонија7 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија1 недела ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

македонија5 дена ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

банки7 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

економија7 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

македонија2 дена ago

На 10 мај прва Конференција за недвижности во Скопје

економија6 дена ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација