Connect with us

македонија

Прв македонски Swatch по повод 30 години од независноста

објавено

на

Зоран Кардула и креативниот тим на Божиновски го „зачнаа“ ова мало македонско / швајцарско ремек дело.

На осми септември, на 30 годишнината од македонската независност ќе биде претставен првиот локализиран дизајн на Swatch часовник. Уникатен а препознатлив дизајн, дизајниран од страна на познатиот македонски дизајнер и уметник Зоран Кардула, а изработен од Swatch кој храбро ја поддржа целата наша приказна.

“Часовниците ќе бидат достапни во лимитиран симболичен број од триесет парчиња и истите ќе бидат изложени во нашите салони. Со оглед на симболиката на целиот проект идејата е за истите да организираме донаторска аукција, а собраните средства ќе бидат донирани онаму каде што е најпотребно, по избор на авторот кој покрај како дизајнер е познат и по својата хуманост.

На овој начин сакавме да направиме една заокружена приказна и да ви ја доловиме вложената енергија во креацијата на часовникот . По избор на уметникот со истата енергија средствата да бидат донирани онаму каде се најпотребни, како симболичен гест за одбележување на денот на независноста ” велат од Божиновски.

После објавувањето на првиот локализиран дизајн на Swatch во периодот кој следи ќе се објавуваат нови серии на локално дизајнирани часовници од македонски творци и уметници, на тој начин „Божиновски часовници и накит“  сака силно да ја поддржи креативната заедница во земјава, во знак на благодарност што изминатите 30 години, неуморни и непоколебливи, преку нивните дела му даваа боја и надеж на нашето секојдневие.

економија2 дена ago

Поддршка за големите извозници: гаранција од Гарантен фонд до 50% од износот на кредитот за извоз преку Развојна банка

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

македонија4 дена ago

Македонија 60-та во свет од 110 држави рангирани според дигитален квалитет на животот

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

политика6 дена ago

Брима – Галуп: Ако денеска се одржат локалните избори, СДСМ би освоил 19,8%, а ВМРО-ДПМНЕ 17,7% од гласовите

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

start up6 дена ago

Соработка за развој на стартап заедницата: партнерство на Македонски Телеком и Стартап Македонија

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка