технологии / компании
Прв студентски хакатон: „Хакирај ја сивата економија во е – трговијата“

Асоцијацијата за електронска трговија – АЕТМ го организира првиот студентски хакатон под името: “Хакирај ја сивата економија во е-трговија” , во соработка со факултетите ФИНКИ и Економски факултет – Скопје. Хакатонот ќе се одржи онлајн, од 14 до 16 мај.
Асоцијацијата за електронска трговија – АЕТМ го организира првиот студентски хакатон под името: “Хакирај ја сивата економија во е-трговија” , во соработка со факултетите ФИНКИ и Економски факултет – Скопје. Хакатонот ќе се одржи онлајн, од 14 до 16 мај.
„Сивата економија која изнесува дури 38% во нашата земја го попречува економскиот раст, му штети на развојот на општеството и креира нелојална конкуренција за регистрираните бизниси. Поттикнати од ова, како и од фактот дека една од главните бариери кои ја посочуваат е-трговиците е токму сивата економија, од една страна, како и ниското ниво на свест и даночен морал од друга страна, во Програмата за работа за 2021 година на Асоцијацијата ставивме фокус токму на сивата економија во е-трговија. “, велат од АЕТМ.
Студентите кои ќе учествуваат на хакатонот ќе имаат задача во текот на 48 часа да развијат иновативни решенија за намалување на сивата економија во е-трговијата, со поддршка од менторите на хакатонот. Предизвикот на овој хакатон е „Како да се намали сивата економија во е-трговија?“ и истиот е поделен на две категории “Едуцирај и мотивирај“ и “Детектирај и сузбиј“. Најдобрите решенија ќе бидат финансиски наградени, со цел да го развијат решението да има реална примена во пракса.
Веб сајтот за хакатонот со повеќе информации може да се погледне на следниот линк https://hackathon.ecommerce.mk/ .