Connect with us

свет

Пребрз оптимизам?!

Пазари на капитал

објавено

на

„Станува очигледно дека превисоки се економските прогнози за растот на БДП во последниот квартал на 2020 година и првиот квартал од 2021 година. Затоа, земјите продолжуваат со постојните и преземаат нови мерки за ублажување на економските тешкотии. Ова ги зголемува задолженоста и дефицитите во јавните финансии. Пазарите продолжуваат да го гледаат ова како краткорочен ефект сè додека заврши пандемијата. Вакцините низ нивна призма ветуваат неизбежен крај на пандемијата и враќање во нормала. Оптимизмот се чини малку пребрз, бидејќи нормализацијата може да се очекува дури во текот на летото, под услов вакцините да бидат ефикасни.“, велат аналитичарите на Генерали Инвестментс.

Генерали Инвестментс
(редакциска опрема Капитал)

Првата недела од декември не донесе спас во земјите низ целиот свет. Ковид-19 продолжува рапидно да се шири и бројот на дневни позитивни случаи се приближува до 700 000, а бројот на дневни смртни случаи околу 13 000. Охрабрувa тоа што вториот бран го достигна својот врв во некои европски земји и таму состојбата се подобрува. Од друга страна, загрижува влошената состојба во најголемата светска економија САД, каде што новите ограничувачки мерки сериозно ќе го забават растот. Пазарите на капитал градат оптимизам за вакцината, а најнадежната вакцина на Pfizer веќе започна да се употребува во Велика Британија па наскоро тоа може да се очекува и на друго место. Станува очигледно дека превисоки се економските прогнози за растот на БДП во последниот квартал на 2020 година и првиот квартал од 2021 година. Затоа, земјите продолжуваат со постојните и преземаат нови мерки за ублажување на економските тешкотии. Ова ги зголемува задолженоста и дефицитите во јавните финансии.

Инвеститорите како да не ги фермаат лошите економски резултати

Индустриските компании, секторот за понуда и други активности поврзани со таканаречената „зелена зделка“, односно преминот кон поеколошки начин на живот, продолжуваат да се зајакнуваат. Со оглед на сличниот план на ЕУ, кој исто така ќе финансира пост-пандемиско обновување преку „позелен“ начин на деловно работење и живеење, сè што е поврзано со концептот заштита на животната средина, се чини дека е еден од главните инвестициски трендови за 2021 година.

Пазарите продолжуваат да го гледаат ова како краткорочен ефект сè додека заврши пандемијата. Вакцините низ нивна призма ветуваат неизбежен крај на пандемијата и враќање во нормала. Оптимизмот се чини малку пребрз, бидејќи нормализацијата може да се очекува дури во текот на летото, под услов вакцините да бидат ефикасни. Онаму каде што контролата на епидемијата е успешна на пр. Кина, гледаме натамошно брзо закрепнување и движење на економските индикатори во форма на V. Ова е охрабрувачки и носи оптимизам на пазарите. Инвеститорите продолжуваат да ги менуваат инвестициите помеѓу индустриите и компаниите, иако одливот на пари во најпогодените индустрии и акции од корона кризата забави, бидејќи остануваат отворени многу непознати во дејностите.

Администрацијата на Бајден станува се’ појасна и појасна, а пазарот реагира позитивно. Може да очекуваме посилен стимул на почетокот на следната година, а на тоа реагира и доларот, кој во последните денови продолжува да губи во споредба со другите глобални валути. Тековните нивоа од 1,21 американски долар за евро, според аналитичарите, би паднале на 1,30 долари за евро до крајот на 2021 година, што ќе има значително негативно влијание врз европската економија. За инвеститорите, сегашното затворање на економиите и како последица на тоа лошите економски податоци од крајот на 2020 година и почетокот на 2021 година остануваат ирелевантни. Аналитичарите зборуваат дека во втората половина на 2021 и 2022 година, кога веќе нема да има пандемии и значителен раст на БДП, се очекува профит и деловна активност. И покрај растечката нееднаквост, на светот се гледа преку розови очила, особено во САД.

Малку променета структурата на растот

На краток рок, технолошките гиганти веројатно достигнаа врв со најавите за можна вакцина, а вниманието е исто така насочено и на другите сегменти на пазарот. На долг рок, акциите на компаниите од областа на технологијата и е – трговијата и работата од дома остануваат сегменти со натпросечен раст, но остануваат скапи, па инвеститорите ќе бидат повнимателни и воздржани.

Пазарите на капитал пораснаа и минатата недела, иако побавно, но сепак се искачуваат на нов рекорд. Вистина е, сепак, дека овој пат не беа акциите од главните технолошки компании во првите редови, туку индустријата, понудата, погодените индустрии и здравствената заштита. Може да се каже дека структурата на растот е малку променета. Повеќето, се разбира одат на оптимизам за претстојните вакцини, но дел од оптимизмот може да се припише и на очекувањата за промена на економската политика што доаѓа со новата американска администрација.

Така, индустриските компании, секторот за понуда и други активности поврзани со таканаречената „зелена зделка“, односно преминот кон поеколошки начин на живот, продолжуваат да се зајакнуваат. Со оглед на сличниот план на ЕУ, кој исто така ќе финансира пост-пандемиско обновување преку позелен начин на деловно работење и живеење, сè што е поврзано со концептот заштита на животната средина, се чини дека е еден од главните инвестициски трендови за 2021 година. Како резултат, капиталот исто така забрзано преминува во оваа инвестициска класа, и покрај фактот дека некои акции се веќе многу скапи. Но, како што видовме кај Tesla, само небото е лимит и пазарите можат да бидат ирационални подолго отколку што може да очекуваат инвеститорите.

Совети за инвеститорите

Балансиран пристап во портфолиото

Можно е во 2021 година, носители на раст на индексот да не бидат најголемите технолошки компании, туку други, помали. Затоа е неопходен балансиран пристап кон инвестициите, а тежината во форма на индивидуални учества може да биде претставена од индустрии кои подобро би ја пребродиле оваа криза и каде проценките не се претерани. Ова главно вклучува здравствена заштита, индустрија и нега, но исто така и повеќе засегнати индустрии со цел да се додаде „зачин“ во портфолиото.  

Информациите за вакцините и ликвидноста од страна на централната банка ќе продолжат да ги обликуваат берзите. На краток рок, технолошките гиганти веројатно достигнаа врв со најавите за можна вакцина, а вниманието е исто така насочено и на другите сегменти на пазарот. На долг рок, акциите на компаниите од областа на технологијата и е – трговијата и работата од дома остануваат сегменти со натпросечен раст, но остануваат скапи, па инвеститорите ќе бидат повнимателни и воздржани. Скапите обврзници и негативните приноси од банкарски производи продолжуваат да ги принудуваат инвеститорите на инвестиции во акции. Поради очекуваните вакцини и позитивниот исход во американската политика, инвестирањето во акции денес е помалку ризично отколку порано.

Остануваме посветени на општата препорака дека е неопходна диверзификација на портфолиото. Препорачливо е да се подели портфолиото во различни класи, помеѓу акции, обврзници или пари. Продолжува ликвидносната поддршка и за обврзници и за акции, а интересот на инвеститорите за акции од технолошкиот сектор ќе продолжи да биде силен. Можностите надвор од технолошкиот сектор се привлечни, особено во сегментите на пазарот кои очекуваат силна промена во деловното опкружување на подобро.

Еден таков сегмент е сè што е поврзано со почиста животна средина и поодржлив начин на живеење. На некои места, силниот скок можеби започна да ја надминува реалноста во работењето на овие компании, но во услови на огромна ликвидност, ова засега не ги загрижува инвеститорите. Најновите деловни резултати во некои „заборавени“ индустрии се охрабрувачки и ако вакцината навистина се појави на пазарот пролетта 2021 година, тогаш динамиката во најпогодените сектори ќе се промени од темел и ротацијата помеѓу индустриите ќе се интензивира.

Трендот на раст на пазарите, исто така, може да продолжи како резултат на очекуваниот стимул, кој ќе биде повеќе насочен кон индустријата, инфраструктурата и еколошкиот живот, а структурата на растот ќе се промени. Можно е во 2021 година, носители на раст на индексот да не бидат најголемите технолошки компании, туку други, помали. Затоа е неопходен балансиран пристап кон инвестициите, а тежината во форма на индивидуални учества може да биде претставена од индустрии кои подобро би ја пребродиле оваа криза и каде проценките не се претерани. Ова главно вклучува здравствена заштита, индустрија и нега, но исто така и повеќе засегнати индустрии со цел да се додаде „зачин“ во портфолиото.  Инвеститорите со долгорочни цели на инвестирање треба да издржат и да продолжат со периодични плаќања, а оние кои би инвестирале поголема сума, истата треба да ја распределат на подолг временски период.

Како инвеститори во овој момент, не смееме да заборавиме на долгорочните трендови и да гледаме премногу во дрвото, бидејќи ќе превидиме што се случува со шумата. Дигитализацијата, автоматизацијата, е – трговијата, работењето од дома, почиста енергија, работењето во согласност со социјалните норми и придржувањето кон таканаречените препораки на ESG се долгорочни трендови. Компаниите и индустриите на кои им е тешко да се прилагодат на ова, ќе станат сè помалку популарни меѓу инвеститорите. Иако флуктуациите во една или друга насока можат да бидат силни, тие сами не треба да нè заведат кога размислуваме како да го структурираме и позиционираме портфолиото за долг период на инвестиција.

Continue Reading
економија14 hours ago

Градежниот бренд Адора и Фондацијата Новак Ѓоковиќ, со партнерска хумана мисија во Србија за подобра иднина на најмладите

економија2 days ago

Онлајн конференција „Бизнис без корупција“ во петок, 22.01

банки2 days ago

“УНИБанка” АД Скопје ќе ја исплати четвртата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници

економија5 days ago

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

интервју5 days ago

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

свет5 days ago

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

економија5 days ago

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

македонија5 days ago

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија

македонија5 days ago

„Алкалоид“ исплати новогодишен надомест од 25.000 денари за своите вработени и донираше 1,2 милиони евра за заедницата во 2020 година

економија5 days ago

Македонската економија на среден и долг рок (2)

интервју5 days ago

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

економија14 hours ago

Градежниот бренд Адора и Фондацијата Новак Ѓоковиќ, со партнерска хумана мисија во Србија за подобра иднина на најмладите

економија7 days ago

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар годинава ќе се одржи во Македонија

економија6 days ago

Неби Хоџа, СКСЗМ: Да се укине данокот на добивка до 2022 година за најпогодените компании од пандемијата

банки2 days ago

“УНИБанка” АД Скопје ќе ја исплати четвртата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници

економија5 days ago

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

свет5 days ago

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

економија2 days ago

Онлајн конференција „Бизнис без корупција“ во петок, 22.01

економија5 days ago

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

македонија5 days ago

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија