Connect with us

менаџмент / маркетинг

Предизвиците за основачите и нивните наследници

Know – how за семејни бизниси

објавено

на

Најчести болки на семејните бизниси: Не се разликуваат поимите управување со сопственоста и оперативно раководење; наследниците не знаат што основачите очекуваат од нив, што треба да научат или направат за да ги пуштат (ако некогаш ги пуштат) да раководат со компаниите; основачите немаат јасна идеја што со себе кога ќе одат “во пензија“; компаниите во голема мера се водат како занаетчиски работилници иако бројат неколку десетици, стотици, па и илјади вработени… Секогаш краткорочните оперативни проблеми или предизвици се со повисок приоритет од долгорочните, а сето ова што го наведовме спаѓа во втората група. “Нема денес да пропаднеме ако не се организираме или не ги дефинираме семејните политики“ е изговорот, па така систематичната работа на овие подготовки се одложува.

Борис Вукиќ е тренер и консултант со повеќе од 25 години искуство во организациски развој и трансформација на компании, особено во делот на семејните бизниси. Партнер е на Adizes South East Europe  и сертифициран сениор Adizes консултант кој што неколку пати има доаѓано  во Скопје, пред сe’ како говорник на конференциите  за семејни бизниси во организација на Clear View BTC. Направивме едно сумирање на разговорот што го имавме со Вукиќ  на една од конференциите во земјава. Тој зборува  за следниве неколку клучни прашања за семејните компании: како вработените да ве прифатат како новиот лидер на компанијата; како да ја уверите претходната генерација дека вашиот лидерски стил кој е различен од нивниот ќе ја води компанијата во успешна насока; како да го добиете признанието од претходната генерација дека сте способни да го водите бизнисот…

Заедничките болки на семејните бизниси во сите држави кај што сум работел како консултант

Многу заеднички болки и проблеми има – не се разликуваат поимите управување со сопственоста и оперативно раководење; наследниците не знаат што основачите очекуваат од нив, што треба да научат или направат за да ги пуштат (ако некогаш ги пуштат) да раководат со компаниите; основачите немаат јасна идеја што со себе кога ќе одат “во пензија“; компаниите во голема мера се водат како занаетчиски работилници иако бројат неколку десетици, стотици, па и илјади вработени…И сите овие болки имаат една иста последица: во само неколку десетици компании од неколку десетици илјади на просторот што некогаш се викаше Југославија транзицијата од првата на втората генерација или подготовката за транзиција е завршена. Оваа подготовка е сериозна работа и подразбира подготовка и на компанијата и на основачите и наследниците и семејствата. Секогаш краткорочните оперативни проблеми или предизвици се со повисок приоритет од долгорочните, а сето ова што го зборуваме спаѓа во втората група. “Нема денес да пропаднеме ако не се организираме или не ги дефинираме семејните политики“ е изговорот, па така систематичната работа на овие подготовки се одложува.

Накратко за  алатките за надминување на најчестите проблеми

Во приватизираните акционерски друштва неретко поранешните директори, а потоа и директори и сопственици се однесуваа како апсолутистички владетели. Диктаторски раководеа на сопствено задоволство, а иако “мазохистички“ ќе звучи, и на задоволство на своите соработници. И сега, ако се појави некој со поинаков, “помек“ стил, може да имаат проблеми. Не можете во 21 век долгорочно успешно на диктаторски начин да водите ниту држави, ниту компании.

Првиот и најтежок чекор е освестувањето на основачите, сопствениците, да се пристапи кон процесот на подготовка. Повеќето од нив не знаат што сè треба да се работи, а овој процес, иако долготраен, не е мистериозен и постојат многу јасни препораки и чекори. На конференциите што се бават со овие прашања ги праќаат наследниците, а потоа не ги ни прашуваат што слушнале таму. Не можам трезен да ги замислам како на Google сурфаат барајќи одговор на “како да ме наследи моето дете во семејната компанија“, а ниту пијан како куцкаат “како моето дете подобро да управува и раководи со фирмата што јас ја направив“. Не може втората генерација да го покренува процесот на подготовка, ниту да го прави.

Големите создатели на компаниите и на децата се “причини за проблемот“ и кај нив се решенијата. Кога тие ќе одлучат сериозно да му пристапат на проблемот сè е полесно. Не реков дека е лесно, но праксата покажа дека кога ќе почне да се разговара, договара и запишува тоа што е договорено, тогаш и ќе се најде решение. Постои рецепт што е прилагоден и на нашево поднебје и на степенот на развој на семејните компании кај нас. По десет години искуство со ваков тип компании мислам дека треба да се оди во два правци: првиот е професионализација на компаниите и нивно преоѓање од претприемачки кон менаџерски начин на водење.

Вториот правец го нарекувам “Еден лист хартија“. Тоа претставува ембрион на нешто што еден ден ќе се вика “Семејни политики“, а потоа и “Семеен устав“. “Еден лист хартија“ е првиот лист на патот кон следните во коишто ќе се наоѓаат деталниот план на наследување, вработување, наградување и директни наследници и нивни сопружници, распределба на дивиденда, продавање на удели… Сето ова е природен начин на настанување на овие документи и овие тела во земјите во коишто дури сега настануваа семејни компании.

Уште некоја специфика  во земјите од регионов,  во коишто дури сега, настануваат семејни компании

Оваа специфика е врзана  за оние што ги водат тие држави и живеат во нив, т.е. за владите, политичарите, јавното мислење…Тие не разбираат и не се свесни дека семејните компании колку што се поголеми толку помалку егзистенцијално им требаат на основачите и семејството, а сè повеќе на оние што во тие компании работат, како и на државата и општеството. Чија грижа е она  што се случуваше во хрватски Агрокор, на пример? На семејството Тодориќ најмалку, никој од нив не е ниту гладен, ниту бос до крајот на светот. Агрокор дури не е грижа ниту на една држава, туку три, четири… Во многу места од ова што го нарекуваме регион, постои некој мал Агрокор и некои помали Тодориќи. Своевремено  бев на една конференција на Малта на ниво на ЕУ, каде што се зборуваше за искуствата во областа на бизнис трансферите.

Во оваа транзиција на управувањето многу здрави и успешни европски компании можат силно да ја разнишаат својата пазарна позиција  и опстанок, а тоа значи губење на работни места. Свесен за сето ова, министерот за економија на Малта не само што го отвори собирот, туку и цело време учествуваше во работата за да ги слушне искуствата и види како државата може од правна, финансиска и даночна страна да го поддржи целиот процес. Кај нас ниту политичарите, ниту јавноста не ја разбираат важноста на оваа тема. За нив сите основачи се тајкуни, сите наследници се разгалени дечишта што јаде со златни лажици.

Каде има поголеми шанси за успех?

Акционерски друштва настанати во транзицијата со приватизација,  прават смена на генерациите,  и кај добар дел од нив се забележува дека наследниците во менаџментот – многу често децата на старите директори/сопственици  – не продолжуваат  успешно по стапките на родителите.  Каде има шанси за поголем успех: во овие компании или во семејните бизниси настанати на класичен претприемачки начин во почетокот на 90-те и развивани со поинаква корпоративна култура?  

Немаме сè уште доволно случаи на транзиција од првата на втора генерација ниту во таквите акционерски друштва, ниту пак во “природно“ настанатите семејни компании за да донесеме заклучок и правиме споредби. Сметам  дека и акционерските друштва што настанаа со приватизацијата денес се практично семејни компании. Нивните сопственици или ко – сопственици во голема мера се најчесто поранешни директори што имале инсајдерски информации, го познаваат пазарот и бизнисот и не мислат дека тука има нешто лошо што станале “газди“. Сметам дека предуслов за некого да нарекуваме основач не е дека вложил само пари, туку се вложил и себеси во таа компанија. И тие луѓе што со години се однесуваа кон компаниите како да се нивни, во најпозитивна смисла, со купувањето акции станаа нивни сопственици. Од една страна мислам дека поголема е шансата овие, акционерските, компании да го продолжат својот живот одошто другиве што настанале на класичен претприемачки начин. Ова очекување го базирам на претпоставката дека тие се наоѓаат на повисоко ниво на организираност, уреденост на системите, дека се менаџерски пописмени.

А, подготвен, менаџерски едуциран “наследник“ би требало да има помалку проблеми во преземањето на лидерството во тие компании. Од друга страна, прашање е на корпоративната култура. Во приватизираните акционерски друштва неретко поранешните директори, а потоа и директори и сопственици се однесуваа како апсолутистички владетели. Диктаторски раководеа на сопствено задоволство, а иако “мазохистички“ ќе звучи, и на задоволство на своите соработници. И сега, ако се појави некој со поинаков, “помек“ стил, може да имаат проблеми. Не можете во 21 век долгорочно успешно на диктаторски начин да водите ниту држави, ниту компании.
Овде  всушност зборувам за поинаков начин на водење на компаниите од страна на втората генерација. Го сфаќаат ли тоа наследниците?

Некои да, а некои богами не. За некои млади луѓе, инаку многу отворени за учење, за совет, прилично се изненадив кога видов како се однесуваат кон соработниците. Малку имитирајќи ги своите родители, а малку и од страв случајно некој соработник да не види оти тие нешто не знаат, ја подигаат бариерата кон својот тим. Но добро, тоа е данок на неискуството и младоста, ќе научат.

Кога е вистинското време основачот/менаџер на семејната компанија да ангажира професионални менаџери?

На два проблеми околу професионалните менаџери обрнувам внимание. Првиот е врзан за тоа како основачите го замислуваат професионалниот менаџер. Обично основачите бараат такви што знаат сè што знае и основачот, а истовремено она што основачот не го знае. Таков не постои, или ако постои, има веќе своја фирма. Друг проблем со професионалниот менаџер е заблудата околу очекувањата од истиот. Заблуда е дека тој може да го води процесот на професионализација на компанијата (тој процес некои го нарекуваат и корпоратизација). А, што за тоа време работи основачот? Па, како голем претприемач, а менаџерски неук,  го руши истиот тој процес. За време на професионализацијата потребно е менаџерско описменување и на компаниите и на менаџерите. Професионалните менаџери можат и треба да го поддржат процесот на професионализација, но не можат да го водат.

Но, што ако наследниците во семејството имаат сосема поинакви афинитети во животот наместо бизнис. Што во тој случај е најдобро за основачот за да не згасне компанијата по неговото заминување?

Кога реков дека од основачите зависат сите четири подготовки (на компанијата, на наследниците, на самите основачи и на семејството) не појаснив до крај дека еден од овие процеси не зависи во целост од основачите, а тоа е подготовката на наследниците. Ова е многу важно. Тие млади луѓе имаат право на свој живот и избор што ќе прават во него. Без оглед што ова што го зборувам звучи многу логично, па така и  изјавата  “Секако дека ги пуштив самите да изберат што ќе прават“ е општествено прифатлива, вистината во голем број случаи е поинаква. Ако наследниците имаат други интереси мора да се раздвои сопственоста над компанијата и раководењето во истата.

Ако не сака или не знае да работи во семејната компанија, тоа не значи дека не може да биде сопственик на истата. Некои луѓе имаат неколку куќи, но не можат во сите да живеат. Тие се сопственици, се грижат за тоа куќата да е убава, на цврсти темели, и да земаат рента од неа. Така е и со семејните компании и тука на значење добива нивната професионализација што ја нареков подготовка на компанијата. Со такви фирми може да раководат професионални менаџери, а наследниците да бидат сопственици.

Најбитните  работи при изборот на професионален менаџер

Три работи се клучни: неговите знаења и стил да се комплементарни со оние на основачот, т.е. да се надополнуваат. Потоа, да имаат ист систем на вредности, што би рекол еден мој пријател, ако е основачот “експлоататор“  таков треба да е и професионалниот менаџер, ако е пак “коректен работодавец“, мора и новиот близок соработник да биде таков. Трета битна работа е професионалниот менаџер да доаѓа од компанија што е на повисок степен на организациски развој одошто е семејната, но не на многу повисок, затоа што може да доживее културолошки шок и или да побегне самиот набрзо, или пак да му “помогнат“ да побегне.

Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

економија2 дена ago

Поддршка за големите извозници: гаранција од Гарантен фонд до 50% од износот на кредитот за извоз преку Развојна банка

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

македонија4 дена ago

Македонија 60-та во свет од 110 држави рангирани според дигитален квалитет на животот

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија6 дена ago

Мукаетов: Ќе продолжиме посветено да работиме на глобализација на брендот Алкалоид

македонија4 дена ago

Бесник Исаки од БЕ-ДА Логистик ја доби наградата Business Elite „40 under 40“

политика6 дена ago

Брима – Галуп: Ако денеска се одржат локалните избори, СДСМ би освоил 19,8%, а ВМРО-ДПМНЕ 17,7% од гласовите

македонија6 дена ago

„Алкалоид“ има инвестирано 200 милиони евра во последниве 15 години

македонија5 дена ago

Промовиран East Gate Living, продажбата на станови започна

економија3 дена ago

Адора инженеринг ја купи на лицитација Топлификација за 9,3 милиони евра

start up6 дена ago

Соработка за развој на стартап заедницата: партнерство на Македонски Телеком и Стартап Македонија

македонија5 дена ago

„Алкалоид“ го одбележа 85 – годишниот јубилеј со изложба и донација за Детската клиника

македонија5 дена ago

Дијаманти за дијамантите на филмската уметност

банки5 дена ago

Годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и од 6,4% на кредитната поддршка