Connect with us

свет

Предлог на акција за оваа недела: белгиската финансиска групација KBC Group

објавено

на

Акцијата се наоѓа во нагорен тренд на сите временски рамки. Ќе направиме повеќе временска анализа на акцијата и ќе забележиме дека на сите временски рамки акцијата се наоѓа на силна линија на отпор околу 70 и нејзин пробив нагоре проследен со доволно голем обем на тргување е нашиот сигнал за купување.

Автор:
Снежана Поповска, сертифициран технички аналитичар, Инвест Поинт

KBC Group NV е холдинг компанија со седиште во Белгија, која работи во банкарскиот, осигурителниот и секторот за управување со средства. Активностите на компанијата се поделени на неколку групи, како што се: население и приватно банкарство, осигурување и управување со средства во Белгија и Централна и Источна Европа.

Акцијата се наоѓа во нагорен тренд на сите временски рамки. Ќе направиме повеќе временска анализа на акцијата и ќе забележиме дека на сите временски рамки акцијата се наоѓа на силна линија на отпор околу 70 и нејзин пробив нагоре проследен со доволно голем обем на тргување е нашиот сигнал за купување.

Ќе започнеме со неделниот графикон. На неделниот графикон имаме позитивно читање, односно акцијата е “bullish” и тоа што сакаме да видиме е пробив над линијата на отпор означена со виолетова боја.

На дневниот графикон имаме иста слика. Позитивен и нагорен тренд. Клучно ниво кое треба да го следиме е пробив а 70 и прво ниво кое очекуваме да го достигне во наредните неколку недели е цена 90.

На едночасовната рамка, може да забележиме дека акцијата денес отвори и се тргува повисоко, односно над 70. Очекуваме денес да затвори над цената на отворање и да ни даде конфирмација за повисока цена.

Дополнително, ќе дадеме краток осврт на нашите предлози во изминатиот период. Нашата позиција останува непроменета за купување и поседување на акциите од компаниите AX Food, Procredit Holding, Royal Caribbean Cruises, Nucor и Orlen SA.

Кај златото, нашиот прв таргет се достигна. Долгорочниот нагорен тренд останува непроменет и очекуваме уште повисоки цени. На краток рок, во наредните неколку дена имаме надолен тренд и очекуваме корекција да продолжи.. На графиконот се прикажани клучните нивоа кои треба да ги следиме. Пробив под сината линија, ќе ни даде сигнал за уште пониски цени и веројатност цената на златото да падне до 2170. 

Кај среброто имаме иста слика. Нашиот прв таргет е постигнат. Долгорочниот тренд е сѐ уште позитивен и очекуваме да продолжи. На краток рок, во наредните неколку дена корекцијата ќе продолжи и очекуваме пониски цени. Прво ниво кое го очекуваме да го достигне сребрениот метал е 25,7.

За крај, ќе ја погледнеме акцијата на Apple. Нашата анализа од пред 2 месеци со препорака за продавање на акцијата останува сѐ уште непроменета и цената продолжува да се тргува пониско во насока на нашиот таргет 150. На неделниот графикон во прилог, можеме да забележиме дека минатата недела, цената затвори пониско,  ја проби линијата на поддршка и направи ново пониско дно во последните 12 месеци. Во наредните неколку дена може да очекуваме цената да се придвижи нагоре пред да го продолжи својот надолен тренд кон нашиот таргет.

Напомена: Текстот, графиконите и анализата презентирани од страната на авторот се само за едукативни цели. Дадените информации не треба да се толкуваат на кој било начин како препорака за купување или продавање на кој било финансиски инструмент. Секогаш треба да се консултирате со вашиот лиценциран инвестиционен советник и/или личен банкар за да ја утврдите соодветната инвестиција според вашата финансиска состојба.

економија5 часа ago

Утре се одржува конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

македонија4 дена ago

Цените на становите допрва уште ќе растат, побарувачката не стивнува, а трошоците се зголемени: заклучоци од втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

економија4 дена ago

Со АмЧам на тема: Предизвици во спроведувањето на заштита на правата на интелектуална сопственост

македонија5 дена ago

30 години дански конзулат и орден Витез од прва класа на Редот на данското знаме за Живко Мукаетов

македонија5 дена ago

Почна втората Конференција за комерцијални недвижности во Скопје

македонија6 дена ago

Новото електрично возило на Грин Машинс на Брако претставено во Минхен

економија6 дена ago

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодишната Конференција за недвижности

регион6 дена ago

Италијанската мафија се реформира: рекетот и убиствата не се повеќе во мода, сега е поисплатлив финансискиот криминал

свет6 дена ago

Бајден ги крена царините на кинеските електрични возила на 100%

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

регион6 дена ago

Бејби Лазања ќе донесе едно чудо Скандинавци во Хрватска годинава

македонија6 дена ago

Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија

македонија6 дена ago

Зелена иднина за секое дете

економија6 дена ago

Македонците лани потрошиле 200 милиони евра за онлајн купување од странски е-трговци: најмногу пари потрошиле кај Wizzair и Booking, а најчесто купувале од Amazon и AliExpress