Connect with us

банки

Презентирани уште два труда на млади научници

Народната банка во прилагодени на пандемијата услови продолжи со сесиите на Клубот на истражувачи

објавено

на

На сесијата беа презентирани трудовите „Меѓусебното дејство на условната плата и траењето на невработеноста: емпириски докази од Јордан, Србија, Црна Гора, Украина и Молдавија за 2015 година“, од Тереза Кочовска и „Унапредување на процесот на кредитна анализа кај банките преку употреба на методи од машинско учење“, од Ален Калач. Инаку, и двајцата автори се добитници на Годишната награда на Народната банка – Кочовска за минатата, а Калач за оваа година.

На 17 октомври се одржа 36. сесија на Клубот на истражувачите формиран од Народната банка. Заради условите со пандемијата на ковид-19, сесијата се одржа видеотелеконференциски, со што се овозможи на неа да учествуваат поголем број учесници.

„Како централна банка имаме зацртано и мисија за поддршка на научно -истражувачката активност во сферата на макроекономијата и банкарството. Драго ми е што и во актуелните услови на пандемијата, оваа мисија не запре и што и покрај ограничувањето на физичките контакти и воопшто покрај предизвиците од корона – кризата, наоѓаме начини да ги поддржиме развојот на научната мисла и стручната дебата. Особено ми е драго што и преку оваа сесија се овозможува простор за младите истражувачи.“,  истакна меѓу другото гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска – Бежоска, во своето поздравно обраќање со коешто го отвори е – настанот.

На сесијата беа презентирани трудовите „Меѓусебното дејство на условната плата и траењето на невработеноста: емпириски докази од Јордан, Србија, Црна Гора, Украина и Молдавија за 2015 година“, од Тереза Кочовска и „Унапредување на процесот на кредитна анализа кај банките преку употреба на методи од машинско учење“, од Ален Калач. Инаку, и двајцата автори се добитници на Годишната награда на Народната банка – Кочовска за минатата, а Калач за оваа година.

Резултатите од својот труд коишто ги презентираше Тереза Кочовска на сесијата, укажуваат на тоа дека меѓусебното дејство на условната плата и траењето на невработеноста е контрациклично, односно дека зголемувањето на траењето на невработеноста ја намалува најниско прифатливата (условната) плата.

Најниско прифатливата плата и невработеноста

Во трудот на Кочовска се оценуваат детерминантите на најниската прифатлива (условна) плата, особено нејзината поврзаност со траењето на невработеноста. Резултатите коишто ги презентира на сесијата, укажуваат на тоа дека меѓусебното дејство на условната плата и траењето на невработеноста е контрациклично, односно дека зголемувањето на траењето на невработеноста ја намалува најниско прифатливата (условната) плата. Според заклучоците до коишто доаѓа Кочовска, младите кои живеат во семејства коишто се приматели на други извори на приход и дознаки имаат пониски условни плати, додека младите коишто доаѓаат од семејства со подобра финансиска состојба или се приматели на државна парична поддршка имаат повисоки условни плати. Резултатите од истражувачкиот труд упатуваат кон теза дека младите коишто се во брак и имаат деца, како и младите коишто се со повисок степен на образование имаат повисока условна плата.

Инаку, овој труд на Кочовска се надоврзува на нејзиниот труд „Меѓусебното дејство на условната (најниско прифатливата) плата и траењето на невработеноста: Емпириски докази од Македонија“, за којшто минатата година ја доби Годишната награда на Народната банка. Со тоа се потврдува сферата на нејзино стручно интересирање во овој период.

Одредување на кредитниот ризик со помош на вештачка интелигенција

За презентираниот труд „Унапредување на процесот на кредитна анализа кај банките преку употреба на методи од машинско учење“, Ален Калач ја доби Годишната награда на Народната банка за оваа година. Станува збор за труд што се одликува со актуелност, како и со релативно висока апликативна примена во контекст на секојдневните кредитни активности на банките. Поконкретно, Калач го истражува прашањето за прецизна оцена на кредитниот ризик преку примена на методи од вештачката интелигенција, односно машинското учење. Преку тестирање и споредување на перформансите на повеќе методи и модели, авторот дава конкретни заклучоци во поглед на користењето и прецизноста на секој од нив, како и конкретни препораки за нивна примена во рамки на процесите на кредитна анализа и оценување од страна на домашните банки.

Во рамки на сесијата, меѓу учесниците се водеше и дискусија за повеќе прашања поврзани со темите на двата труда, како и со тезите и заклучоците на Кочовска и Калач. Учесниците искажаа задоволство што и покрај условите во текот на пандемијата на ковид-19, Клубот на истражувачите продолжува со своите активности, како отворена платформа за презентација и дискусија на научно – истражувачки трудови.

Следната сесија на Клубот на истражувачите ќе се одржи во декември.

Continue Reading
менаџмент / маркетинг24 часа ago

10 КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ КОИ МОРА ДА ГИ ВЛАДЕЕ СЕКОЈ БИЗНИСМЕН

менаџмент / маркетинг24 часа ago

ДЕЛЕГИРАЊЕ – КАКО ДА СЕ РЕШИТЕ ОД СТРАВОТ НА ГУБЕЊЕ МОЌ И КОНТРОЛА?

менаџмент / маркетинг1 ден ago

Дру Хјустон: Не секирајте се за неуспехот; само еднаш треба да ја погодите работава.

технологии / компании1 ден ago

Пандемијата го зголеми онлајн купувањето – кој доби, кој загуби и што повеќе нема да биде исто?

економија1 ден ago

ММФ: Справувањето со здравствената криза е клучно за заштита на економијата

економија1 ден ago

Намалување на енергетската зависност од еден извор и транзиција кон чистата енергија се клучните определби за Македонија

интервју1 ден ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

економија1 ден ago

Планирана е вкупна инвестиција од 50 милиони евра за 5 години

економија1 ден ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок

свет1 ден ago

Берзите продолжуваат да растат бавно

македонија6 дена ago

„Брако“ го создаде првото возило за чистење улици на водороден погон во Европа

македонија5 дена ago

Амбасадорката Брнс на МЕФ: САД ќе ѝ помогне на Северна Македонија да изгради посилен и понезависен енергетски сектор

македонија2 дена ago

Зоран Заев: Нашата држава почива на делата на антифашизмот чиј резултат е нашата слобода!

економија3 дена ago

Почна третата Годишна конференција за е-трговија

банки4 дена ago

Комерцијална банка донираше лаптопи на ученици од 14 општини

македонија5 дена ago

Директорката на МЕПСО, Шуклева: Во инвестициски циклус сме од 163 милиони евра

економија4 дена ago

„Брзи” и „евтини” кредити за скапа и отежната реализација на капитални проекти

интервју1 ден ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

банки2 дена ago

Доделени наградите од наградната игра „Шпаркирај нов автомобил!“

економија1 ден ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок