Connect with us

економија

Преку примери претставени еколошките и одржливите стандарди на комплексот „Гранд Скопје“ на Конференцијата за комерцијални недвижности

објавено

на

Леонид Антиќ, член на управниот одбор на „Гранд Скопје“ визијата за „Новото обележје на градот“ и неговото влијание врз урбанистичкиот развој ги претстави пред големиот број на професионалци и експерти од сферата на недвижностите на Конференција за комерцијални недвижности што се одржа во Скопје.

Во рамки на првата фаза од реализацијата на комплексот „Гранд Скопје“ веќе се постигнати 35% зелена површина што е над законскиот минимум од 20% по градежна парцела. Ова е потврда дека при планирањето и изведувањето,„ Гранд Скопје“ ги запазува највисоките стандарди, не само за градба туку и за хумано живеење во урбаните средини.

Ова го истакна Леонид Антиќ, член на управниот одбор на „Гранд Скопје“ кој визијата за „Новото обележје на градот“ и неговото влијание врз урбанистичкиот развој го претстави пред големиот број на професионалци и експерти од сферата на недвижностите на Конференција за комерцијални недвижности што се одржа во Скопје.

„Во проектот се вклучени сериозни интернационални институции како на пример Европската банка за развој како и Националната банка на Грција којашто е наш партнер во изработката на нивната нова централа на Стопанска Банка АД – Скопје во рамки на „Гранд Скопје“. Овие институции многу сериозно ги сфаќаат целите ESG (Environmental, social and governance/екологија, социјалa и управување), многу сериозно ги сфаќаат еко-иницијативите и многу сериозно се придржуваат до нивното исполнување“, истакна Антиќ на панел-дискусијата „Урбанизам и урбанистичко планирање“.

Антиќ го презентираше урбаниот парк кој на површина од 7.500 м2 во рамки на комплексот Гранд Скопје ќе понуди бројни содржини за рекреација и релаксација, не само за луѓето што ќе живеат таму туку и за целиот град.

Паркот, додаде Антиќ е донација на „Гранд Скопје“ и одличен пример за успешна соработка помеѓу инвеститорот, Општина Центар и Град Скопје.

„Во интензивна соработка со нашите колеги од општината и од градот, мислам на урбанистите, макотрпно работевме на целиот проект за да биде оптимално усогласен со параметрите на оваа градска четврт“, рече Антиќ.

Како што појасни Антиќ, „Гранд Скопје“ е прв проект кој прави обештетување на граѓани, жителите на Ново маало, за да направи пренамена на приватно земјиште и да реализира парк.

Заштитата на животната средина и почитување на еколошките стандарди се одлика и на планирањето и реализацијата на административно-деловниот објект на Стопанска банка АД – Скопје. Овој проект е во процес на сертифицирање со престижниот LEED (Leadership in Energy and Environmental Design/Лидерство во енергетски и еколошки дизајн) сертификат кој e водечки во одржливото планирање и архитектура.

„Самиот процес за LEED сертификација е многу обемен, голем и сложен.

Интересен е фактот дека кога проектот Гранд Скопје беше проектиран не бевме воопшто започнати со таа фаза и откако започнавме со градбата анализите покажуваат дека ние веќе ги исполнуваме тие стандарди“, истакна архитектот Илија Божиновски, директор на МГ Фешн на панел-дискусијата „Бизнис згради“ во рамки на Конференцијата.

Божиновски додаде дека овој начин на планирање и градба го позиционира „Гранд Скопје“ како лидер во регионот.

Конференцијата за комерцијални недвижности Скопје се одржува втора година по ред во организација на „Фортонмка“. „Гранд Скопје“ беше Prime Sponsor на овогодинешното издание на Конференцијата.

банки2 дена ago

Со голем настан Македонската шаховска федерација ќе одбележи еден век постоење на Светската шаховска федерација ФИДЕ

македонија5 дена ago

Комерцијална банка со поддршка за македонскиот фудбал и во наредните три години

банки5 дена ago

Прокредит банка со нова модерна филијала во Гостивар

македонија5 дена ago

Донаторскиот кружок на КОНЕКТ по 5-ти пат покажа филантропија на дело: Собрани еден милион денари здружени донации за влијателни иницијативи

банки6 дена ago

ПроКредит е единствена банка во Македонија оценувана од Fitch Ratings

банки7 дена ago

Нова зелена бизнис кредитна линија на ПроКредит Банка и ЕБОР со поврат на средства до 10% за инвестиции во одржливи решенија

македонија1 недела ago

Приближувајќи се кон првата декада со бројни успеси – 8 години ги зајакнуваме носечките столбови на уникатното хотелско угостителство во Скопје Мериот Хотел

менаџмент / маркетинг2 недели ago

Како да се водат состаноци: не мора да се долги, мачни и здодевни, може и поинаку

регион2 недели ago

Во Хрватска платите растат двојно побрзо одошто просекот на ЕУ: работодавците бараат покачувањата да се врзат со продуктивноста

свет2 недели ago

Како турнејата на Тејлор Свифт може да ја поправи економската слика на Европската унија

македонија1 недела ago

Приближувајќи се кон првата декада со бројни успеси – 8 години ги зајакнуваме носечките столбови на уникатното хотелско угостителство во Скопје Мериот Хотел

банки7 дена ago

Нова зелена бизнис кредитна линија на ПроКредит Банка и ЕБОР со поврат на средства до 10% за инвестиции во одржливи решенија

македонија5 дена ago

Донаторскиот кружок на КОНЕКТ по 5-ти пат покажа филантропија на дело: Собрани еден милион денари здружени донации за влијателни иницијативи

банки6 дена ago

ПроКредит е единствена банка во Македонија оценувана од Fitch Ratings

банки5 дена ago

Прокредит банка со нова модерна филијала во Гостивар

банки2 дена ago

Со голем настан Македонската шаховска федерација ќе одбележи еден век постоење на Светската шаховска федерација ФИДЕ

македонија5 дена ago

Комерцијална банка со поддршка за македонскиот фудбал и во наредните три години