Connect with us

свет

Преку 300 западни компании ја напуштија Русија досега

објавено

на

Некои брендови, како Apple, ги затвориле сите продавници во Русија, други, како DHL и eBay ги прекинале испораките на пратки до земјата, нафтениот гигант Exxon го прекинал партнерството со Роснефт, додека Hyundai престанал со производство на автомобили во тамошните фабрики.


Откако почна инвазијата на Путин врз Украина, преку 300 меѓународни компании објавија дека се повлекуваат од рускиот пазар,  според податоците на Школата за менаџмент при Јејл универзитетот во САД, којашто секојдневно ги следи активностите на западните бизниси присутни на рускиот пазар и ја ажурира листата. Некои брендови, како Apple, ги затвориле сите продавници во Русија, други, како DHL и eBay ги прекинале испораките на пратки до земјата, нафтениот гигант Exxon го прекинал партнерството со Роснефт, додека Hyundai престанал со производство на автомобили во тамошните фабрики.

На листата од овие 300 компании што на некаков начин ги прекинале операциите во Русија се познати светски брендови од речиси сите бизнис сектори, меѓу кои и American Express, Amazon, Bloomberg, Disney, Ford, Heineken, Microsoft, Nike, Oracle, Panasonic и многу други.

Јејл ги следи и компаниите што досега не престанале со своите операции во Русија, изложувајќи ги на тој начин на јавна критика, по што и некои од нив потоа објавуваат дека ја бојкотираат Русија. Со секој нов ден се’ помал е списокот на западни фирми што се’ уште имаат бизнис операции во Русија. До овој момент меѓу тие што се’ уште работат во Русија од попознатите брендови се Citibank, Marriott, Dunkin Donuts, Pirelli, Burger King, итн.

македонија6 часа ago

Десет проекти на Publicis Groupe Skopje беа наградени за најдобри маркетинг кампањи во Адриатик регионот

економија2 дена ago

Триглав Осигурување со нов производ за осигурување на дом, Мој дом

македонија4 дена ago

Случајот Анѓушев против Цветковска од ИРЛ повторно на суд

банки6 дена ago

УНИБанка успешно го одржа третиот тениски турнир „UNIBank Invitational 2023“

економија1 недела ago

Фероинвест/Централинвест изгради биогасна електрана

банки1 недела ago

ПроКредит холдингот со зголемен профит во првиот квартал

економија1 недела ago

Мукаетов за српски “Профит“: Глобализацијата на брендот „Алкалоид“ останува наш фокус

банки2 недели ago

„#ПроВозиСе со ПроКредит и Mastercard” и добиј нов градски велосипед

економија2 недели ago

Возилата на „Брако“ ќе го чистат Крит

македонија2 недели ago

Прогресив – единствена акредитирана академија за извршни менаџери во Македонија