Connect with us

македонија

Преку 300 илјади граѓани имаат животно осигурување, вложиле 37 милиони евра

Раст на пазарот од 14% во 2022

објавено

на

Бројот на осигуреници кои имаат животно осигурување заклучно со третиот квартал во 2022 година  пораснал за речиси 55.000 односно 22,5 отсто за период од една година. Прелиминарните податоци за цела 2022 година покажуваат бруто полисирана премија од 37 милиони евра, што е за речиси 14% повеќе во однос на претходната година.

Вкупно 297.559 граѓани го осигуриле животот заклучно со крајот на септември
2022 година. Во осигурување живот за овој период се вложени 1,56 милијарди
денари (25,4 милиони евра), покажуваат податоците кои петте компании за
осигурување живот ги доставија до Агенцијата за супервизија на осигурувањето
(АСО). Прелиминарните податоци за цела 2022 година покажуваат бруто полисирана премија од 37 милиони евра, што е за речиси 14% повеќе во однос на претходната година. Ова значи дека за цела 2022 преку 300 илјади граѓани веќе ќе имаат некаква полиса за животно осигурување, што е рекордна бројка за македонскиот пазар.

Бројот на осигуреници кои имаат животно осигурување заклучно со третиот
квартал во 2022 година  пораснал за речиси 55.000 односно 22,5 отсто за период од една година.

Ризико-осигурувањето со најголем раст поради врзувањето со банкарските кредити

Официјалните податоци на компаниите за осигурување живот покажуваат дека
најголем раст на продажбата има осигурителниот продукт популарно познат како ризико осигурување. Со него во случај на смрт се исплаќа осигурена сума на член на семејството, сопружник или друг корисник на осигурувањето. Но доколку не се случи ризикот до истек на договорот за осигурување сите вложени средства ги задржува осигурителната компанија која го презела ризикот да исплати средства во случај на смрт на осигуреното лице. Овој осигурителен производ се врзува како обезбедување за банкарски кредити на населението и тоа е причината за интензивниот раст на овој производ, објаснуваат од АСО.

„Ризико осигурувањето е општествено полезно и корисно и тоа од три страни. Прво, од социјален аспект, кој овозможува во случај на смрт на корисникот на кредит да нема финансиски товар за неговото семејство затоа што кредитот или дел од него го покрива осигурувањето. Второ, добро е за финансиската кондиција на банките затоа што имаат покритие за кредитите обезбедени со ризико осигурувањето. Трето,  добро е и за осигурителните компании кои продаваат ризико осигурување затоа што се зголемуваат нивните фондови за исплата на овој производ.“, објаснува претседателот на Советот на експерти на АСО, д-р Крсте Шајноски.

Што се однесува до класичното осигурување со штедна компонента очигледно е дека постои тенденција осигурениците во последно време да повеќе да го преферираат – јунит линкд (unit linked) осигурувањето. Ова веројатно се должи на фактот што во услови на ниски каматни стапки изминативе неколку години значително се намалија гарантираните добивки за осигурениците вклучени во осигурените суми, со што овие производи со штедна компонента станаа помалку атрактивни, вели првиот човек на АСО.

Расте популарноста на јунит-линкд осигурувањето

И двата осигурителни производи нудат осигурување живот и нудат оплодување на вложените средства. Разликата е во тоа што класичното осигурување на живот во случај на доживување на истек на полисата нуди гарантиран принос вклучен во договорената осигурена сума додека пак кај јунит линкд осигурувањето осигурителната компанија не му гарантира на осигуреникот принос, туку осигуреникот го носи ризикот дали ќе оствари принос или загуба на вложените средства. Овој ризик кој го носи осигуреникот,  а не осигурителната компанија зависи од движењата на берзанските цени на инструментите во кои инвестицискиот фонд кој го одбрал осигуреникот ги вложува средствата на осигуреникот.

„Токму заради зголемување на транспарентноста за ризиците поврзани со овие производи ние од АСО како регулатори на пазарот усвоивме Правилник кој ги задолжува осигурителните компании квалитетно да го информираат секој потенцијален осигуреник пред да вложи во јунит-линкд осигурување. Што се однесува до изборот на осигурување со штедна компонента или јунит-линкд осигурување тоа е право на избор на секој осигуреник. А секој од нив избира според афинитетите и сопствените уверувања. “

Ризико осигурување на крај на септември 2022 година имале над 237.000 лица
што е за 52 отсто повеќе во споредба со истиот период претходната година.

Што се однесува до класичното осигурување со штедна компонента очигледно е дека постои тенденција осигурениците во последно време да повеќе да го преферираат – јунит линкд (unit linked) осигурувањето. Ова веројатно се должи на фактот што во услови на ниски каматни стапки изминативе неколку години значително се намалија гарантираните добивки за осигурениците вклучени во осигурените суми, со што овие производи со штедна компонента станаа помалку атрактивни.

Ниските приноси доведоа до пад на животното осигурување со штедна компонента

Од сите договори за осигурување живот над 48.300 се со штедна компонента .
Овој продукт овозможува осигуреникот по истек на договорот за осигурување да ги добие вложените средства со камата. Уплатите на осигурениците кои го имаат овој тип на осигурување се вложуваат во банкарски депозити во државни
обврзници или други безризични финансиски инструменти. Продажбата на овој
осигурителен продукт бележи благ пад од 4 отсто во споредба со претходната
година. Вкупно за овој период во овој тип на осигурување граѓаните вложиле 828,1 милиони денари (13,3 милиони евра)

За првите девет месеци лани во јунит-линкд осигурителниот продукт  11.800 граѓани вложиле 318,8 милиони денари (5,2 милиони евра).

Во продажбата на животното осигурување на домашниот пазар учествуваат пет компании. Лидер на крајот на 2022 година е Кроација живот со 31,6%, според прелиминарните податоци на АСО, пред Граве со 22,1%, Винер живот со 17,6%, Триглав живот со 16,1% и Уника живот со 12,5% пазарно учество во делот на уплатените БПП.

Компаниите за осигурување живот во  2022 година  исплатиле вкупно 705,3  милиони денари (11,4  милиони евра) на своите осигуреници по основ на доживување, раскинати договори или ако осигуреник починал.

Петте друштва за осигурување на живот имаат силно влијание на одржување на финансиската стабилност на осигурителниот пазар, истакнуваат од АСО. Вкупната актива на овие компании на крај на трет квартал лани изнесува 11 милијарди денари (179,6 милиони евра) што претставува 36 отсто од вкупната актива на сите 16 осигурителни компании.

АСО во рамки на своите надлежности се грижи да обезбеди проверка на
усогласеноста на применетите деловни политики на вреднување на обврските,
како и видовите на вложувања и вреднувањето на средствата на друштвата за
осигурување. Друштвата за осигурување се усогласени со овие законски барања, во континуитет.

Средствата од техничките резерви и од капиталот на друштвата за осигурување на живот се вложени во сигурни пласмани, со многу низок ризик од загуби, и со солидни приноси.

Друштвата за осигурување на живот се солидно капитализирани, средствата од
капиталот се од најквалитетни категории на извори на основен капитал,
овозможувајќи им добра заштита од неизвесности и неочекувани ризици по
континуитетот во работењето.

банки9 часа ago

Комерцијална банка прогласена од Global Finance за врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

македонија1 ден ago

Кочо Анѓушев се сретна со специјалниот британски претставник за трговија, Мартин Викерс

менаџмент / маркетинг5 дена ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

свет5 дена ago

Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија

економија5 дена ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

регион5 дена ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

македонија5 дена ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

македонија5 дена ago

Што научивме од првата конференција за недвижности во Македонија: Проектите не запираат, доаѓа време на retail парковите, а ESG станува задолжително

македонија5 дена ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

македонија5 дена ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

македонија1 недела ago

Случајот Анѓушев против Цветковска од ИРЛ повторно на суд

економија1 недела ago

Триглав Осигурување со нов производ за осигурување на дом, Мој дом

македонија5 дена ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

македонија5 дена ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

економија5 дена ago

Од отпадот од фармите ќе се добива струја, топлина и органско ѓубре за земјоделството

македонија5 дена ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

регион5 дена ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

менаџмент / маркетинг5 дена ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

свет5 дена ago

Избегната ли е „мајката на сите кризи“?

банки5 дена ago

Дигитализација: До каде се македонските банки? Процесот е започнат и нема назад