Connect with us

македонија

Преодна оценка за виртуелните училници додека не заѕвонат училиштата

Пандемијата ја тргната завесата и ги откри сите проблеми во образованието

објавено

на

Наместо звукот на училишното ѕвонче кое вообичаено означува почеток на час во образовните центри, годинава над 95 милиони ученици и студенти ширум Европа, добиваат онлајн нотификација дека треба да се вклучат да следат настава од дома преку интернет. Пандемијата со коронавирусот ги затвори најголем дел од училиштата и универзитетите годинава, и ги затекна во небрано особено оние земји со послаба дигитална подготвеност за одржување настава од далечина. Поминаа два месеци од почетокот на новата учебна година. Нашата земја применува хибриден модел на настава кој предвидува дел од децата да одат на училиште, а другите да учат онлајн. Учениците ги добиваат и првите оценки, а ние правиме оцена како се одвива учењето на далечина.

Наместо звукот на училишното ѕвонче кое вообичаено означува почеток на час во образовните центри, годинава над 95 милиони ученици и студенти ширум Европа, добиваат онлајн нотификација дека треба да се вклучат да следат настава од дома преку интернет.

Пандемијата со коронавирусот ги затвори најголем дел од училиштата и универзитетите годинава, и ги затекна во небрано особено оние земји со послаба дигитална подготвеност за одржување настава од далечина. 

Поминаа два месеци од почетокот на новата учебна година. Нашата земја применува хибриден модел на настава кој предвидува дел од децата да одат на училиште, а другите да учат онлајн. Учениците ги добиваат и првите оценки, а ние правиме оцена како се одвива учењето на далечина.

Наставата во октомври и ноември тече малку подобро споредено со периодот од март до јуни во поглед на употребата на една алатка на која децата можат да ја следат наставата. Но и покрај најавите за старт на Националната платформа за учење на далечина, наставата и понатаму се одвива преку Мајкрософт Тимс.

Како и секоја технологија, и при реализирањето на онлајн учењето има проблеми од технички карактер, но наставниците мора да го имаат тоа предвид при водењето на часот и формирањето на oценките, сметаат дел од родителите на деца кои следат онлајн настава за основно образование.

„Основно се технички проблеми и од страна на наставниците и од страна на учениците, како што е слаба интернет врска или оптоварена врска, уреди со кои располагаат. Има повеќедетни семејства или еднодетни семејства со ниски приходи или приходи кои се намалиле токму заради пандемијата, па не секој користи современ уред, а многу зависи и од тоа уредот кои перформанси ги има и дали ќе ги даде сите функционалности“, вели Јана Ѓорѓинска, родител на две деца што следат онлајн настава од дома.

Мајкрософт тимс нуди многу можности со кои би се премостиле техничките проблеми, како закачување на материјали, поставување на рокови за предавање домашна задача, следење на активноста на секој ученик. Но искористувањето на сите функционалности на алатката е оставено на креативноста на наставниците и желбата сами да ги прилагодуваат наставните содржини.

„Може да се размисли за промена на наставните методи зошто се’ уште кај голем број наставници наставата се одвива така што наставникот предава децата слушаат. Меѓутоа може да се применат методи на колаборативно или активно учење каде што децата самите ќе учествуваат во подготовка на наставните материјали, ќе ги подготвуваат лекциите во групи или тимови и наставникот како ментор ќе ги упатува, дополнува и дообјаснува. Може сами да креираат квизови на знаења кои потоа целото одделение може да ги користи како вежби на час“, додава Ѓорѓинска.

Од Бирото за развој на образованието велат дека се во постојан контакт со воспитно – наставниот кадар и сите искуства од учењето од далечина, и позитивни и негативни, кои учениците и родителите ги споделуваат со наставниот кадар, редовно се комуницираат со училишните и со националните обучувачи, кои пак ги пренесуваат до Тимот надлежен за развој и имплементација на Националната платформа за учење на далечина.

„Токму овие споделувани искуства претставуваат основа за преземање континуирани активности насочени кон унапредување на функционалностите на Платформата и нејзина оптимизација, се со цел непречено одвивање на наставниот процес и целосна искористеност на современите ИТ алатки во различните сегменти од системот на учење на далечина“, велат од Бирото за развој на образованието. 

Според нивните досегашни согледувања, обуките на наставниот кадар, спроведувани пред почетокот на учебната година, придонеле за постигнување на релативно добро ниво на општа подготвеност на кадарот за одржување на настава од далечина.

„Како и во секоја технологија, се случуваат моменти на забавување на системот, па дури и повремени падови, за што и наставниците и учениците имаат разбирање и се креативни во изнаоѓање алтернативни решенија за непречено продолжување со наставата. Позитивните страни од учењето од далечина, пред се, се однесуваат на унапредување на дигиталната писменост на наставниците и дигитализација на образовниот процес. Токму можноста да се користат видеоконференциски системи за одржување на наставата со синхрона комуникација, како и да се применуваат најсовремени ИТ алатки за асинхроната настава, односно да се употребуваат најразновидни видео, аудио и пишани електронски ресурси за креирање наставни материјали, домашни задачи и тестови, како и можноста истите да се споделуваат како добри практики со наставниците од други училишта, се огромна придобивка од дигитализација на наставата и очекуваме долгорочно да придонесат за унапредување на квалитетот на целокупниот образовен процес“, објаснуваат од Бирото.

Властите задоволни од онлајн наставата

Министерката за образование Мила Царовска вели дека целта на онлајн наставата е здравствената состојба на учениците и наставниците е да биде добра, за да продолжи образовниот процес.

Таа оценува дека начинот кој што го одбрале дава резултати, бидејќи во образовниот систем немам ширење на епидемијата. Царовска потенцира дека го разбира притисокот на родителите кои го чувствуваат заради онлајн наставата но верува дека сите заедно ќе ја пребродиме оваа епидемија.

„Од стартот на учебната година до денеска 90% од учениците кои треба да следат онлајн настава ја следат без пречки на своите ИТ уреди, а другите преку МРТ, затоа што навистина ни е значајно оние ученици кои немаат ИТ опрема да може да следат часови, а тоа се 15-минутни видеа кои се одобрени од Бирото за развој на образование, што значи дека и квалитетот е исто така одобрен и по одредени стандарди за квалитет по образовниот национален систем“, вели министерката Царовска.

Некои од основните проблеми при наставата од далечина, како лошата интернет конекција или немањето компјутери, кои учениците и наставниците ги пријавуваа како пречки на почетокот, Царовска вели дека сега се надминати.

„Конекцијата со Интернет и пристап до компјутери е надминат и видовме дека за еден месец со добра организација и јасни инструкции кон локалните самоуправи и директорите тие се снабдија и со Интернет и со ИТ опрема, дел искористија постоечка, дел брзо се организираа добија донации или си набавија самите ИТ уреди. Во однос на учениците, најголем дел од нив се снабдија со донации и со поддршка од страна на општината, но сепак на територија на држава имаме околу 8.000 деца кои следат настава на телевизија, што значи дека немаат обезбеден ИТ уред. На почетокот нашата проекција беше дека околу 40.000 деца нема да следат настава онлајн, но заради тоа што избравме хибриден модел, подрачните, руралните училишта се пуштија со физичко присуство, обезбедивме донации и се пушти можност преку МТВ да има организирани часови, денеска имаме само 8.000 деца кои преку националниот сервис следат настава, другите со двонасочна комуникација наставник – ученик преку ИТ уреди“, оценува Царовска.

Предизвик за сите засегнати страни беше и оценувањето кое заврши до 20 ноември, период кој што беше оценет како краток, имајќи го предвид стартот на учебната година кој започна подоцна на 1 октомври. Министерката за образование смета дека недостатокот ќе се поправи до полугодие.

Според Царовска најважно е, во наставата да има континуитет за генерациите да се одржат активни.

„Важно е да се има континуитет, во настава за пренесување на знаење кај учениците, важно е учениците во континуитет да бидат стимулирани на дополнителни знаења и испрашувањето не треба да биде стрес, туку пресек валидација. Порано и во војни образованието функционирало за да се одржат генерациите активни и секој ден да создаваат нова вредност, а тоа е учењето“, потенцира Царовска.

Министерката за образование оценува дека успехот на секој образовен модел па и во онлајн наставата зависи од тоа колку наставниците се креативни и посветени на наставата.

„Без добри наставници не може да имаме добар образовен систем. И да ги напишеме најдобрите наставни програми и да ги продуцираме најдобрите наставни материјали, ако наставникот не живее со својата професија, не можеме да имаме квалитетно образование. Затоа се трудиме во континуитет да вложуваме во наставниците, да бидат на првата линија. Затоа што дали е онлајн или со физичко присуство, дали е во училница или надвор, сепак зависи како наставникот ќе ја приближи темата до учениците и колку ќе успее да ги заинтересира за темата, затоа верувам дека единствен начин за квалитетно образование е преку стимулирани наставници кои се задоволни од својата професија“, истакнува Царовска.

Во Министерството за образование се подготвуваат реформи кои најпрво ќе започнат во основното образование. Новата концепција е при крај, по што ќе почне да се дискутира со сите засегнати страни.

Подолг престој во училиште со повеќе активности и помалку предмети ќе биде основата на реформите во образовниот систем.

Во реформите на образовниот систем се анализирале десетина европски земји, а се направила комбинација од словенски, фински, естонски модел, што според Царовска ќе создаде квалитетен наш македонски образовен модел.

Затекната цела Европа

Пандемијата со коронавирусот откри големи разлики во сферата на образованието помеѓу различни земји во Европската Унија. Најновиот Извештај на Европската Комисија за мониторинг во образованието покажува дека оние земји коишто се понапредни во дигиталните технологии, како што се Финска, Данска и Естонија, многу полесно се адаптирале на кризата со Ковид-19 обезбедувајќи квалитетен образовен процес и во време кога школите се затворени.

Додека во Италија, на пример, 48% од учениците останаа без образование со месеци, во Словенија ситуацијата е далеку подобра и дури 98% од учениците следат онлајн настава.

Од рестриктивните мерки кои ги затворија училиштата и универзитетите, погодени се над 95 милиони ученици и околу 8 милиони наставници на сите образовни нивоа ширум Европа. Образовните центри се затворени веќе осум месеци, со еден обид за нивно отворање помеѓу двата брана на пандемијата во текот на летниот период.

Иако сите земји на ЕУ применија дигитална настава од дома како привремена мерка за замена на физичкото присуство на училиште, учењето на далечина бара одредени минимални вештини и техники.

За учениците успешно да учествуваат на час на далечина, секој од нив треба да има на располагање компјутер или таблет, во комбинација со брза интернет -врска, но и тивка просторија – барања што посиромашните домаќинства често не можат да си ги дозволат.

На пример, само 8% од учениците кои оделе во училишта лоцирани во село или помали градови имаат пристап до брз Интернет.

Дополнително, извештајот посочува дека повеќе од 15% од студентите низ блокот имаат недоволни дигитални вештини, иако на младите им се гледа како генерација на „дигитални домородци“.

Пандемијата ги истакна придобивките од дигиталните решенија за настава и учење во Европа, но исто така и недостатокот на инфраструктура и вештини потребни во некои земји – членки.

Затоа извршната власт на ЕУ неодамна го претстави својот акционен план за дигитално образование за следните шест години, кој има за цел да ги поддржи земјите – членки да ги направат системите за образование и обука соодветни за модерната ера.

„Првиот приоритет ги разгледува можностите на дигиталното образование. Што треба да сториме за да создадеме дигитален образовен систем кој е со високи перформанси и кој работи за сите? Што се однесува до повеќето предизвици во образованието, треба да се започне рано. Затоа, една од првите работи што треба да ги направиме е да осигуриме дека нашите училишта се соодветно опремени за да ја извршат својата дигитална трансформација. Специфични упатства ќе бидат развиени за да им се помогне во овој процес. Ќе ги опфати сите аспекти од нивната мрежна поврзаност, до основната технолошка опрема до нови обуки на наставници и иновативни наставни методи. Модернизирањето на образованието значи и прилагодување на она што го учиме и како учиме на една сосема нова технолошка реалност. Ќе развиеме рамка за содржината на дигиталното образование и ќе произведеме упатства за употреба на вештачка интелигенција и податоци во наставата и учењето. Така што кога подучуваме и учиме, да го правиме тоа на начин што најдобро и најбезбедно ја користи технологијата“, вели Маргрет Вестагер, извршен потпретседател на ЕК.

Потпретседателот на Европската Комисија, Маргаритас Скинис, пак, истакна дека пандемијата ги исфрлила на површина сите слабости на образованието, не само слабата дигитална подготвеност.

„Пандемијата беше како завеса што требаше да ја тргнеме и таа откри не само системски проблеми во образовните системи, туку и нови потреби и барања што треба да ги адресираме. Ако ги видите иницијативите, ќе видите дека одбравме остар фокус, нашиот пристап е остар, не е широк и плиток, се концентрираме на специфични прашања што може да направат разлика во начинот на кој образовниот систем се развива во Европа. И кога ќе ги видите овие специфични прашања, тие може се уште да донесат некои неевропски факти и податоци коишто мора итно да ги поправиме. Почнувајќи со квалитетот, според ОЕЦД се уште е потребен напредок да се поттикне еднаквост во образовниот систем, повеќе од еден од секои пет ученици во Европа не може да исполни основно читање, математика и наука, и еден од секои пет млади Европејци, се уште нема основни дигитални вештини“, истакна Маргаритис Скинас, потпретседател на ЕК.

За да се надминат проблемите, Европската Комисија посочува дека се потребни поголеми јавни инвестиции во образованието. Просекот на јавните трошоци за образование во ЕУ се движи околу 10% од вкупниот буџет.

Continue Reading
економија19 hours ago

Градежниот бренд Адора и Фондацијата Новак Ѓоковиќ, со партнерска хумана мисија во Србија за подобра иднина на најмладите

економија2 days ago

Онлајн конференција „Бизнис без корупција“ во петок, 22.01

банки2 days ago

“УНИБанка” АД Скопје ќе ја исплати четвртата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници

економија5 days ago

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

интервју5 days ago

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

свет5 days ago

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

економија5 days ago

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

македонија5 days ago

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија

македонија5 days ago

„Алкалоид“ исплати новогодишен надомест од 25.000 денари за своите вработени и донираше 1,2 милиони евра за заедницата во 2020 година

економија5 days ago

Македонската економија на среден и долг рок (2)

интервју5 days ago

Зоран Заев: Со стабилизирање на состојбата од пандемијата ефектите од нашите економски политики ќе бидат видливи

економија19 hours ago

Градежниот бренд Адора и Фондацијата Новак Ѓоковиќ, со партнерска хумана мисија во Србија за подобра иднина на најмладите

економија7 days ago

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар годинава ќе се одржи во Македонија

економија6 days ago

Неби Хоџа, СКСЗМ: Да се укине данокот на добивка до 2022 година за најпогодените компании од пандемијата

банки2 days ago

“УНИБанка” АД Скопје ќе ја исплати четвртата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници

економија5 days ago

Нето извозот од ТИРЗ зголемен за 17% лани

свет5 days ago

Демократијата одговара брутално кога е земена „здраво за готово“

економија2 days ago

Онлајн конференција „Бизнис без корупција“ во петок, 22.01

економија5 days ago

Банкарите велат ќе биле „подарежливи“ со кредити годинава

македонија5 days ago

10-тото јубилејно издание на BIWC – Балкански интернационален вински натпревар 2021 година во Македонија