Connect with us

економија

Претставници на Американскиот совет на млади политички лидери во посета на „Алкалоид“

објавено

на

Посебен акцент беше ставен врз деловните операции во САД, каде што „Алкалоид“ АД Скопје во 2005 година основаше своја подружница во Њу Олбани, Охајо.

Делегација на Американскиот совет на млади политички лидери (American Council of Young Political Leaders – ACYPL), во придружба на претставници од Амбасадата на САД во Скопје, оствари работна посета на „Алкалоид“. Целта на посетата беше претставниците на Советот, преку својата Програма за размена на делегации меѓу земјите, да се запознаат одблизу со начинот и со условите во кои работат успешните македонски приватни компании. 

Дневниот ред на работната средба опфати презентација на деловните операции на „Алкалоид“, резултатите од работењето, компаниските пласмани и на производствените активности, како и на општествената одговорност, која е еден од клучните сегменти на корпоративната политика на компанијата.

Во рамките на посетата беше реализирана и обиколка на производствените капацитети на „Алкалоид“ и на Институтот за истражување и развој на компанијата. Посебен акцент беше ставен врз деловните операции во САД, каде што „Алкалоид“ АД Скопје во 2005 година основаше своја подружница во Њу Олбани, Охајо. Освен пласманите на чаеви од програмата „Good Nature“ и на детската козметика од брендот „Бекутан“, „Алкалоид“ е партнер од избор на неколку реномирани, американски, фармацевтски компании, со кои има различни форми на соработка, како на пример лиценцно производство, маркетиншко застапување и авторизации за дистрибуција на нивните производи.

Членовите на делегацијата, меѓу кои г-ѓа Шанел Отри, г-ѓа Тара Кембел, г. Џејк Еванс, г. Џон Мајкл Монгомери, г-ѓа Ешли Ванорни и г-ѓа Сузан Свинк, го истакнаа своето задоволство од успешното работење на „Алкалоид“ и од деловните активности на компанијата на американскиот пазар.

Американскиот совет на млади политички лидери (ACYPL), од своето основање во 1966 година, на своите членови им дава можност за добивање глобална политичка и бизнис-перспектива, преку своите програми за меѓународна размена.

ПР текст

македонија15 часа ago

Зошто myWorld се смета за најдобра лојална програма во светот?

економија1 ден ago

Нова кредитна линија на Развојната банка – за дигитализација и дигитална трансформација

економија2 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

економија3 дена ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

економија3 дена ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

банки3 дена ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

македонија3 дена ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија4 дена ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

ФЕроинвест
македонија7 дена ago

Електраните и фабриките на Фероинвест дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

свет1 недела ago

myWorld е избрана за #1 лојална програма во САД за 2023 година

интервју1 недела ago

Проф. д-р Игор Спироски: За дебелината мора да се зборува и преку справување со неа може да се подобри продуктивноста

интервју1 недела ago

Емилија Спировска, ПроКредит Банка: Општествената одговорност се покажува преку дела

економија2 дена ago

LIVE: Интерактивни извештаи за макроекономски податоци!

интервју1 недела ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

македонија1 недела ago

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

македонија1 недела ago

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем. Ќе има ли последици врз македонските банки? Не, за среќа се  конзервативни и неизложени кон странство

свет5 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

економија1 недела ago

Пандемијата и кризите по неа ја променија парадигмата за компаниската општествена одговорност