Connect with us

свет

Придонесот на нобеловката Голдин во разбирањето на улогата на жените на пазарот на труд

Клаудија Голдин, нобеловка по економија за 2023 година

објавено

на

Шведската кралска академија на науките ја додели овогодинешната Нобелова награда за економија на Клаудија Голдин од Универзитетот Харвард, за унапредување на нашето разбирање на резултатите на жените на пазарот на труд. Голдин го даде првиот сеопфатен извештај за заработувачката на жените и учеството на пазарот на труд низ вековите. Токму нејзиното истражување ги откри причините за промените, како и главните извори на родовиот јаз.

Нобеловата награда за економски науки е награда која секоја година се доделува на поединци кои дале исклучителен придонес во областа на економијата. За прв пат беше доделена во 1969 година и се смета за една од најпрестижните награди во светот, а ја доделува Шведската кралска академија науките. Нобеловата награда за економија не е една од петте Нобелови награди воспоставени од Алфред Нобел во неговиот тестамент, но таа беше додадена во 1968 година од страна на Шведската централна банка. Официјалното име на Нобеловата награда за економија е Награда на Шведската централна банка за економски науки во спомен на Алфред Нобел.

Шведската кралска академија на науките ја додели овогодинешната Нобелова награда за економија на Клаудија Голдин од Универзитетот Харвард, за унапредување на нашето разбирање на резултатите на жените на пазарот на труд. Голдин го даде првиот сеопфатен извештај за заработувачката на жените и учеството на пазарот на труд низ вековите. Токму нејзиното истражување ги откри причините за промените, како и главните извори на родовиот јаз. Нејзината работа за економската историја на жените обезбеди нови факти за многу димензии на родовите разлики на пазарот на труд и ги откри движечките сили на овие разлики што опстојуваат сѐ до денес.

Kуса биографија

Клаудија Голдин е професор по економија на Универзитетот Харвард и беше директор на програмата на Националното биро за економски истражувања (NBER) на САД за развој на американската економија од 1989 до 2017 година. Голдин беше претседател на Американската економска асоцијација во 2013 година и претседател на Здружението за економска историја во 1999/2000 година. Таа е член на Националната академија на науките и има добиено бројни награди за нејзините придонеси во областа на економијата на трудот. Голдин ја стекнала својата диплома од Универзитетот Корнел, а нејзиниот докторат од Универзитетот во Чикаго.

Како економски историчар и економист на трудот, истражувањата на Голдин опфаќаат широк спектар на теми, вклучувајќи ја женската работна сила, родовиот јаз во заработувачката, нееднаквоста во доходите, технолошките промени, образованието и имиграцијата. Повеќето од нејзините истражувања ја толкуваат сегашноста низ призмата на минатото и ги истражуваат корените на актуелните прашања од интерес во економијата. Таа е автор и уредник на неколку книги и трудови, особено околу историската улога на жените во економијата на САД. Нејзините највлијателни трудови се однесуваат на историјата на женската потрага по кариера и семејство, заедничко образование во високото образование, влијание на „пилулата“ врз кариерата на жените и одлуките за брак, женските презимиња по бракот како социјален индикатор, причините зошто жените сега го сочинуваат мнозинството од додипломците и новиот животен циклус на женското вработување.

Општиот придонес на Клаудија Голдин за развојот на економската мисла

 Наоѓањето решенија за различните димензии на родовата нееднаквост на пазарот на труд е од фундаментално значење за просперитетот во една економија. Тоа не е само заради постигнување рамноправност, туку и прашање на економска ефикасност. Распределбата на трудот е неефикасна доколку работниците не се распределени на работните места кои најдобро одговараат на нивните вештини. Ваквите неефикасности предизвикуваат сериозни економски трошоци за општеството.

Жените отсекогаш се недоволно застапени на глобалниот пазар на труд, односно 50 % од жените работат или активно бараат работа, во споредба со 80 % од мажите. Јазот во учеството меѓу мажите и жените е особено голем во Јужна Азија, Блискиот Исток и Северна Африка. Пред еден век, слично големи разлики на учество меѓу мажите и жените беа забележани во Северна Америка и Европа. Но, во текот на минатиот век, учеството на жените во работната сила се зголеми повеќе од тројно во многу земји со висок доход. Меѓутоа, родовите јазови постојат и во многу други димензии. На пример, жените заработуваат во просек 13 % помалку од мажите во земјите на ОЕЦД. Покрај тоа, жените имаат тенденција да работат на работни места со помал простор за унапредување и се сериозно недоволно застапени во корпоративните одбори или како извршни директори.

Работата на жените драматично се префрли од домот на пазарот во текот на изминатиот век, а историјата може да ни помогне да разбереме како социјалните пречки биле создадени и решени историски. Долгорочните анализи може да не информираат за современите разлики меѓу земјите во однос на родовите јазови во учеството на работната сила и заработувачката, но предизвик е да се измерат долгорочните трендови на родовите јазови на пазарот на труд поради недостаток на историски записи за вработување, особено за жените. Пред работата на Голдин недостасуваше една кохерентна рамка за проучување на резултатите на пазарот на труд на жените. Историчарите се фокусираа на стабилноста на родовите разлики, додека економистите укажаа на зголемувањето на реалните плати и на еластичната понуда на женската работна сила. Објаснувањата на Голдин за променливиот статус на жените во економијата се засноваат на економската рамка каде понудата и побарувачката за женската работна сила се детерминирани од структурните и технолошките промени, социјалните норми, институционалните бариери и потребата да се балансира работата со семејството.

Работата на Голдин значително го подобри нашето разбирање на основните факти во врска со учеството на жените во работната сила и родовите разлики во заработувачката со текот на времето и фазите на развој. Таа даде придонес во објаснувањето на понудата на женската работна сила со текот на времето и развојот, важната улога на враќањето на мажените жени на пазарот на труд и ефектите од групата (cohort effects), бавното подобрување на женските релативни заработки и потеклото на „дискриминацијата на платите“ и зголемената улога што ја играат разликите внатре во занимањата во објаснувањето на родовиот јаз во заработувачката.

Посебниот придонес на Клаудија Голдин за развојот на економската наука

Посебниот придонес на Клаудија Голдин може да се подели на два дела. Во првиот дел таа ги прикажува клучните факти во однос на родовите јазови на пазарот на труд, а во вториот дел преминува на објаснување на причините на родовите јазови во вработеноста и заработувачката. Во првиот дел се објаснува еволуцијата на понудата на женска работна сила со текот на времето, значењето на враќањето на мажените жени на пазарот на труд, бавното подобрување на женските релативни заработки и важната улога на разликите во заработувачката внатре во самите занимања.

Понудата на женската работна сила со текот на времето. Пред работата на Голдин, истражувачите најмногу ги проучувале податоците од 20-тиот век и заклучиле дека како што растела економијата, сѐ повеќе жени биле во платена работа. Но, бидејќи стапките на вработеност на жените честопати биле погрешно наведени во постоечките податоци, оваа врска остана нејасна во подолг временски период. На пример, некогаш било вообичаено професијата на жените да се означува како „сопруга“ во пописите и јавните записи, но дури и ако биле во брак, тоа не значи дека тие на работеле друга работа освен домашната. Факт е дека жените работеле заедно со своите сопрузи во земјоделството или во разни форми на семеен бизнис, односно нивната работа не била секогаш правилно заведена во историските записи. Со поставување на нови бази на податоци користејќи историски истражувања, индустриски статистики и пописни извештаи, Голдин успеа да ги исправи податоците за учеството на жените на пазарот на труд. Таа утврди дека процентот на жени во работната сила во САД бил значително поголем на крајот на 1890-тите отколку што е прикажано во официјалната статистика. Нејзините корекции покажаа дека стапката на вработеност на мажените жени е речиси три пати поголема од онаа регистрирана во пописите. Откривајќи податоци од крајот на 18-тиот век, таа исто така беше во можност да понуди нов изненадувачки историски факт, а тоа е дека во текот на индустријализацијата дошло до намалување на учеството на жените во работната сила. Една од причините за ова беше што индустријализацијата им отежна на многу мажени жени да работат од дома и дака да ги комбинираат работата и семејството. Иако таа покажа дека многу немажени жени биле вработени во производството во оваа фаза вкупната женска работна сила се намалила. Голдин, успеа да покаже дека историското учество на жените во работната сила на САД може да се опише со помош на крива во форма на латинската буква „U“ за период од двесте години од крајот на 18-тиот век. Бидејќи економскиот раст беше стабилен во текот на овој период, кривата на Голдин покажа дека не постои историски конзистентна поврзаност помеѓу учеството на жените на пазарот на труд и економскиот раст. Однонсо, не треба да сметаме на економскиот раст кој автоматски ги намалува родовите разлики на пазарот на труд.

Важната улога на враќањето на мажените жени на пазарот на трудот со текот на времето. Во 18-ти и 19-ти век, повеќето жени престанале да работат надвор од домот по бракот. Голдин покажа дека оваа шема не се променила во САД во поголемиот дел од 20-тиот век. Порастот на учеството на женската работна сила во 20-тиот век, на тој начин, потекнува од повисоките стапки на повторно влегување на жените на пазарот на трудот подоцна во животот (најчесто по првото дете). Секоја група (cohort) се враќала на пазарот на труд со повисоки стапки од претходните возрасни групи. Ова откритие за силни ефекти од групата (cohort effects) има важно влијание врз составот на женската работна сила во однос на образованието и работното искуство.

Бавното подобрување на женските релативни заработки и потеклото на „дискриминацијата на платите“. Голдин состави речиси двовековна историја релативниот однос на заработувачката помеѓу жените и мажите од различни примарни извори и презентираше изненадувачки наоди. И покрај значителниот економски раст во овој период, како и структурните и социјалните промени кои ги фаворизираа жените, јазот во заработувачка бавно се менуваше. Иако релативниот однос на заработувачката помеѓу жените и мажите во производството растеше во поголемиот дел од 19-тиот век, тој запре и остана на околу 55% помеѓу 1880-1960 година. Вкупниот јаз во заработувачката значително се намали со порастот на службеничката работа и зголеменото образование во периодот од 1890-1930 година, и остана стабилен до 1980-тите. Голдин, исто така, покажа дека „дискриминацијата на платите“ дојде заедно со подобрувањата во можностите на пазарот на труд за жените од средината на 20-тиот век.

Зголемената улога што ја играат разликите внатре во занимањата во објаснувањето на родовиот јаз во заработувачката. Стандардни гледишта сугерираат дека родовиот јаз во заработувачката меѓу мажите и жените на пазарот на труд главно потекнува од разликите во човечкиот капитал и занимањата. Историски гледано, таквите разлики беа големи. Но, Голдин покажа дека најголемиот дел од тековниот јаз во заработувачката доаѓа од разликите во заработката наместо меѓу занимањата внатре во занимањата. Изворите на тековните родови разлики во заработувачката треба да се бараат во релативната плата што ја добиваат мажите и жените кога работат во слични професии. Пред подемот на услужниот сектор жените вообичаено работеа во сектори каде што биле платени во однос на нивната продуктивност. Откако се напушти овој систем на плаќање и се премина на систем за плаќање врз основа на месчна плата, работодавачите почнаа да ги преферираат вработените со долги и непрекинати кариери. Оттука, почна да се шири јазот во заработувачката помеѓу мажите и жените во рамки на истите професии.

Клаудија Голдин не само што обезбеди нови факти за еволуцијата на родовите јазови во вработувањето и заработувачката со текот на времето, туку таа ги откри и факторите кои ја поттикнуваат оваа еволуција, вклучувајќи ги и оние кои се најрелевантни за јазовите што опстојуваат сѐ до денес. Таа го направи ова со комбинирање на микро базираната рамка на побарувачка и понуда и ригорозни емпириски анализи на модерната економија на трудот со внимателен наратив на економски историчар. Тука ќе го објасниме значењето на “тивката револуција“ како што ја нарекува Голдин или промената на очекувањата, воведувањето и ширењето на контрацептивните средства и ефектот на родителство во објаснувањето на родовите разлики во вработувањето и заработувачката.

Промената на очекувањата. Поединците формираат очекувања за иднината кога се млади. Овие очекувања се засноваат на набљудување на резултатите од пазарот на трудот за претходната генерација. Пред 1970 година девојчињата имајќи предвид дека нивните мајки имале чести прекини во нивната работа, немаа високи очекувања за нивната професионална кариера и не вложуваа доволно во нивното образование. Очекувањата на жените за вработување на 35 годишна возраст се зголемија од 35% во 1967 година на 80% во 1979 година. Како што се ажурираа очекувањата за идните кариерни перспективи, девојчињата на средношколска возраст инвестираа повеќе во нивното образование.

Контрацептивни средства. Пилулите за контрацепција им овозможија на жените да го планираат и да го одложат бракот и раѓањето и ги зголемија стимулациите да инвестираат во образование и кариера. Голдин покажаа дека откако пилулата им станала достапна за користење, немажените жени почнале повеќе да инвестираат во нивните професионални кариери и да го одложат бракот.

Ефектот на родителство. Ефектот на родителство може да се објасни со флексибилноста во работното место. Голдин илустрира дека родовиот јаз во заработувачката е поголем кај професиите со поголем временски притисок, контакти со другите, меѓучовечки односи и слобода на донесување одлуки. Јазот во заработувачката меѓу жените и мажите во земјите со висок доход не е голем, но штом пристигне првото дете, трендот се менува; заработката веднаш паѓа и не се зголемува со иста стапка кај жените како и кај мажите. Голдин покажа дека ефектот на мајчинството делумно се објаснува со природата на современите пазари на труд, каде жените често преземаат поголема одговорност од мажите за грижата за децата.

Треба да се напомене дека откритијата на Клаудија Голдин не важат само за САД, туку ги ја отсликуваат реалноста за учеството на женската работна сила во глобалниот пазар на труд. Голдин ја илустрира надворешната валидност на долгорочниот развој на американското искуство до современите варијации во развојот користејќи податоци за околу 130 земји. Дополнително, иако револуционерните придонеси на Голдин за мерење и онјаснување на родовите јазови на пазарот на труд низ повече од 200 години историја на САД беа позитивни во природа, тие имаат многу политички импликации. Работата на Голдин покажува дека ефективните политики може само бавно да резултираат во промени, бидејќи главно помладите генерации можеат да ги променат нивните одлуки за инвестиции во човечки капитал. Очекувањата на жените за иднината исто така играат клучна улога.

Клаудија Голдин успеа решенијата за различните аспекти на родовата нееднаквост на пазарот на труд да ги наметне како основен фундамент од значење за просперитетот во една економија, а прашањето на учеството на жената на пазарот на труд го постави не како прашање на постигнување рамноправност, туку како прашање на постигнување економска ефикасност и со тоа успеа преку нејзината научно-истражувачка работа да остави оригинални неизбришливи траги во развојот на економската теорија и економската наука воопшто.

македонија1 ден ago

Продолжуваат заедничките хуманитарни активности на „Алкалоид“ и „Црвен крст“: Заедно можеме повеќе!

Фасхион4 дена ago

„Божиновски“ ексклузивно ги претстави новитетите на Брајтлинг

економија4 дена ago

ПроКредит Банка прави чекор напред во поддршка на малите и средните претпријатија – се одржа втората бизнис конференција „Дигитална еволуција“

економија5 дена ago

Фортонмка успешно реализира продажба на објект од 9,5 милиони евра на ЛИДЛ

коментари5 дена ago

Со АмЧам на тема…Балканската рута на трговија со фалсификувани производи

економија6 дена ago

КБ Публикум инвест станува КБ ИНВЕСТ, со доминантна сопственост на Комерцијална банка

економија1 недела ago

Мукаетов – панелист на конференцијата „Чувари на мудроста“ во организација на „Халк банка“

банки1 недела ago

Со голем настан Македонската шаховска федерација ќе одбележи еден век постоење на Светската шаховска федерација ФИДЕ

македонија2 недели ago

Комерцијална банка со поддршка за македонскиот фудбал и во наредните три години

банки2 недели ago

Прокредит банка со нова модерна филијала во Гостивар

коментари5 дена ago

Со АмЧам на тема…Балканската рута на трговија со фалсификувани производи

банки1 недела ago

Со голем настан Македонската шаховска федерација ќе одбележи еден век постоење на Светската шаховска федерација ФИДЕ

економија1 недела ago

Мукаетов – панелист на конференцијата „Чувари на мудроста“ во организација на „Халк банка“

економија5 дена ago

Фортонмка успешно реализира продажба на објект од 9,5 милиони евра на ЛИДЛ

економија6 дена ago

КБ Публикум инвест станува КБ ИНВЕСТ, со доминантна сопственост на Комерцијална банка

економија4 дена ago

ПроКредит Банка прави чекор напред во поддршка на малите и средните претпријатија – се одржа втората бизнис конференција „Дигитална еволуција“

Фасхион4 дена ago

„Божиновски“ ексклузивно ги претстави новитетите на Брајтлинг

македонија1 ден ago

Продолжуваат заедничките хуманитарни активности на „Алкалоид“ и „Црвен крст“: Заедно можеме повеќе!