Connect with us

економија

Приходите и профитите растат, но сè потешко се наоѓаат кадри

Објавена детална анализа за информатичко – комуникацискиот сектор

објавено

на

Вкупниот приход на ИКТ индустријата во Македонија во 2019 година е без малку 900 милиони евра и чиста добивка од речиси 104 милиони евра. Приходите се поголеми за 3,5%, додека добивката за 11,2% во однос на годината претходно, но она што е позначајно е дека за само 4 години, приходите во подсегментот Софтвер и ИТ услуги се зголемени за 80% на 272 милиони евра, а добивката за 136%, на 41 милион евра, покажува Извештајот за ИКТ индустријата што деновиве го презентираше МАСИТ, бизнис комората на оваа економска гранка.

Македонските бизниси од секторот информатичка технологија и комуникации (ИКТ) минатата година направиле вкупен приход од без малку 900 милиони евра и чиста добивка од речиси 104 милиони евра. Приходите се поголеми за 3,5%, додека добивката за 11,2% во однос на годината претходно, но она што е позначајно е дека за само 4 години, приходите во подсегментот Софтвер и ИТ услуги се зголемени за 80% на 272 милиони евра, а добивката за 136%, на 41 милион евра, покажува Извештајот за ИКТ индустријата што деновиве го презентираше МАСИТ, бизнис комората на оваа економска гранка.

Очекувано, во ИКТ секторот најголемиот дел од приходите – 368 милиони евра или 42% –  отпаѓа на телекомуникациските услуги, каде што доминираат двата големи оператори и уште стотина помали компании, претежно во делот на кабелската ТВ и сл. Во овој подсегмент растот на приходите од 2016 до 2019 година е само 5,8%, со оглед на заситеноста на пазарот, падот на цените, и сл.

Највисок е растот во приходите во подсегментот Други ИТ услуги, за 4 години 172%, на 10,6 милиони евра и добивка од 1,05 милиони евра.

Во подсегментот, пак, ИКТ трговија и производство, приходите во последниве 4 години се опаднати за 8%, на 227 милиони евра, додека профитот стагнирал, на 14,7 милиони евра. Меѓутоа, како што велат од изготвувачите на студијата, фирмата ИнсајдерИД, индикаторите за 2019 година се комплексни за анализа поради тоа што еден од поголемите малопродажни субјекти ги затвори своите продавници, додека пак друг направи промена во приходната шифра на дејност, и поради тоа не се земени во предвид при анализата.

ИКТ секторот да не биде само сервис, туку мотор на економијата

ИКТ индустријата е најбрзо растечка во земјава, која ги вработува најмладите и најпрогресивните граѓани. Сите овие показатели, сметаат од МАСИТ, покажуваат дека оваа индустрија би требало да престане да биде сервис на сите други гранки и да стане мотор на развојот на државата. Најголем проблем со кој индустријата се соочува, е недостиг на работна сила, на што треба да се работи во иднина.

Како што објасни Сергеј Зафировски од ИнсајдерИД, којшто го презентираше Извештајот, во 2019 година имало без малку 2.000  економски активни компании, а вкупно 15.000 вработени во ИКТ секторот. Извозот бил 210 милиони евра, а увозот 88 милиони евра.

„Овие бројки не би биле значајни ако не се разгледа растот. Во наведениот период има раст од 51%  на економско активните компании, како и раст од 37% на бројот на вработените, што е над 10% годишно од 10.900 во 2016 година на 15.090 вработени во 2019 година“, вели Зафировски.

Според претседателката на МАСИТ Анета Антова –  Пешева, овие бројки во ИКТ секторот го потврдуваат драматичниот пораст во оваа индустрија и претставуваат основа за етаблирање на овој сектор во сите сфери.

„Во денешниот свет на виртуелни вредности, бројките и фактите и аргументите се многу важни. ИКТ индустријата е најбрзо растечката индустрија во нашата земја која дошла во тој раст без државна поддршка, субвенции… Ги вработува најмладите и најпрогресивните со доминантна извозна компонента и квалитет за кој сведочат сите“,  истакнува Пешева.

Пешева додаде дека како индустрија сакаат да престанат да бидат сервис на сите други гранки и да станат мотор на развојот на државата по примерот на многу други држави.

„Имаме сила и мотив да го направиме тоа, но без соработка на сите фактори е невозможно. Ни требаат силни образовни институции, особено во информатичките и комуникациските области, држава определена за влез во новиот свет со безбедна и предвидлива околина“, рече таа додавајќи дека меѓу она што го бараат е и тоа државата да гарантира конкретни животни услови, здравствен и образовен систем со помалку политика.

Таа порача дека овој извештај ќе биде легитимен аргумент на МАСИТ во развојот и популацијата на ИТ и ќе биде патоказ каде треба да се движиме во иднина, затоа институциите треба да го земат предвид.

Персоналецот за ИТ секторот ќе биде 0%

На презентацијата беше истакнато дека ова е единствениот сектор во кој најголем ресурс се вработените, и дека во иднина ќе се зголемува недостигот на работна сила во овој сектор. Она што сметаат од МАСИТ е дека овој извештај ќе им биде алатка да лобираат за своите барања во однос на даночни олеснувања, за поголема квота за упис на студенти, итн.

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи на онлајн презентацијата на Извештајот, истакна дека е предвидено намалување на персоналниот данок во ИТ секторот во владината програма од сегашните 10% на 0% во 2023 година кој е еден од предлозите од овој сектор што Владата го има вградено во својата програма и е еден од приоритетите, а кој треба да биде доволен поттик за развој на оваа индустрија.

„Кризата нè принуди да направиме чекор напред во дигитализацијата на сите процеси, а претходно голем број од компаниите велеа дека не се подготвени за вакви промени. Ова е добар момент да го фатиме забрзано чекорот со светските трендови и развиените западни економии. Како еден од првите чекори за стимулирање на овој сектор е планот за целосно укинување на личниот данок на доход, т.е. од сегашните 10% во 2023 да биде на 0%, којшто го добивме како предлог од МАСИТ и го прифативме со намера да биде доволен поттик за задржување на професионалците во ИТ индустријата и развојот на ИТ индустријата “,  истакна Битиќи.

Тој додаде и  дека комуникацијата ќе се одвива на месечна основа во точно утврден ден и дека заеднички преку платформата за јавен приватен дијалог ќе бидат вклучени во процесите на креирање политики, но и при носење одлуки.

Поддршка на развојот на македонски ИКТ производи

Извештајот за ИКТ индустријата се заснова на статистички анализи од повеќе извори како Државен завод за статистика, НБРМ и Централен регистар, во комбинација со повратни информации од индустријата, добиени преку прашалник спроведен со 106 ИКТ компании. Во извештајот се вклучени генерални и конкретни податоци и информации за ИКТ индустријата и пазарот, прогнози, анализа на образованието и развој на човечки ресурси во секторот, како и препораки за  понатамошни истражувања и развој. Извештајот е подготвен со поддршка на Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ на Швајцарската агенција за развој и соработка, а изработен од страна на домашната компанија за истражување и консалтинг Инсајдер ИД и бонитетната агенција Таргет Груп. Дополнително, беше изготвен и Извештај за извоз на ИКТ.

Амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер, во своето обраќање се осврна на дел од заклучоците од извештајот.

„Еден од предизвиците што го забавуваат растот на ИКТ секторот е недостиг на квалификувана работна сила, тренд за кој е предвидено дека ќе расте и во иднина. За секторот да стане поотпорен на надворешни предизвици, но и за да се зголеми извозот, потребно е да се поддржи развојот на македонски ИКТ производи. Преку нашата програма ИМЕ им помогнавме на неколку ИКТ компании да развијат иновативни софтверски решенија за странски пазари “, изјави амбасадорката Зутер, која исто така рече дека вакви ажурирани и релевантни информации и податоци од секторот ќе им помогнат на владините институции да креираат политики засновани на истражувања, анализи и докази. 

Continue Reading
менаџмент / маркетинг1 ден ago

10 КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ КОИ МОРА ДА ГИ ВЛАДЕЕ СЕКОЈ БИЗНИСМЕН

менаџмент / маркетинг1 ден ago

ДЕЛЕГИРАЊЕ – КАКО ДА СЕ РЕШИТЕ ОД СТРАВОТ НА ГУБЕЊЕ МОЌ И КОНТРОЛА?

менаџмент / маркетинг1 ден ago

Дру Хјустон: Не секирајте се за неуспехот; само еднаш треба да ја погодите работава.

технологии / компании1 ден ago

Пандемијата го зголеми онлајн купувањето – кој доби, кој загуби и што повеќе нема да биде исто?

економија1 ден ago

ММФ: Справувањето со здравствената криза е клучно за заштита на економијата

економија1 ден ago

Намалување на енергетската зависност од еден извор и транзиција кон чистата енергија се клучните определби за Македонија

интервју1 ден ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

економија1 ден ago

Планирана е вкупна инвестиција од 50 милиони евра за 5 години

економија1 ден ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок

свет1 ден ago

Берзите продолжуваат да растат бавно

македонија6 дена ago

„Брако“ го создаде првото возило за чистење улици на водороден погон во Европа

македонија5 дена ago

Амбасадорката Брнс на МЕФ: САД ќе ѝ помогне на Северна Македонија да изгради посилен и понезависен енергетски сектор

македонија2 дена ago

Зоран Заев: Нашата држава почива на делата на антифашизмот чиј резултат е нашата слобода!

економија3 дена ago

Почна третата Годишна конференција за е-трговија

банки4 дена ago

Комерцијална банка донираше лаптопи на ученици од 14 општини

македонија5 дена ago

Директорката на МЕПСО, Шуклева: Во инвестициски циклус сме од 163 милиони евра

економија4 дена ago

„Брзи” и „евтини” кредити за скапа и отежната реализација на капитални проекти

интервју1 ден ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

економија1 ден ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок

банки2 дена ago

Доделени наградите од наградната игра „Шпаркирај нов автомобил!“