Connect with us

интервју

Прогресивни и храбри, посветени на своите студенти

Снежана Христова, Ирена Стојменовска и Марјана Ванева – професорки и деканки при Универзитетот Американ Колеџ

објавено

на

Разговаравме со три дами, извонредни професионалци, секоја особена на свој начин, но заедно тимски придонесуваат во синергијата на Универзитетот Американ Колеџ – Скопје каде што се професорки и деканки. За својот универзитет велат дека го издвојува култура што поттикнува извонредност, агилна академска средина која се карактеризира со иновативност во наставните процеси и фаворизира систем на применливи и конкурентни знаења.


Проф. д-р Снежана Христова, деканка на Факултетот за деловна економија и организациски науки при УАКС

Во ваков динамичен свет најмоќен императив е знаењето

Професорке Христова,  што го издвојува ФДЕОН  од останатите факултети за економија во земјата, кои се неговите предности и специфики?

Модерни и прогресивни. Нѐ издвојува култура која поттикнува извонредност, агилна академска средина која се карактеризира со иновативност во наставните процеси и фаворизира систем на применливи и конкурентни знаења. Сериозно респектирани и во меѓународното окружување. Тоа сме ние. Така растеме.

Нашиот примарен фокус е развојот на студентите. Со студентите сакаме да воспоставиме близок и хуман однос, создавајќи окружување во кое исклучително се култивира персонализиран пристап и поддршка која трае во текот на целото студирање. Тоа во пракса значи дека сеопфатно ги следиме нашите студенти – како интелектуално се развиваат, ја респектираме нивната индивидуалност, го откриваме потенцијалот за развој на секој студент поединечно. 

Нашата цел сме ја оствариле само ако имаме задоволни студенти. А токму нивното задоволство ја поттикнува нивната интелектуална самосвест и создава внатрешна мотивација, рефлектирајќи се врз нивниот успех и посветеност. Водејќи го факултетот во претходните години, апсолутно сум убедена дека ефектот од ваквиот пристап е навистина конструктивен и кај студентите создава можност за максимално искористување на нивните капацитети за учење и развој.   На пример, имаме трансфер на студенти од други факултети кои се извонредни, но за жал не успеале да се изборат со предизвиците во образовниот систем таков каков што е, имаат проблем да се фокусираат, заглавиле некаде или се навикнати на површно учење. 

Нивната трансформација е многу брза. Тие се прилагодуваат одлично на средината и за кратко време евидентен е нивниот напредок. Затоа сметам дека личното задоволство на студентот, чувството за слобода во комуникацијата со нас професорите, како и праксата за пренесување на применливи знаења и конкретни вештини, се клучни детерминанти за нивниот напредок.

Денес во глобален  контекст постојано се говори дека универзитетите треба да подготвуваат наставни програми кои одговараат на трендовите и  потребите на пазарот на труд. Во услови кога информациите се достапни насекаде, за секого и во секое време, сметам дека основната детерминанта која влијае врз постигнатите резултати на образовните програми е токму начинот на пренесување на применливо знаење. Можете да имате супер модерни програми и инфраструктура, но да не успевате да канализирате применливи знаења. Тука сме апсолутно супериорни. Воспоставуваме однос со студентите кој го влече напред нивниот потенцијал. 

Како за илустрација, предавањата по менаџмент ми започнуваат со музика, потоа следи воведна студија на случај, а по презентирањето на теоретските концепти задолжително следува тимска задача да се реши некој реален проблем или сценарио. На ваков начин се создава амбиент на инволвираност, го задржувате вниманието на студентот и не дозволувате нивниот ангажман да остане незабележан. Ова го афирмира нивниот интелект и ги прави љубопитни. Тука доаѓа до израз тој хуман однос кој го споменав и ги поттикнува активно да учат. Така се развива нивната самодоверба и се гради самодисциплина во навиките за учење.

Kој е вашиот бенчмаркинг, како се споредувате во меѓународен контекст?

Двете меѓународни акредитации, американската ACBSP и ACCA, како и двојната диплома во соработка со Универзитет Тор Вергата од Рим, го позиционираат Факултетот не само во локален контекст, туку и глобално како меѓународна образовна институција. Предностите од меѓународните акредитации и интернационализацијата како наш стратешки приоритет се повеќекратни.

Втора година по ред, нашите студенти учествуваат во меѓународното Перегрин тестирање. Тоа е платформа која го мери знаењето односно резултатите од учење во областите економија (макро-микро), менаџмент, маркетинг, финансии, бизнис стратегија и интеграција и сл. Во извештајот од оваа година, нашите студенти постигнаа резултат од приближно 69%, што по методологијата на Перегрин е на рангот од 96 перцентили и покажува дека нашите студенти се подобри од 96% од популацијата студенти кои поминале низ тестирањето. Ова е резултат кој е подобар од просечниот на другите акредитирани факултети.

Ова е одличен екстерен бенчмаркинг кој ни помага да ги следиме најновите трендови во образованието и да се споредиме со други факултети во различни земји. Дава можност да се унапредува квалитетот на настава, затоа што е еден ефикасен систем кој е споредлив, признат на меѓународно ниво. Ние сме навистина охрабрени од постигнатите резултати. Ако се земе предвид дека кај нас образованието со соочува со длабоки проблеми и наместо да се унапредува, како да се уназадува, притоа имајќи многу ниска свест и знаење за неопходноста од компаративни и екстерни тестирања, ми се чини дека ние навистина многу сме постигнале.

Како ги подучувате студентите на реалниот бизнис контекст? Што значи да се изучува светот на бизнисот денес?

Живееме во ера на исклучително непредвидливи и динамични промени условени од екстерните егзогени фактори. Сé се случува со брзина на светлината и во која времето и просторот не претставуваат никаква бариера. Дигитализацијата направи револуција во сите сфери на општеството. Во еден ваков динамичен свет, во кој единствена константа е промената, првиот и најмоќен императив е секако знаењето, односно градењето способности. Оттаму е и потребата за континуирано образование и учење. Дистинктивните компетенции се тие кои создаваат додадена вредност во светот на бизнисот.

За вториот императив добра илустрација е познатата Дарвинова мисла која вели“не преживуваат најјаките видови, ниту најинтелигентните, туку оние кои се најприлагодливи на промените”. Заради комплексното и конкурентско окружување, успехот се повеќе се разбира како способност да ги прифатат промените и брзо да се прилагодат.

За третиот императив, инспирацијата ја исцрпев од Питер Дракер, големиот менаџмент гуру, преку неговата парадигма за трансформација во општеството во претприемачка економија. Тоа не значи дека секој од студентите треба да биде претприемач и да основа бизнис. Тоа е начин на гледање на светот, да се видат можности онаму каде што другите гледаат пречки, да се преземаат  ризици кога другите се повлекуваат. Тоа е еден “мајндсет” на љубопитност и креативност.

На кои животни лекции ги учите студентите?

Почитта е број еден лекција во училница и треба да биде применета во сите животни предизвици. Најпрвин кон нивните родители, а потоа кон колегите и професорите. Особено е важна почитта кон себеси. Пред сѐ, младите треба да станат личности со високи етички и морални вредности.

Соработката е важна. Се трудам да ги научам да развиваат високо ниво на толеранција и да бидат отворени за соработка. Да развиваат способност за емпатија како императив и вредна компетенција во управувањето со меѓучовечките односи.  Отворената комуникација исто така е есенцијална компонента во секојдневниот живот и работа и помага значајно да се подобрат интерперсоналните вештини.      

Добро е еден млад човек да научи да биде добар менаџер на својот живот.  Треба да знаат што сакаат да постигнат, да имаат отворен ум и бистар поглед кон иднината. И постојано да бараат нови начини за стекнување на нови знаење и вештини. Учењето никогаш не смее да престане. Конечно, да трагаат по извонредност. Често ги охрабрувам да имаат големи соништа. Глобалниот пазар на труд, денес бара извонредност, не признава ниту површност, ниту импровизации. Во една своја изрека, Елон Маск, по мене еден од најголемите визионери денес, го вели следново “Мислам дека е можно сите луѓе да изберат да бидат извонредни. Личностите кои имаат големи соништа можат да бидат извонредни”.


Проф. д-р Ирена Стојменовска, деканка на Факултетот за компјутерска техника и информатика при УАКС

Ги мотивираме  студентите да размислуваат надвор од рамките

Професорке Стојменовска, што го прави Вашиот факултет поинаков од конкуренцијата  и што им нуди на студентите?

Универзитетот Американ Колеџ е генерално поинаков во однос на повеќе параметри: организацијата, пристапот, академската ширина, интернационалноста на која конзистентно работиме и секако посветеноста за квалитетно образование на нашите студенти, како императив. Конкретно, Факултетот за компјутерска техника и информатика претставува единствен спој на етаблирани професори со богато универзитетско портфолио кои на студентите им ја даваат потребната академска структура, како и искусни експерти од практиката исклучително успешни во своите професии, кои со нашите студенти работат на современи, up to date технологии. Tука се и визитинг професорите од различни универзитети надвор од земјата, кои пак со своите предавања отвораат нови хоризонти, перспективи и можности. Сето ова е проткаено со љубовта кон професурата која ја негуваме на УАКС. Внимателно вградуваме теориско и практично знаење, негувајќи упорност и поттикнувајќи љубопитност и критичко мислење. Младите тоа знаат да го препознаат и да излезат од својата комфорна зона, доколку доволно ги мотивирате и ги инспирирате.

Која е предноста на академското учење компјутерски науки во споредба со алтернативното, во смисла на курсеви, туторијали и самоукост? Што значи Вашата диплома во денешниот бизнис контекст?

Без оглед на тоа што живееме во време на брзи решенија на секое ниво, во ниту еден случај не можеме да го споредуваме академското образование со погоре набројаните типови неформално стекнување знаења и вештини. Универзитетското образование дава длабочина и ширина, која потоа може да се надградува со различни курсеви и туторијали, но не и обратно. Темелот е сепак, најбитен. Кадрите кои ги профилираме на нашиот Факултет освен преку теориско, академско образование, учат и низ конкретни проекти и примери. Целиот Универзитет има единствена и препознатлива димензија која се состои во постојана работа со нашите студенти и нивно обликување, почнувајќи од ентузијазмот низ образовниот процес, па сѐ до иницирање нелинеарно размислување на повеќе нивоа, што дава еден комплетен производ, на што сме исклучително горди.

Како се промени перцепцијата за образованието од аспект на дигитализацијата во текот на пандемијата? Какви се Вашите искуства?

Од психолошки аспект, пандемијата беше навистина тешка, за сите. Од технички аспект, нашиот Факултет, како и сите единици на УАКС, повеќе од успешно почна со онлајн настава уште од самиот почеток на пандемијата. Слободно можам да кажам дека во тој сегмент бевме пионери во земјава, но и покрај тоа, би рекла дека флуидноста во енергијата кога студентите ги имате со физичко присуство е незаменлива, барем за сега. Несомнено е дека Вештачката Интелигенција (AI) ќе интерферира и во овој домен преземајќи улога на предавач, и ми се чини дека тоа е веќе прашање на време. Но, вистината е дека и тогаш ќе има многу непознати варијабли, а наша цел е студентите да ги подготвуваме за најразновидни сценарија.

Во тој контекст, пораката која постојано ја испраќаме е да размислуваат надвор од рамките, да не се задоволуваат со просечност и храбро да прифаќаат нови предизвици. Имаме задача да ги спремиме за новата ера и овде не мислам само на нови технологии и дигитализацијата во сите сфери на живеење, туку на фактот дека светот од ден на ден станува сѐ поинаков и сѐ понеизвесен. Токму затоа младите мора да имаат отворен ум, развиена способност за анализа и синтеза, како и желба за континуирано истражување, адаптирање, ревидирање, повторно учење… и сето тоа да го прават со жар, пасија и визија.

Каков е Вашиот личен пристап кон студентите, како професор и како декан?

Кога ќе поминете низ сите фази на академски звања, од помлад асистент до професор, веќе имате доволно искуство и слобода да им дадете максимум на своите студенти. Јас сум математичар, со страст кон теориската математика веќе децении наназад, а во себе носам големо богатство пренесено од моите професори. Работејќи на универзитети со различни култури, се стекнав со практики кои негуваат индивидуален пристап кон секој поединец и ги воочив неговите предности.

Се обидувам со студентите да бидам непосредна и да ги заинтересирам за материјата, да ги испровоцирам, не само интелектуално, туку и суштински. Неретко им велам дека постојат само два универзални јазици, кои се совршени самите по себе – јазикот на математиката и јазикот на музиката. Дискутираме елеганција и едноставност во решенијата, која потоа се отсликува и во начинот на мислење, делување и живеење. Им ја укажувам убавината на математиката, која најчесто е перципирана како ригидна наука, а таа во својата есенција е голема уметност. Во математиката има и слобода и креација, во кодирањето исто така, всушност токму тука на сцена доаѓа она вистинското, правиот „мајсторлак”. За да се стигне до ова ниво и да се почувствува тој ексклузивитет, мора најнапред озбилно да се засукаат ракавите и најпрвин да се биде извонреден „калфа”.

Прво добро да се обучиме теоретски и практично, да ја  разбереме суштината и совладаме техниката, па дури потоа можеме да еволуираме и да бидеме и креатори. Ваквиот пристап ги насочува студентите да размислуваат поинаку, на математичките проблеми да им пристапуваат со помалку отпор, барајќи во нив убавина и софистицираност, па така придобивките се повеќедимензионални. Приврзаник сум на идејата за доживотно учење и преиспитување, во различни облици и прилики. Конструктивност и почит кон личноста е однос кој се обидувам да го негувам и емитирам.

Кои се перспективите на студентите денес? Колкава е нивната вработливост, побарувачка и атрактивност на пазарот? Како котираат студентите на УАКС и конкретно на Вашиот факултет, локално и глобално?

Експоненцијалниот раст на ИТ индустријата нуди неограничени можности и во неа навистина има место за секој, а посебно за нашите студенти екипирани со теориски знаења, практични умеења, но и со кодекс на професионална етика. Речиси немаме дипломирани студенти кои се невработени. Имаме студенти кои по дипломирањето веднаш продолжуваат со мастер студии, други пак завршуваат како ИТ поддршка во различни компании (банки, мобилни оператори, и сл.), а некои пак, на мое големо задоволство, се развиваат во одлични инженери-девелопери.

Значителен број од дипломираните студенти најчесто се вработуваат во софтверски компании, а во последно време сѐ повеќе имаме случаи веднаш по дипломирањето студентите сами да основаат свој старт-ап, па потоа се доразвиваат и напредуваат низ работата. Имаме УАКС алумни насекаде и неизмерно сме задоволни кога нашите студенти ги продолжуваат своите студии на престижни универзитети во Европа и светот, или пак работат на сериозни проекти во мултинационални компании.

Низ секоја генерација, Факултетот за компјутерска техника и информатика се обидува да профилира далеку повеќе од компетитивни софтверски инженери и професионалци од областа на компјутерските науки и информациските технологии. Наша мисија е да создадеме енергични млади креативци потковани со знаење и самодоверба, доволно спремни да делуваат нетривијално и да придонесат во технолошки развој на општеството, притоа задржувајќи го својот интегритет и својата човечност. Тоа за нас како Факултет и Универзитет би била впрочем и најголема награда.


Проф. д-р Марјана Ванева, деканка на Факултетот за странски јазици при УАКС

Наскоро и британска акредитација за нашата магистерска програма

Професорке Ванева,  по што се истакнува Вашиот факултет од останатите факултети за странски јазици во македонскиот образовен систем, што им нудите на студентите?

Како дел од Универзитетот, Факултетот за странски јазици се стреми да ги исполни целите што си ги има поставено институцијата – да понуди квалитетно и меѓународно признато високо образование на домашни и странски студенти кои се решени да вложуваат во себе и во својата иднина.

Квалитетот на оваа институција опфаќа неколку нивоа:

1) меѓународна американска акредитација, 2) студиски програми дизајнирани да го отсликуваат профилот на професијата и составени според барањата на пазарот;  3) странски гости-професори; 4) експерти од пракса кои доаѓаат од деловната заедница, а ги поврзуваат академијата и бизнис секторот;

5) домашни професори со богато наставно и научно-истражувачко искуство;

6) академска средина од домашни и странски студенти; 7) настава во мали групи;  8) гости-предавачи кои разменуваат искуства од својата област и ја поврзуваат теоријата од час со случувањата во професионалниот свет; 

9) размена на студенти и професори преку програмите ЕРАЗМУС и ЦЕЕПУС, што го зголемува и истакнува интернационалниот карактер на Универзитетот; и

10) постојано висок степен на вработливост на нашите студенти, што е доказ за признавање на нашата диплома и неспорна примена на знаењето.         

Покрај академската работа, Вашите студенти се активни во проекти и поинаков тип активности, како што е на пример натпреварот во читање, или пак бројните учества во меѓународни проекти и размена на студенти. Кажете ни нешто повеќе за вашите програми и пристапот и методологијата за образување на студентите?

ФСЈ нуди студии на прв и на втор циклус: на прв циклус, во насоките Деловна комуникација и превод на англиски јазик, и Настава по англиски јазик а, во зависност од претходното образование, вториот циклус студии нуди специјалистички и магистерски степен на образование во Деловна комуникација и превод, и Настава по англиски јазик. Новина во вториот циклус е насоката по Креативно пишување, која е единствена во земјава и регионот. По примерот на светските универзитети, развивме програма која им нуди на нашите додипломци и сите идни постдипломци да ги развијат своите вештини за пишување на домашен универзитет. Американската акредитација на Преведувачката насока и добро етаблираната Наставна насока со внимателно структурираните наставни програми се дел од предностите поради кои студентите го избираат ФСЈ на УАКС. 

Покрај тоа, почнавме и процес за стекнување со британска акредитација за нашата магистерска програма по Настава на англиски јазик. Наш партнер ќе биде Колеџот Тринити од Лондон, кој ќе го верификува знаењето што нашите студенти ќе го добијат на УАКС со сертификат за предавање англиски јазик на слушатели на кои англискиот не им е мајчин јазик. На тој начин, со магистерски студии кај нас, студентите ќе добијат и диплома од УАКС, и сертификат од Колеџот Тринити во Лондон. Горди сме што ние ќе го воведеме овој реномиран центар во нашава земја и со тоа ќе додадеме уште една странска диплома за нашите студенти. 

Поврзувањето на студентите по англиска лингвистика од нашиот факултет со студенти од Универзитетот Кил во Велика Британија, кој е издвоен како еден од најдобрите универзитети и номиниран за универзитет на годината во 2020 година (Times Higher Education 2020 awards); натпреварот во читање што традиционално се одржува секоја година, негувајќи ја љубовта кон англиската и американската литература; поврзувањето со странски студенти во рамки на предметот Глобално разбирање, дел од проектот „Глобални партнери во образованието“со Универзитетот на Источна Каролина во САД, заедничката работа на лингвистички проекти со студенти од Русија и Полска, студиските престои на нашите студенти на странски универзитети, учеството на меѓународни конференции, изведувањето пракса во преведувачки агенции во Германија и Белгија, волонтирање на студентите во училишта со помагање на наставниците и давање консултации по англиски јазик на ученици се само дел од активностите на ФСЈ кои им овозможуваат на студентите да го развиваат својот интерес и да се усовршуваат во тоа што е нивна определба.

Како влијаеше пандемијата во процесот на учење? Како се адаптиравте тогаш, а како сега, во пост-Ковид ситуацијата?

Среќни сме што на УАКС пандемијата воопшто не се одрази на образованиот процес. Благодарение на отвореноста кон сè што е ново и подготвеноста да се справи со предизвиците на новото време, од кои пандемијата беше (и, за жал, сè уште е) глобален, светски шок, универзитетот остана цврсто исправен. Управата на универзитетот реагираше брзо со воведување на процесот на дигитализација, па така, наставниците ги претворија своите предавања и вежби во електронски формат и без прекин, наставата се префрли од физичка во виртуелна училница. Во таа глобално збунувачка ситуација, горди сме што нашите студенти покажаа исклучителна зрелост и умешност да се справат со непознатото, задржувајќи ја одговорноста во исполнување на своите задачи и продолжувајќи да работат како и дотогаш. Уште повеќе, нивната свест за состојбата ги направи погрижливи кон другите, кога им нудеа безрезервна помош на сите околу нив. За среќа, само општиот страв од непознатото беше единственото што го обележа тој период.

Ако во тој пандемиски период квалитетот на образовниот процес беше недопрен, пост-пандемискиот период е уште полесен. Наставата во физичка предавална им недостасуваше на сите и со воодушевување го пречекаа враќањето во зградата. Но, и дигиталните алатки останаа опција – нешто што ќе може да се комбинира со традиционалниот метод на работа, надевајќи се дека ќе ги користиме во наставата кога ќе сакаме, а не кога ќе мораме. 

Вашиот факултет е специфичен и бидејќи покрај едукативен, тој има и интегративен карактер, односно директно ги воведува студентите во деловниот свет, преку т.н. Деловен Совет. Како изгледа тоа и што тоа реално значи за студентите?

Деловниот Совет е многу главна алка во севкупниот образовен процес и се состои од институции чија дејност е тесно поврзана со профилот на кадрите кои произлегуваат од ФСЈ. Бидејќи нашите дипломци се професори по англиски јазик и преведувачи, членки на нашиот Деловен Совет се образовни институции и преведувачки агенции од земјава и од странство. Во зависност од насоката што избираат да ја студираат, студентите се упатуваат на пракса во соодветната членка на Деловен Совет. Со тоа, тие добиваат можност да ја вкусат работата што ги очекува, и да се зацврстат на тој пат, или да ја променат насоката, но и да ги комбинираат двете. Во текот на тој практичен процес, студентите учат за работата, стекнуваат вештини кои се продолжение на знаењето претставено во училница, учат од практичари-професионалци, се вмрежуваат со свои колеги, се поврзуваат со луѓе со слични интереси со кои им се нуди можност понатаму да создадат трајни кариерни вредности.

Што значи дипломата по странски јазик денес? Колку таа се вреднува и колку се барани Вашите кадри?

Да се знае странски јазик е богатство за секој поединец. Се разбира, духовно богатство, кога секој поединец што знае јазик има неколку предности: на практично, комуникациско ниво – во нова средина, во која не се зборува неговиот мајчин јазик, странскиот јазик е многу практичен медиум за разбирање и комуникација; на когнитивно ниво – учењето и зборувањето друг јазик ги изложува луѓето на нови ситуации, ги прави поснаодливи и умствено активни; и, најважната придобивка за нашите англисти, лингвистичкото ниво – учење на зборовните форми и на реченичната структура и запознавање со англо-саксонската историја и култура. 

Податокот дека наши дипломци се вработуваат уште во текот на првиот циклус студии, дека се сите вработени веднаш по дипломирањето и дека со продолжување на образованието добиваат само подобри работни места и повисоки позиции ни кажува дека е добро тоа што го правиме, и ни дава поттик да се подобруваме и за нас самите, и за нашите студенти.

Свесни сме дека ја носиме обврската да бидеме пример за квалитетно образование бидејќи студентите го очекуваат тоа од нас, и среќни сме што УАКС е една успешна приказна која трае речиси седумнаесет години!           

*Професорката Ванева е и истражувач на University of Surrey, Велика Британија; уредник и рецензент во SAGE, САД и уредник во Cambridge Scholars Publishing, Велика Британија.

економија10 часа ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија18 часа ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании22 часа ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет22 часа ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион22 часа ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија22 часа ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија22 часа ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија22 часа ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју22 часа ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија22 часа ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија1 недела ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија7 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

свет4 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

интервју22 часа ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија22 часа ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

македонија22 часа ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути