македонија
Продолжен е рокот за аплицирање за наградите „Предводници на целите за одржлив развој“

Отворен е повик за доделување на Награди за предводниците на Целите за одржлив развој (ЦОР) од Конект. Се повикуваат сите оние кои вложуваат во практиките за општествена одговорност и во заедниците, а со тоа придонесуваат кон исполнување на најмалку една од Целите за одржлив развој на ОН да аплицираат најдоцна до 28.05.
На барање на бизнисите продолжен е рокот за отворениот јавен повик за доделување на Награди за Предводници на Целите за одржлив развој наменети за компании и поединци од компании. Наградите ќе се доделуваат за спроведени практики во последните 3 години. Критериумите за подобност се поделени во 3 категории и тоа:
- Поединци вработени во компании кои преку својата работа во компанијата иницирале програма или промена која води до реализација на било која од Целите за одржлив развој;
- Компании коишто се предводници во одржливиот развој, стратешки се определени да креираат одржлив бизнис и преку своја конкретна платформа или иницијатива придонесуваат кон реализирање на една или повеќе цели од Целите за одржлив развој; и
- Млади бизнис лидер(к)и од компании на возраст до 35 години кои преку своето работење ги промовираат Целите за одржлив развој и придонесуваат кон нивно реализирање.
Доколку вложувате во практиките за општествена одговорност и во заедниците, а со тоа придонесувате кон исполнување на најмалку една цел од Целите на одржлив развој на ОН, ве охрабруваме да се пријавите.
Крајниот рок за пријавување е 28-ти мај 2021 година. Пријавувањето е по електронска пошта на konekt@konekt.org.mk. Сите информации за аплицирање се достапни ТУКА и во прилог.