Connect with us

регион

Продолжува владеењето на моќните Вучиќ и Орбан

Избори во Србија и Унгарија

објавено

на

Изборите од 3 април во Србија и Унгарија покажаа дека деградирањето на демократијата, на владеење на правото, длабоко вкоренетата корупција, организираниот криминал и широкиот  дијапазон на посткомунистички национализам нема наскоро да исчезнат. Народот во двете соседни земји си ги избра повторно лидерите што практикуваат облик на владеење со цврста рака, проткаен со културен конзервативизам, пријателство со Русија и Кина и силна поддршка на дијаспората – на Унгарците во Романија, Словачка и Украина, односно на Србите на Косово и во Босна и Херцеговина.

Виктор Орбан повторно ќе биде премиер на Унгарија, Александар Вучиќ повторно ќе биде претседател на Србија. Така одлучија мнозинството граѓани на двете земји, на изборите што се одржаа во исто време,  на 3 април.
На Орбан ова му е веќе петта победа на избори, а неговата партија Фидес доби повеќе гласови одошто и самата очекуваше. Вучиќ, пак,  добива втор претседателски мандат, a неговата Српска напредна странка ја продолжува деценијата на контрола над Србија.  Претходно, Вучиќ беше потпретседател на српската влада и премиер, пред да стане претседател на државата во 2017 година.

Фајненшл Тајмс во еден свој неодамнешен осврт напиша дека и покрај славењето на ослободувањето од еднопартискиот комунистички систем во земјите на централна и источна Европа пред повеќе од 30 години, на ова достигнување сега му се заканува опасност од два правци. Од една страна, руската инвазија врз Украина и барањето да се преобликува европскиот безбедносен поредок, го прават регионот загрижен за тешко стекнатата независност. Од друга страна, според ФТ, некои земји доживуваат деградирање на демократијата, на владеење на правото, длабоко вкоренета корупција, организиран криминал и широк дијапазон на посткомунистички национализам.

Изборите од 3 април во Србија и Унгарија покажаа дека, барем во овие две земји, овие подмолни трендови нема наскоро да исчезнат, вели ФТ.

Овие две држави имаат многу заеднички нешта, и покрај тоа што Унгарија е во ЕУ и НАТО, а Србија не е.

Фридом хаус во својот извештај за слободите во светот, обете земји ги категоризираше како „делумно слободни“.

Орбан и Вучиќ практикуваат облик на владеење со цврста рака, проткаен со културен конзервативизам, пријателство со Русија и Кина и силна поддршка на дијаспората – на Унгарците во Романија, Словачка и Украина, односно на Србите на Косово и во Босна и Херцеговина.

Меѓутоа, негувањето на блиските односи со рускиот претседател Владимир Путин не значи дека Унгарија и Србија отворено ја поддржуваат војната на Путин во Украина и ревизионизмот на Кремљ во источна Европа генерално. И Орбан и Вучиќ се изјаснија дека ја поддржуваат независноста и суверенитетот на Украина. Меѓутоа, и двете земји зависат од снабдувањето со гас од Русија, а Србија особено ја цени поддршката од Москва на својата политика кога се работи за прашањето на Косово.

Избори засенети со нееднакви услови за учесниците

Кога се работи за внатрешните прашања, сличноста помеѓу Унгарија и Србија е упадлива. Една од нив е употребата на Орбан и Вучиќ на медиумите и правосудството во своја полза и користење на државните ресурси за своите владејачки партии. Впрочем, и меѓународните набљудувачи на изборите во Србија – претставници на ОБСЕ, ОДИХР, Парламентарното собрание на Советот на Европа и Европскиот парламент –  дадоа оценка дека  изборниот процес го одбележале нееднакви услови за учесниците, кои се последица на фаворизирање на владините претставници од страна на мнозинството медиуми, притисок врз вработените во јавните претпријатија и злоупотреба на административните ресурси.

Слично и во Унгарија, тимот на набљудувачи на ОБСЕ изјави дека изборите биле „засенети“ од неизбалансирана кампања.

Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) испрати целосна набљудувачка мисија на вчерашните избори во Унгарија, вторпат во земја членка на ЕУ, поради загриженоста за правичноста на гласањето. Тие констатираа дека иако гласањето било „добро администрирано и професионално управувано“, тоа било „засенето од недостигот на рамноправи услови“. Широките владини рекламни кампањи и пристрасното информирање во јавните и голем број приватни медиуми обезбедија сеприсутна изборна платформа за владејачката партија, се наведува во прелиминарниот извештај на ОБСЕ.

Опозицијата речиси отсуствуваше од државните медиуми, кои станаа гласноговорник на владејачката партија Фидес во изминатите 12 години од владеењето на партијата. Недостигот на дебати меѓу клучните ривали дополнително ја ограничи „способноста на гласачите да направат информиран избор“, додека употребата на владините пораки во корист на Фидес „ја замаглува границата меѓу државата и партијата“, велат набљудувачите.

Како популисти и недемократи победуваат убедливо среде Европа

Западните медиуми деновиве ја објаснуваат убедливата победа на Вучиќ во Србија, покрај другото, и со перцепцијата кај луѓето дека тој е гарант на стабилноста во сенката на војната во Украина. Неговата земја е кандидат за членство во НАТО, одржува блиски релации со „братска“ Русија и привлекува милијарди евра кинески, но и западни инвестиции. Критичарите го обвинуваат дека обезбедил речиси целосна контрола во општеството и го узурпирал целиот јавен простор.

Вучиќ на изборите се претстави како единствен противотров за неизвесноста што произлегува од војната во Украина, со слоганот „Мир и стабилност“, вели француската агенција АФП и наведува дека претседателот на Србија е горд што за време на своето децениско владеење со државата завршил огромни инфраструктурни програми, вклучително и мрежа на автопатишта. Многумина Срби му се благодарни што одби да ја признае независноста на Косово и што ги искористи своите меѓународни врски за да обезбеди за населението милиони вакцини против корона вирусот, кога тешко се доаѓаше до нив.

Србија ја осуди руската агресија врз Украина, но одби да се придружи кон западните санкции кон Русија, којашто продолжи да ја снабдува со гас по повластени цени.

Во соседна Унгарија пак, како што вели Дојче Веле, Орбан жртвуваше многу за новата победа. Со својот пријателски курс кон Русија ја загрози долгата традиција на полско-унгарското пријателство, како и соработката во рамки на В4. Освен тоа, унгарската влада стори сè за да ја затскрие енормната инфлација во земјата – на родителите им беше вратен данокот на приход, пензионерите добија уште една цела пензија, цените на бензинот и храната беа фиксно утврдени, а покачувањето на цената на струјата беше одложено со огромна државна помош.

„Тоа не може да остане така, бидејќи унгарскиот буџет не може да ги издржи овие мерки на долг рок. Орбан мора да се сврти кон курс на штедење доколку не сака земјата да ја доведе до банкрот. И дипломатската изолација во која самиот ја вовлече земјата, мора да се промени. Мора да се рехабилитираат односите со земјите од Вишеградската група, како и позицијата на Унгарија во ЕУ.“, вели Дојче Веле во својот коментар.

Изборните резултати ја потврдија екстремната поларизација на општеството. Јазот помеѓу градовите и селата и натаму се продлабочува, меѓу другото и идеолошки. Опозицијата ги освои големите градови, Фидес руралните средини.

Овие паралелни светови постојат веќе со години – во едниот Орбан е амбасадор на мирот, кој се бори за правата на земјата и е спасител на нацијата, во другиот тој е корумпиран лажго, кој се држи за Путин и сака да ја извади Унгарија од ЕУ.

„Но, ова мора да заврши. Орбан толку ги продлабочи овие ровови, што на крајот и самиот ќе падне во нив. Мора побрзо да стане свесен за тоа, инаку ќе му биде предоцна.“

економија15 часа ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија23 часа ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании1 ден ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет1 ден ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион1 ден ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија1 ден ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија1 ден ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија1 недела ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет4 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија1 ден ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство