Connect with us

македонија

Што научивме од првата конференција за недвижности во Македонија: Проектите не запираат, доаѓа време на retail парковите, а ESG станува задолжително

Што научивме од првата Конференција за комерцијални недвижности во Македонија?

објавено

на

Првата конференција за комерцијални недвижности во Македонија беше извонредна можност која несомнено обезбеди вредна платформа за професионалците да разменат идеи, да разговараат за трендовите и да се осврнат на предизвиците во индустријата. Ваков тип на конференции се клучни за поттикнување на соработката, вмрежувањето и следењето на најновите трендови и предизвици. На едно место, професионалци од локалниот и меѓународниот пазар и присутните имаа можност да осознаат различни перспективи и да слушнат различни искуства.

Скопје пред дваесетина дена беше сведок на перфектно организиран настан посветен на пазарот за недвижности. Иницирана и организирана од Фортонмка,  на 10 мај се одржа  првата Конференција за недвижности, во хотелот Дабл Три Хилтон  во Скопје. 

Организаторите од Фортонмка, како домаќин на првата конференција од ваков вид во Македонија, покажаа посветеност за промовирање на растот и развојот на секторот за комерцијални недвижности во земјата.

Настанот  беше извонредна можност која несомнено обезбеди вредна платформа за професионалците да разменат идеи, да разговараат за трендовите и да се осврнат на предизвиците во индустријата.

Ваков тип на конференции се клучни за поттикнување на соработката, вмрежувањето и следењето на најновите трендови и предизвици. На едно место, професионалци од локалниот и меѓународниот пазар и присутните имаа можност да осознаат различни перспективи и да слушнат различни искуства.

Инвестиции на пазари во развој

На првата панел дискусија, насловена „Инвестиции на пазари во развој“, се дискутираше за атрактивноста на инвестиции на ваков вид на пазари, не само поради поголемиот приход и поврат на инвестицијата, туку и поради недостатокот на инвеститори, едноставно овие пазари уште не се на “радарот”.

Имајќи го ова предвид, инвеститорите треба да ги искористат предностите на овие специфични пазари пред трансакциите да станат прескапи.

Еден од учесниците на оваа дискусија беше директорот на Технолошките и индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски.

„Презентиравме еден нов модел кој го воведовме на работењето во слободните економски зони, кој овозможува домашните компании градежни но и финансискиот сектор и осигурителните компании да земат дел од колачот од странски инвестиции кои влегуваат во земјава. Минатата година успеавме да заокружиме проекти преку 60 милиони евра, и дополнително работиме на уште три проекти кои ќе овозможат домашниот градежен сектор да влезат во еден инвестициски циклус да земат 100 милиони евра“, изјави Деспотовски.

Покрај Јован Деспотовски, на првата панел дискусија учествуваа и  Сергеј Којнов (управувачки партнер, Intellyway Services), Маја Останек (Директор, Фонд за недвижности Alfi), Стела Дами (партнер и раководител, Colliers International), и Олга Дервенџи (менаџер за бизнис развој, ФОРТОНМКА).

Финансирање на проекти

На втората панел дискусија „Финансирање на проекти“, се разговараше за улогата на финансиските институции како неминовен чинител за успешна реализација на инвестициите од страна на компаниите. Учесниците, финансиските институции и инвеститорите беа категорични дека и покрај економската несигурност, побарувачката за финансирање на проекти во комерцијален недвижен имот не е намалена. Се потенцираше дека довербата меѓу страните е неопходна, додека пак експертското знаење за оценка за исплатливоста на вложувањата е суштина при одлучувањето за финансирање на проектите.

Од банките рекоа дека остануваат посветени на тоа на потенцијалните корисници на нивните кредити да им помогнат во поквалитетно креирање на бизнис планови, со што би се избегнале евентуалните проблеми предизвикани од менување на економските услови, пазарни шокови, инфлација, итн.

Заклучокот беше дека не се чувствува некакво забележително намалување на побарувачката за кредити, како од страна на самите градежни компании, но и од крајните корисници на станбениот и деловниот простор, иако во наредниот период може да се очекува извесно забавување  поради кризата.

Панелистите истакнаа и дека концептот на општествена одговорност, односно одржливост или ESG, станува се’ повеќе незаобиколен дел на инвестициските проекти во секторот недвижности. Или како што кажа еден од учесниците, компанија која не води сметка за аспектите на одржливост, се’ потешко или воопшто нема  да биде квалификувана за да добие финансирање од банките, ниту пак осигурителни и други услуги на пазарот.

На овој панел учествуваа Александар Тодоров (директор, филијала за корпоративни клиенти, ПроКредит Банка), Игор Стојнев (консултант, Жикол Груп), Марија Томеска (претседател на управен одбор, Еуролинк Осигурување), Елмедин Адеми (извршен директор, Еуровиа Груп), Џан Мемед (директор на Дирекцијата за корпоративен маркетинг и проектно финансирање, Халкбанк  АД Скопје).

Потреба за развивање на логистички паркови

На панел дискусијата „Потреба за развивање на логистички паркови”, се елаборираше што ја движи потребата за развој на логистички капацитети: е -трговијата, потребата стоката да биде блиску до крајниот корисник, како и релокацијата на лесната индустрија во регионот. Целосната слика за потребата од  логистички капацитети беше претставена од страна на говорници кои се позиционирани на различни делови на “supply chain“, поточно од инвеститори до корисници во нашата држава, но и во државите на Југоисточна Европа.

На оваа панел дискусија говорници беа  Влатко Ѓуричек (генерален директор за Србија, БЕСИКО), Влатко Безоски (директор за продажба и маркетинг, Quehenberger Logistics Macedonia), Дејан Јакимовски (извршен директор, Дени Интернационал – Скопје), Јири Суремка (генерален управувачки партнер, complexRE), и Игор Трпковски (генерален директор, Sport Vision).

Што е следно за канцеларискиот простор?

На четвртата панел дискусија „Што е следно за канцеларискиот простор?“, разновидна група експерти разговараше за клучните двигатели при креирање на идни стратегии за работната средина.

Канцеларискиот простор ќе треба да даде бенефиции на работниците што не можат да ги најдат на друго место. По Ковид пандемијата, во која се актуелизираше хибридниот модел на работење, компаниите се враќаат на основниот принцип на работа со физичко присуство во канцелариите.

Учесници на овој панел беа Иван Мирковски (извршен директор, Smart Living Group), Миа Зечевиќ (сопственик и директор, Novaston), Илија Господинов (претседател на УО, МАСИТ) и Катарина Николов (извршен директор, Фортонмка)

Оставаме белег. Што значи ESG?

На панел дискусијата „Оставаме белег. Што значи ЕСГ (ESG)?” се дискутираше околу важноста за еден од најголемите трендови во доменот на инвестициите – ЕСГ (ESG), кој има цел да ги поттикне компаниите да ги базираат инвестициите врз основа на влијанието на компанијата врз животната средина, социјална одговорност и транспарентно раководење кое се потпира на највисоките етички норми и стандарди при водење бизнис. Преку практични примери согледавме дека нашите компании ја уважуваат и започнуваат имплементацијата на ЕСГ (ESG) со цел да бидат во тек со светските трендови.

Учесници на оваа панел дискусија беа Димитар Ристовски (корпоративен секретар, Алкалоид), Наташија Ли (директор, ESG Pro и Ивица Јевтиќ (управувачки партнер, Адвокатско друштво Тошиќ и Јевтиќ , Скопје).

Last, but not least: станбен простор

На последната панел дискусија за пазарот на станбен простор, во фокусот беа предизвиците и влијанието кои ги создаваат економските кризи, трендовите на домување, како и иднината на пазар со станбен простор. Експертски мислења од стана на панелистите за понудата и побарувачката која покрај зголемувањето на цените и затегнувањето на монетарната политика остана стабилна. Пазарот со станбен простор останува во фокусот на локалните инвеститори но за сериозен развој на истиот, најголемиот предизвик е неносењето на ДУП-ови или нереализирање на истите од страна на општините.

Учесници на овој последен конференциски панел беа Мартин Пановски (архитект на проектот ГРАНД Скопје и косопственик Радиус Архитекти), Александар Стефанов (член на управен одбор Фабрика Карпош АД), Велимир Петровски (директор за продажба, КНАУФ), Фатмир Етеми (сопственик, генерален директор, ЗСФ КОМ), Александар Ивановски (сопственик, генерален директор Порта Инженеринг Груп), и Сашо Цветковски (раководител на оддел за станбен простор, Фортонмка).

Дискусиите им овозможија на присутните да истражуваат на различни теми поврзани со комерцијалните недвижности, како што се стратегиите за инвестирање, динамиката на пазарот, регулаторниот развој, одржливоста, стандардизација, технолошкиот напредок и новите трендови.

Првата Конференција за комерцијални недвижности во Македонија беше организирана со поддршка од спонзорите: платинум спонзор беше ФОРТОНМКА, златен спонзор ГРАНД Скопје, сребрени спонзори на настанот беа Адвокатското друштво ТОШИЌ и ЈЕВТИЌ; ЕУРОЛИНК  осигурување; Ф-ка КАРПОШ Скопје; KNAUF; POINT RETAIL PARK; GIPS IMOBILIA; Архитектонско студио SUPER BLOCK, BAHAS HARMONY BARDOVCI VILLAGE,  HALKBANK АД Скопје; EUROVIA GROUP, како и TV 21.

економија2 дена ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија2 дена ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании2 дена ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет2 дена ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион2 дена ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија2 дена ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија2 дена ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки6 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет5 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

македонија2 дена ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

интервју2 дена ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија2 дена ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија2 дена ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал