Connect with us

економија

Производителот на „Ладна“ со нова инвестиција од 300 илјади евра

објавено

на

Компанијата „Магрони“ инвестираше во опрема со највисок квалитет за полнење природна изворска вода „Ладна“ во повратна PC амбалажа од 19 л и во неповратна PET амбалажа од 10 л, од реномираниот производител R.Bardi S.r.l од Фиренца, Италија.

Следејќи ги најсовремените светски стандарди и трендови, компанијата за производство и за дистрибуција на природна минерална вода и на природна изворска вода, „Магрони“, кон крајот на минатата година, и покрај сериозните ограничувања поради пандемијата, направи значајна инвестиција од повеќе од 300.000 евра за зголемување на капацитетот и подобрување на производствениот процес на фабриката. Новата опрема веќе претставува активен дел од производствениот процес.

Се работи за опрема со највисок квалитет за полнење природна изворска вода „ладна“ во повратна PC амбалажа од 19 л и во неповратна PET амбалажа од 10 л, од реномираниот производител R.Bardi S.r.l од Фиренца, Италија. Со опремата, која е изработена од висококвалитетни материјали и елементи од машински, електро и од софтверски аспект, се модернизираше производствениот процес и се овозможи поголем капацитет за полнење висококвалитетен производ на дневна база.

Посветеноста на „Магрони“ на квалитетот и на желбата за иновација ја мотивира компанијата постојано да бара начини на кои ќе ги подобри работата и својот краен производ.

Значајни карактеристики на новата опрема за полнење вода се: висока ефикасност, најсофистициран патентиран систем на миење и дезинфекција на повратна амбалажа во пет чекори, целосно автоматизирано полнење, заштита од секакви надворешни влијанија и контаминации на производот, автоматизиран процес на апликација на капаче и етикета, како и независен пневматски уред за отстранување капачиња од повратната амбалажа. Функционирањето на опремата е во согласност со системите за заштеда на вода и на енергија, со што компанијата уште еднаш ја потврдува својата долгорочна определба за заштита на животната средина.

„Досега работиме успешно, но за да ја продолжиме успешната приказна мораме да дадеме максимум бидејќи знаеме дека потрошувачите го очекуваат токму тоа од нас. Постојано инвестираме во унапредување и во осовременување на опремата и на фабриката во целост, со цел да обезбедиме колку што е можно подобри услови за работа и најдобар можен производ за нашите потрошувачи. На крајот од денот, свесни сме дека тие во нас вложуваат нешто многу важно – својата доверба“, изјавија од „Магрони“.

економија2 дена ago

Алкалоид со поголеми приходи и добивка лани: компанијата стигна до 200 милиони евра вкупен обрт

банки3 дена ago

Комерцијална банка: Дезинформациите и конструкциите на Трифун Костовски против нас се плод на неговиот личен неуспех

економија2 дена ago

Адора и официјално го претстави првиот градежен проект во Србија

македонија5 дена ago

Заев: Очекувам Сашо Мијалков да биде пронајден и ставен во притвор

економија3 дена ago

Коста Петров: Ќе ги мотивираме големите компании да го помогнат развојот на стартапите

интервју21 час ago

Суат Инан: И покрај пандемијата, со нашата силна структура и иновативни пристапи во 2020 година постигнавме раст од 57%

коментари21 час ago

Марјан Петрески: Дивиденда, два слоја и ровер

економија21 час ago

Македонската економија на среден и долг рок (5)

економија21 час ago

Standard & Poor’s бара реформи за да го зголеми кредитниот рејтинг

економија21 час ago

Антикризни мерки за збогум на корона – кризата