Connect with us

економија

ПроКредит Банка и ФИТР потпишаа Меморандум за соработка

објавено

на

Како што информираа од ПроКредит Банка, согласно Меморандумот, посебен акцент ќе биде ставен на идентификување на потенцијалните компании корисници на финансиска поддршка од ФИТР кои би имале интерес за дополнително финансирање од страна на Банката, но и за поддршка на компании кои немаат друг извор на финансирање, со цел унапредување на нивното работење и реализација на нивните бизнис планови.

Со цел продлабочување на меѓусебната соработка и олеснување на пристапот до финансиски средства на бизнисите, пред се микро и стартап компаниите, ПроКредит Банка денеска потпиша Меморандум за соработка со Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).

Меѓусебната соработка помеѓу страните потписници ќе се реализира во различни домени од делокругот на нивната работа.

Како што информираа од ПроКредит Банка, согласно Меморандумот, посебен акцент ќе биде ставен на идентификување на потенцијалните компании корисници на финансиска поддршка од ФИТР кои би имале интерес за дополнително финансирање од страна на Банката, но и за поддршка на компании кои немаат друг извор на финансирање, со цел унапредување на нивното работење и реализација на нивните бизнис планови.

„Преку соработката со ПроКредит Банка ја засилуваме поддршката за сите микро, мали и средни компании, вклучувајќи ги и стартап компаниите. Сигурен сум дека со оваа соработка, во следниот период активно ќе допреме до сите иновативни компании во државата и ќе им дадеме шанса на сите млади, иновативни бизниси кои што имаат потреба од финансии и поддршка за реализирање на нивните бизнис планови и идеи. Продолжуваме да ги слушаме потребите на стартап заедницата и активно работиме на изнајдување на решенија за полесна реализација на нивните идеи изјави Фестим Халили, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.

Имено, во насока на унапредување на соработката меѓу ПроКредит Банка и Фондот ќе бидат реализирани и заеднички едукативни и промотивни активности поврзани со можностите за финансирање на домашните компании од страна на Банката и ФИТР, како и активности за надградување на знаењето со цел сигурен бизнис развој и комерцијализација на иновации.

„Веќе 20 години главна мисија на банката е поддршка на бизнис заедницата со фокус на малите и средни претпријатија, а изминатата година започнавме и со активна поддршка на стартапите. Постојано работиме на унапредување на услугите и можностите за нив, па токму и соработката со ФИТР ја докажува нашата посветеност кон создавање подобри можности за младите компании во првите чекори кон градење на нивниот успех“, истакна Стевче Кузмановски, член на Управениот одбор на ПроКредит Банка.

Значајна придобивка за новоотворените компании е тоа што ПроКредит банка ќе обезбеди и дополнителна финансиска поддршка преку Стартап пакетот. Пакетот вклучува целосно бесплатно одржување на сметката за првите две години од датумот на основање на компанијата, бесплатни трансфери во домашен платен промет и бесплатни приливи од странство. Повеќе информации за пакетот на: https://www.pcb.mk/startapi.nspx

Дополнителна, уникатна можност која се нуди за сите стартап компании и фриленсери е и новиот модерно уреден и иновативен co-working простор Hive Room кој може да се користи бесплатно со аплицирање на следниот линк: https://www.pcb.mk/hiveroom/mk. Hive Room е партнерски проект на ПроКредит Банка, Quipu и Мастеркард за поддршка на локалната заедница, поттикнување иновации и развој на локалните бизниси.

коментари3 дена ago

Со АмЧам на тема…Технолошката експанзија неминовно ја потенцира потребата од заштита на интелектуалната сопственост

македонија4 дена ago

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

македонија6 дена ago

Анализа на Инсајдер ИД и ЕБОР: Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија?

банки6 дена ago

ПроКредит Банка обезбеди дополнителни 60 милиони евра финансиска поддршка за македонските мали и средни претпријатија во соработка со ЕИФ

банки1 недела ago

Нова понуда на хипотекарен кредит од УНИБанка

економија1 недела ago

Брако ќе промовира ново електрично возило на саем во Минхен

банки3 недели ago

Годишниот Извештај за одржливост на ПроКредит Групацијата покажува значителен придонес врз општеството и животната средина

технологии / компании3 недели ago

Таман се навикнавме на четботовите, доаѓаат и AI агенти

регион3 недели ago

Букурешт, Загреб и Атина стануваат сѐ поголеми „чувари на податоци“ на светските технолошки компании

интервју3 недели ago

Марија Кукуноска: Безбедноста и заштитата се фундамент за успешен и одржлив бизнис во време на бројни ризици и кризи