Connect with us

македонија

ПроКредит Банка, Кипу и Мастеркард обезбедија бесплатен коворкинг простор за поддршка на стартапите и фриленсерите

објавено

на

#HiveRoom е модерно опремен канцелариски простор, исполнет со дневна светлина и отворен поглед кон околината, и располага со 6 работни позиции кои модуларно можат да се користат за еден тим или за 6 индивидуалци. #HiveRoom се наоѓа на во рамки на новиот коворкинг простор на компанијата Property One на бул. „8ми септември бр. ¾”.

Водени од својата посветеност за поттикнување иновации и економски прогрес преку поддршка на локалната заедница, ПроКредит Банка, Кипу и Мастеркард, нудат единствена можност за сите стартапи и фриленсери – целосно бесплатно користење на новиот коворкинг простор #HiveRoom. Разбирајќи ги потребите на модерните професионалци, и препознавајќи ги стартапите и фриленсерите како двигатели на модерното време, целта на овој партнерски проект  е обезбедување место за размена на идеи и знаења и креирање на силна заедница која ќе донесе позитивни промени и ќе поттикне развој на нашето општество.

„ПроКредит банка веќе 20 години е препознатлива како партнер на малите и средни бизниси, и овој проект е наш следен чекор кон придвижување кон новите модерни времиња и новите форми на претприемништво. Со обезбедување пристап до најсовремен простор за соработка, се надеваме дека ќе инспирираме и негуваме иновативни решенија и идеи, ќе им ја дадеме неопходната поддршка на стартап компаниите и фриленсерите, а преку тоа ќе придонесеме за јакнење на локалната економија, создавање работни места и растот на бизнис заедница.“ , изјави Милан Дамчевски, член на УО на ПроКредит Банка.

Андреј Џорџеску, претседателот на Управниот одбор на Кипу, посочи дека поддршката на стартапите и фриленсерите во процесот на развој на нивниот бизнис, вештините и партнерствата, не е само во насока на индивидуален раст, туку и кон создавање на силна бизнис заедница и поттикнување на креативноста и иновативноста. #HiveRoom не е само деловен простор што нуди солидна инфраструктура, туку и место што ќе им даде на стартапите и фриленсерите можност за вмрежување и консалтинг услуги, со што ќе се постават на вистинскиот пат кон успехот.“, наведе Џорџеску.

„Фриленсерите и стартапите го менуваат начинот на работење во модерното време. Во таа насока сметаме дека поддршката кон нив е клучна за јакнење на бизнис заедницата.“, истакнаа од Мастеркард.

#HiveRoom е модерно опремен канцелариски простор, исполнет со дневна светлина и отворен поглед кон околината, и располага со 6 работни позиции кои модуларно можат да се користат за еден тим или за 6 индивидуалци. #HiveRoom се наоѓа на во рамки на новиот коворкинг простор на компанијата Property One на бул. „8ми септември бр. ¾”. Корисниците на овој простор имаат дополнително можност за користење на сите заеднички простории на Property One, вклучувајќи ги зоните за релаксација, кујна со бесплатни топли пијалаци, приватни шкафчиња, како и специјални простории за телефонски разговори.

За да бидете дел од HiveRoom потребно е да аплицирате на специјалната веб страна Hive Room | ProCredit Bank (pcb.mk) , со што фриленсерите имаат можност да резервираат една недела бесплатен пристап до #HiveRoom, a за стартапите е овозможена опција за двонеделно користење на просторот. По пополнување на апликацијата, сите селектирани кандидати ќе бидат контактирани од тимот на HiveRoom, а селекцијата на кандидатите е по случаен избор согласно капацитетот на самиот простор.

Преку проектот #HiveRoom ПроКредит банка ја потврдува својата стратешка позиција како банка која ја поддржува локалната стартап и фриленс заедница. Понудата на бесплатен коворкинг простор се надоврзува на досега лансираните специјални продукти Фриленс Пакет и Стартап Пакет преку кои банката нуди уникатни услуги и поволности кои ги пресретнуваат проблемите во доменот на менаџмент на финансии со кои се соочуваат младите бизниси и поединците кои самостојно ги нудат своите вештини и услуги на странски пазари.

#HiveRoom ќе служи и како место за организација на тематски работилници и едукативни настани кои ќе бидат бесплатни и отворени за сите заинтересирани посетители со желба да разменат искуства и идеи, или да надоградат некоја своја вештина.

За повеќе информации, посетете ја веб страната Hive Room | ProCredit Bank (pcb.mk)

коментари3 дена ago

Со АмЧам на тема…Технолошката експанзија неминовно ја потенцира потребата од заштита на интелектуалната сопственост

македонија4 дена ago

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

македонија6 дена ago

Анализа на Инсајдер ИД и ЕБОР: Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија?

банки6 дена ago

ПроКредит Банка обезбеди дополнителни 60 милиони евра финансиска поддршка за македонските мали и средни претпријатија во соработка со ЕИФ

банки1 недела ago

Нова понуда на хипотекарен кредит од УНИБанка

економија1 недела ago

Брако ќе промовира ново електрично возило на саем во Минхен

банки3 недели ago

Годишниот Извештај за одржливост на ПроКредит Групацијата покажува значителен придонес врз општеството и животната средина

технологии / компании3 недели ago

Таман се навикнавме на четботовите, доаѓаат и AI агенти

регион3 недели ago

Букурешт, Загреб и Атина стануваат сѐ поголеми „чувари на податоци“ на светските технолошки компании

интервју3 недели ago

Марија Кукуноска: Безбедноста и заштитата се фундамент за успешен и одржлив бизнис во време на бројни ризици и кризи