Connect with us

македонија

ПроКредит Банка организираше настан „Дигитална еволуција: Одговорност на бизнисите кон иднината “

објавено

на

На настанот, ПроКредит ги претстави ефектите од дигитализацијата и можностите за малите и средни претпријатија.

ПроКредит Банка како докажан лидер во дигитализацијата во македонскиот банкарски сектор и понатаму продолжува да ја промовира дигитализацијата, овој пат со фокус на малите и средни претпријатија.  За таа цел, ПроКредит Банка го организираше настанот „Дигитална еволуција: Одговорност кон иднината на бизнисите“, на кој присуствуваа претставници од над 50 домашни компании од приватниот сектор, компании кои нудат дигитални услуги, како и претставници од институции кои нудат финансирање, пред кои беа претставени придобивките кои би ги оствариле со примена на дигиталните технологии во рамки на своето работење.

Настанот го отвори  Емилија Спировска, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка, која во својот поздравен говор ја истакна важноста на дигитализацијата на малите и средните претпријатија која ќе отвори можности тие да ги оптимизираат своите работните процеси, да ги зголемат конкурентноста и приходите и да ги намалат трошоците како и да  ги следат новите пазарни движења и да ги задоволат потребите на своите клиенти. Таа истакна дека дигитализацијата претставува еволуција во начинот на работење, размислување и однесување на компаниите што несомнено е иднината на бизнис секторот.

Настанот беше организиран во три сесии каде претставниците од локалните компании кои нудат дигитални решенија, Маранд Консалтинг, Некстсенс, Инфо Биро и Инбокс, ги презентираа своите продукти за мали и средни претпријатија, а од друга страна претставници од Никоб, Комфи Ангел и Кентаур Импекс ги презентираа своите успешни приказни во имплементацијата на дигитални решенија и нивниот ефект врз работењето во рамки на своите компании. Во последната сесија претставниците од ЕБРД, ГИЗ и ИМЕ ги презентираа можностите за финансирање преку достапните грант шеми и финансиски поволности за инвестиција во дигитални решенија.

Милан Дамчевски, член на Управниот одбор на ПроКредит Банка на инспиративната панел дискусија истакна дека со дигиталната трансформација и употребата на напредни дигитални инструменти за ефикасно управување со бизнисите, полесно ќе се остваруваат успешните приказни на малите и средните претпријатија и во иднина.

Во завршниот говор, ПроКредит најави организација на серија на настани кои ќе изградат мост помеѓу бизнис секторот, компаниите кои нудат дигитални решенија и институциите кои се клучни во процесот на дигитална еволуција и се главни двигатели на економскиот раст во земјата.

технологии / компании1 ден ago

Креативна вештачка интелигенција: Девет алатки што ќе ви ги сменат животот и работата

политика1 ден ago

Планот на Мишел за рушење на Фон дер Лајен

регион1 ден ago

Во Хрватска има неколку амбициозни проекти за развој на роботи

македонија1 ден ago

Двојна диплома на Универзитетот Католика од Милано и Универзитетот Американ Колеџ Скопје

економија1 ден ago

Балканската рута на трговија со фалсификувани производи

македонија1 ден ago

Мукаетов од Алкалоид и Ниновски од Бреинстер споделија искуства со младите

економија1 ден ago

Анализа МАСИТ: Речиси 1,5 милијарди евра приходи оствариле ИКТ компаниите лани

банки1 ден ago

Безготовинските плаќања зголемени за 30%, значителен раст на токенизираните трансакции

македонија1 ден ago

Delfino Mobility Group го лансира автомобилскиот бренд Geely во Македонија

економија1 ден ago

Специјален прилог: Топ 6 трендови во меѓународниот транспорт за 2024

коментари1 недела ago

Со АмЧам на тема…Балканската рута на трговија со фалсификувани производи

економија1 недела ago

Фортонмка успешно реализира продажба на објект од 9,5 милиони евра на ЛИДЛ

економија1 недела ago

ПроКредит Банка прави чекор напред во поддршка на малите и средните претпријатија – се одржа втората бизнис конференција „Дигитална еволуција“

Фасхион1 недела ago

„Божиновски“ ексклузивно ги претстави новитетите на Брајтлинг

македонија4 дена ago

УНИБанка го поддржа одбележувањето на 100 годишниот јубилеј на Светската Шаховска Федерација

македонија5 дена ago

Продолжуваат заедничките хуманитарни активности на „Алкалоид“ и „Црвен крст“: Заедно можеме повеќе!

економија3 дена ago

ССК: Зелената транзиција на македонските компании е без алтернатива

банки1 ден ago

Пет небанкарски компании веќе добиле дозвола за давање платежни услуги во Македонија и прекугранично

македонија1 ден ago

Delfino Mobility Group го лансира автомобилскиот бренд Geely во Македонија

регион1 ден ago

Европа ќе ја обновува природата со закон, земјоделците бесни