Connect with us

технологии / компании

ПроКредит Банка прва банка во земјата со 70% електричен возен парк

објавено

на

ПроКредит Банка првото хибридно возило го набавила во 2013 година. По позитивното искуство, во 2015 година набавиле 4 електрични возила. Постепено ја зголемувале бројката за сега веќе возниот парк да им брои 10 електрични и 1 хибридно или 70% од нивниот вкупен возен парк се електрични возила.

„ПроКредит Банка е општествено одговорна компанија и во нашето секојдневно работење се стремиме да придонесеме за зачувување на животната средина и намалување на негативното влијание врз неа. Континуирано се залагаме и вложуваме во нашата еко иницијатива #СеГрижамДелувамМенувам која придонесува кон почисто окружување и подобар квалитет на животот.“, се вели во соопштението што стигна од ПроКредит Банка денеска.

„Во нашата банка негуваме еден одржлив модел на управување во кој еколошката и општествената одговорност одат рака под рака со деловните остварувања. Оттука произлезе и иницијативата за целосна промена на нашиот возен парк, како и фактот дека 20% од аеро -загадувањето во Скопје е предизвикано од возила на фосилни горива.

ПроКредит Банка првото хибридно возило го набави во 2013 година. По позитивното искуство, во 2015 година набавивме 4 електрични возила. Постепено ја зголемувавме бројката за сега веќе возниот парк да ни брои 10 електрични и 1 хибридно или 70% од нашиот вкупен возен парк се електрични возила.

Овој месец возниот парк го обновивме со две нови електрични возила од марката Фолксваген ИД 3. Со што сме првата компанија во земјата и во регионот која ги воведува овие возила во својот возен парк.  Електричното возило Фолксваген  ИД 3. со едно полнење, се очекува да помине преку 400 километри. Со овие перформанси, ова возило комплетно ги задоволува нашите потреби на патување низ земјата, без потреба за дополнување на батеријата додека сме на пат.

ПроКредит Банка исто така има и сопствена фотоволтаична  централа за производство на струја, која е поставена на кровот на зградата на централната управа. Во моментов 25% од произведената струја целосно ги задоволува потребите на нашиот електричен возен парк.

Исто така, поставивме и 3 полначи  за јавна употреба на две локации во Скопје.

Со ова повторно докажавме дека сме чекор пред другите. Издвојуваме сериозни ресурси и имаме организациска  поставеност за активно управувањето со животната средина.

Нашиот систем за управување со животната средина е сертифициран со меѓународниот сертификат ISO 14001 и преставуваме првата Банка на пазарот со овој сертификат.“

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

македонија6 часа ago

Десет проекти на Publicis Groupe Skopje беа наградени за најдобри маркетинг кампањи во Адриатик регионот

економија2 дена ago

Триглав Осигурување со нов производ за осигурување на дом, Мој дом

македонија4 дена ago

Случајот Анѓушев против Цветковска од ИРЛ повторно на суд

банки6 дена ago

УНИБанка успешно го одржа третиот тениски турнир „UNIBank Invitational 2023“

економија1 недела ago

Фероинвест/Централинвест изгради биогасна електрана

банки1 недела ago

ПроКредит холдингот со зголемен профит во првиот квартал

економија1 недела ago

Мукаетов за српски “Профит“: Глобализацијата на брендот „Алкалоид“ останува наш фокус

банки2 недели ago

„#ПроВозиСе со ПроКредит и Mastercard” и добиј нов градски велосипед

економија2 недели ago

Возилата на „Брако“ ќе го чистат Крит

македонија2 недели ago

Прогресив – единствена акредитирана академија за извршни менаџери во Македонија