Connect with us

банки

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

објавено

на

Корпоративната прослава по повод 20 години раст и успех е само дел од роденденската кампања на ПроКредит Банка. Под слоганот „Пример за одговорност“, преку лични примери Банката креираше кампања која покажува дека општествената одговорност не подразбира само донација, туку е систематизиран принцип на работа кој опфаќа низа одговорни практики со кои се инвестира во подобра иднина за сите.

ПроКредит Банка вчера организираше прослава по повод 20 годишното постоење на македонскиот пазар. Во прекрасниот простор на ПроКредит Академијата на Велешко Езеро со над 850 гости, менаџерскиот тим на Банката беше домаќин на своите клиенти, видни личности од македонската банкарска индустрија, партнери и медиуми, меѓу кои и гувернерката на Народна банка на РСМ Анита Ангеловска-Бежоска и германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер.

Прославата беше одлична можност за потсетување на почетоците. ПроКредит отсекогаш била развојно ориентирана банка, фокусирана на поддршка на мали и средни претпријатија, дигитализација и иновација, како и застапник на одговорно работење и негување вистински вредности. Изминатите 20 години Банката успеа да даде значаен придонес кон развој на локалната економија, поддршка на извозот и креирање на нови работни места.

„Во изминатите 20 години постигнавме исклучителни резултати. ПроКредит банка поддржа над 4.000 македонски компании и денесе еден од главните играчи во македонскиот банкарски сектор, со кредитно портфолио од речиси половина милијарда евра, од кои 90% се кредити за поддршка на бизниси и пазарен удел од 15% во сегментот мали и средни претпријатија. Сето ова ни дозволува да си поставиме амбициозни очекувања и за во иднина.“, истакна пред присутните, претседателот на Надзорниот одбор на ПроКредит Банка, Јованка Јолеска Поповска.

ПроКредит Банка се издвојува на македонскиот пазар како пионер во дигитализацијата на банкарството, почнувајќи од 2015та со отворање на зоните 24/7 преку замената на класичните банкарски филијали и воведување на дигитална платформа за кредитните и административните барања на клиентите, па се до иновација, промоција и поддршка на дигиталната еволуција кај малите и средни компании, кои се нивни најбројни клиенти.

Горда сум на тимот  на посветени и силни професионалци со високи етички вредности, вредни, упорни, со  висок степен на одговорност и личен интегритет кои неуморно работеа на поставување на нови, повисоки стандарди во банкарството, висок квалитет на услуги и  висока професионалност.

ПроKредит банка 20 години претставува пример за одговорност, но тука не застануваме. Продолжуваме со нашата мисија да обезбедиме одговорни и одржливи финансиски услуги кои придонесуваат за развој на домашната економија, општеството и животната средина, нудејќи иновативни дигитални решенија и промоција на енергетска ефикасност”, заклучи во своето излагање Јолеска Поповска.

Корпоративната прослава по повод 20 години раст и успех е само дел од роденденската кампања на ПроКредит Банка. Под слоганот „Пример за одговорност“, преку лични примери Банката креираше кампања која покажува дека општествената одговорноста не подразбира само донација, туку е систематизиран принцип на работа кој опфаќа низа одговорни практики со кои се инвестира во подобра иднина за сите.

Комерцијален ПР текст

коментари3 дена ago

Со АмЧам на тема…Технолошката експанзија неминовно ја потенцира потребата од заштита на интелектуалната сопственост

македонија4 дена ago

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

македонија6 дена ago

Анализа на Инсајдер ИД и ЕБОР: Како „дише“ пазарот за широка потрошувачка во Македонија?

банки6 дена ago

ПроКредит Банка обезбеди дополнителни 60 милиони евра финансиска поддршка за македонските мали и средни претпријатија во соработка со ЕИФ

банки7 дена ago

Нова понуда на хипотекарен кредит од УНИБанка

економија1 недела ago

Брако ќе промовира ново електрично возило на саем во Минхен

банки3 недели ago

Годишниот Извештај за одржливост на ПроКредит Групацијата покажува значителен придонес врз општеството и животната средина

технологии / компании3 недели ago

Таман се навикнавме на четботовите, доаѓаат и AI агенти

регион3 недели ago

Букурешт, Загреб и Атина стануваат сѐ поголеми „чувари на податоци“ на светските технолошки компании

интервју3 недели ago

Марија Кукуноска: Безбедноста и заштитата се фундамент за успешен и одржлив бизнис во време на бројни ризици и кризи