банки
Прокредит Банка со нова докапитализација од 13 милиони евра

Купувач на целата емисија на акции е единствениот акционер на Банката ProCredit Holding AG & Co. KgaA, со седиште во Ромерплац 33-37 (Rohmerplatz 33-37) 60486 Франкфурт на Мајна, Сојузна Република Германија.
Прокредит банка АД Скопје изврши зголемување на капиталот на банката за дополнителни 13.000.000 еур.
Врз основа на Решението на Комисијата за хартии од вредност УП 1 Број 10-283 од 11.11.2022 година, одобрена е VI-та емисија на хартии од вредност по пат на приватна понуда. Со тоа, ПроКредит Банка А.Д. Скопје изврши зголемување на основната главнина со издавање на 2.600.000 обични акции со номинална и продажна вредност од 5 евра по акција, во денарска противвредност. Купувач на целата емисија на акции е единствениот акционер на Банката ProCredit Holding AG & Co. KgaA, со седиште во Ромерплац 33-37 (Rohmerplatz 33-37) 60486 Франкфурт на Мајна, Сојузна Република Германија.
ПроКредит Банка е единствената банка со Германски капитал на пазарот, лидер во процесот на дигитализација и докажан партнер на бизнисот во земјата. Преку зголемувањето на основните средства, банката обезбедува оптимална адекватност на капиталот , како основа за континуирана поддршка на инвестициите на бизнис клиентите и физичките лица и раст на кредитното портфолио.
ПР текст