Connect with us

банки

ПроКредит Банка со раст на кредитното портфолио и добивката во 2022

објавено

на

ПроКредит достигна 20% учество на еко-портфолиото во вкупното кредитно портфолио, процент кој е видно поголем од просекот на банкарскиот сектор.

Во 2022 година ПроКредит оствари значително позитивни деловни резултати над 17% раст на бројот на бизнис клиенти и над 12% раст на бројот на физички лица, 17% раст на депозитите, 50% пораст на профитот, како и раст на кредитното портфолио во вкупна вредност од 12,4 милиони  евра, каде особено е значителен растот во делот на физички лица кој изнесува 22%. Дополнително, од особено голема важност е и ниското ниво на нефункционални кредити од 1,78% што е под просекот на банкарскиот сектор, како и 20% учество на Екопортфолиото во вкупното кредитно портфолио, процент кој е видно поголем од просекот на банкарскиот сектор.

Показател за довербата која што ја имаат клиентите во банката е значителното зголемување на депозитната база. Во текот на 2022 година истата се зголеми за 68 милиони евра или 17% и достигна ниво од 480 милиони евра. Позитивниoт тренд е сигнал дека работењето на ПроКредит Банка е стабилно, а анализираните ризици се соодветно менаџирани, на ниско ниво. Потврда за тоа е високиот кредитен рејтинг на ПроКредит Банка (BBB-), оценет од страна на реномираната меѓународна агенција Fitch, со што ПроКредит е единствена Банка во Македонија со ваков меѓународен рејтинг.  

Како дел од систематизираниот ESG пристап, ПроКредит и во 2022 продолжи со креирање позитивен импакт на пазарот за инвестиции во соларната енергија, како начин за справување со климатските промени и декарбонизација на Македонскиот енергетски систем. Организирајќи едукативни работилници за предностите од инвестициите во фотоволтаични централи, на настаните земаа учество преку 150 присутни, претежно мали и средни компании, но и физички лица.

Проактивната улога која ПроКредит ја има во подигнување на свесноста резултираше со поддршка на преку 120 инвестиции во соларната енергија за сопствена употреба од преку 30МВ во инсталиран капацитет. Влијанието што ПроКредит Банка го има на пазарот е уште поголемо, ако се земе предвид дека значаен број на клиенти се одлучија да инвестираат и без потреба од финансиска поддршка.  

ПроКредит Банка продолжува да биде поддршка на физичките лица и бизнис секторот. Банка која поставува стандарди за одржлива, одговорна и етичка банка чиј фокус е економскиот раст и развој со силен фокус на зелените инвестиции и дигитализацијата.

Во 2023 година ПроКредит Банка го прославува јубилејот – 20 години успешно дејствување на пазарот и продолжува со иновациите. Од Банката најавуваат дека една од новините кои ќе бидат воведени и со која ќе се заокружи комплетното дигитално искуство ќе биде можноста за користење на дигитален идентитет за отворање на сметка во Банката и потпишување на документи и договори.

економија12 часа ago

Утре во Скопје започнува Годишната конференција на Виенската иницијатива – еден од најголемите собири во областа на финансиите во Европа

економија14 часа ago

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика: каматните стапки зголемени за дополнителни 0,25 п.п.

банки14 часа ago

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поставува основата за да стане главен акционер на ProCredit Holding AG & Co. KgaA

македонија14 часа ago

Како шкрабаниците стануваат уметност – Red Bull Doodle Art настан во Бреинстер

македонија2 дена ago

Фероинвест се претстави на саем за хидроелектрани во Малезија

свет3 дена ago

Швајцарија во шок по преземањето на Credit Suisse од страна на UBS

ФЕроинвест
македонија5 дена ago

Електраните и фабриките на Фероинвест дел од студиската посета на странска делегација во програмата за борба против климатските промени

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

интервју6 дена ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

интервју6 дена ago

Емилија Спировска, ПроКредит Банка: Општествената одговорност се покажува преку дела

свет1 недела ago

myWorld е избрана за #1 лојална програма во САД за 2023 година

македонија1 недела ago

Избрани најдобрите е-трговци во Македонија во повеќе категории

технологии / компании1 недела ago

Ред Бул шкртачки настан во живо со Бреинстер и Бреинстер Некст колеџ -патување во Амстердам и ваучери за учење дизајн за најдобрите

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Инвестирајте во квалитет: Изберете дом во согласност со највисоките стандарди во градежништвото

интервју6 дена ago

Проф. д-р Игор Спироски: За дебелината мора да се зборува и преку справување со неа може да се подобри продуктивноста

интервју6 дена ago

Виктор Филиповски: Клиентите ја препознаваат УНИБанка како свој деловен партнер и поддржувач на нивниот развој

македонија6 дена ago

Пропаѓањето на Банката на Силиконската долина го стресе светскиот финансиски систем. Ќе има ли последици врз македонските банки? Не, за среќа се  конзервативни и неизложени кон странство

македонија6 дена ago

ESG – новиот престолонаследник во корпоративното управување

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Одговорност за одржливост

економија6 дена ago

Пандемијата и кризите по неа ја променија парадигмата за компаниската општествена одговорност