Connect with us

банки

ПроКредит Групацијата отвори сопствен соларен парк во Косово

објавено

на

Фотоволтаичната електрана ПроЕнерџи е првиот соларен парк во Косово во сопственост на банкарска групација. Очекуваното годишно производство на соларниот парк со инсталирана моќност од 3 MWp е 3,711 MWh, што може да снабдува до 450 домаќинства со просечна месечна потрошувачка на електрична енергија до 700 kWh.

ПроКредит групацијата, присутна во Југоисточна Европа и Источна Европа, вчера свечено го отвори ПроЕнерџи, сопствениот соларен парк во Липјан во близината на Приштина, Косово. Фотоволтаичниот парк со инсталирана моќност од 3 MWp е заеднички проект на ПроКредит Банка Косово, што го обезбеди финансирањето, и нејзиното матично друштво, ПроКредит Холдинг. Преку овој проект ПроКредит прави значаен придонес во енергетската транзиција во Косово, градејќи локално техничко знаење и поттикнувајќи натамошни приватни инвестиции. Истовремено, проектот претставува значајна пресвртница за развојно ориентираната ПроКредит Групација во постигнувањето на климатската неутралност, како цел на чиешто постигнување работи од 2018 година.

Фотоволтаичната електрана ПроЕнерџи е првиот соларен парк во Косово во сопственост на банкарска групација. Проектот, што чини околу 2,5 милиони евра, беше спроведен од косовските компании Јаха Солар и Електра. Очекуваното годишно производство на соларниот парк со инсталирана моќност од 3 MWp е 3,711 MWh, што може да снабдува до 450 домаќинства со просечна месечна потрошувачка на електрична енергија до 700 kWh. На овој начин, ПроКредит Групацијата придонесува кон енергетската транзиција на Косово, каде 90% од електричната енергија произведена во 2022 година била од електрани на јаглен, што предизвикува емисии на стакленички гасови и ризици за здравјето и животната средина.

Проектот ПроЕнерџи во Косово е одраз на ориентираноста на ПроКредит Групацијата кон градење одржлива иднина, преку поттикнување еколошка трансформација на земјите во коишто работи. Во рамките на Косово, ПроЕнерџи претставува суштински исчекор на самата ПроКредит Групација во постигнување на сопствените климатски цели. Откако ја презема обврската да стане карбонски неутрална во 2018 година, ПроКредит Групацијата успеа речиси да ги преполови сопствените емисии. Фотоволтаичната електрана што вчера беше свечено отворена во Косово е во процес на сертификација со златниот стандард, а чистата енергија што се произведува во неа значајно ќе ги неутрализира емисиите на Групацијата на ниво 1 и ниво 2 во иднина.

Хуберт Спектенхаузер, претседател на Управниот одбор на ProCredit General Partner AG, кој одржа говор на свеченото отворање, нагласи: „Како банкарска групација што е ориентирана кон градење одржлива иднина, ПроКредит дава значаен придонес за енергетската транзиција. Нашата инвестиција во фотоволтаичната електрана ПроЕнерџи во Косово јасно ја потврдува сериозноста на нашиот пристап. Како ПроКредит Групација, со задоволство ја промовираме климатската заштита и ги советуваме и поддржиме нашите клиенти во нивните планови за енергетска транзиција, на тој начин придонесувајќи за исполнувањето на целите на Парискиот договор за климатски промени.“

На настанот присуствуваше и Ериола Биболи, член на Управниот одбор на ProCredit General Partner AG и член на Надзорниот одбор на ПроКредит Банка Косово, која додаде: „Со оглед на мојата долгогодишна работа за ПроКредит Банка Косово, денешното свечено отворање на ПроЕнерџи претставува особено важен ден за мене. Горда сум што ПроКредит отвора сопствен соларен парк, како прва електрана во сопственост на банкарска групација во Косово, и со тоа ја промовира потребата од инвестиции во обновливи извори на енергија. Земајќи ја предвид распространетоста на електраните на јаглен во производството на енергија во Косово, се надевам дека нашата инвестиција ќе инспирира натамошни позитивни промени во енергетскиот микс во земјата.“

Заклучно со крајот на март 2023 година, зелените кредити учествуваа со 20,2% во кредитното портфолио на ПроКредит Групацијата. Ова претставува вкупно 1,2 милијарди ЕУР во кредити наменети за инвестиции во енергетска ефикасност, енергија од обновливи извор и или други зелени инвестиции.

Една третира од овие обезбедени заеми веќе се наменети за проекти за енергија од обновливи извори. Заклучно со 31 март 2023 година, речиси 370 милиони ЕУР беа инвестирани за финансирање 1.370 инвестиции во фотоволтаици. Околу 1.000 од овие инвестиции во фотоволтаици претставуваат инсталации на мали и средни претпријатија или физички лица, додека, пак, остатокот се наменети за финансирање фотоволтаични централи за комерцијална употреба.

Зелените кредити остануваат во фокусот на Групацијата, со план на среден рок нивниот удел да се зголеми до 25% во вкупното портфолио.

економија5 часа ago

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

банки23 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија3 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки4 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки4 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју4 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија6 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up2 недели ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании2 недели ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион2 недели ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас