Connect with us

свет

Промена на врвот на Amazon.com, Безос се повлекува од позицијата CEO

објавено

на

Од третиот квартал годинава главниот извршен директор на Амазон Џеф Безос ќе биде само претседател на компанискиот борд, а на негово место ќе дојде актуелниот шеф на одделот за веб сервиси на компанијата.

Шефот на Амазон (Amazon.com, Inc.) Џеф Безос ќе се повлече од позицијата главен извршен директор подоцна годинава и ќе му го предаде управувањето на Енди Џеси, главниот на одделот за клуд сервиси, штотуку објавија од компанијата. Безос ќе биде само извршен претседател на бордот на директори на Амазон, пренесува CNBC.

Безос ја основаше Амазон во 1994 година и во меѓувреме онлајн книжарницата ја претвори во мега трговец со илјадници категории производи и услуги – од електроника, храна, па до стриминг на содржини. Амазон под водство на Безос ја проби границата од илјада милијарди долари пазарна вредност во јануари минатата година, а сегашната капитализација на фирмата е повеќе од 1.600 милијарди долари.


Енди Џеси ѝ се придружил на компанијата во 1997 година и го водеше одделот на Амазон за веб услуги  (Amazon Web Services) од неговото формирање во 2006 година.

Амазон не го откриваше досега својот план за наследување на топ позицијата, иако познавачите на приликите шпекулираа дека Џеси ќе биде наследникот на Безос. Џеси ѝ се придружил на компанијата во 1997 година и го водеше одделот на Амазон за веб услуги  (Amazon Web Services) од неговото формирање во 2006 година.

„Возбуден сум што соопштувам дека во третиот квартал годинава ќе се префрлам на позицијата извршен претседател на бордот на компанијата , а Енди Џеси ќе биде новиот извршен директор. Во новата улога, имам намера да се фокусирам на нови производи и иницијативи. Енди е добро познат во рамки на компанијата и во Амазон е речиси исто колку и јас. Ќе биде извонреден лидер, и ја има мојата целосна доверба.“, вели Безос во писмото до вработените денеска.

Оваа вест дојде заедно со објавата на кварталниот приход на Амазон, историски највисок, од 100 милијарди долари. AWS, одделот што го води Џеси покажа раст на приходот од 28% и околу 52% од оперативниот приход на Амазон доаѓа токму од AWS.

Целосното обраќање на Безос до вработените може да го проследите тука.

економија2 дена ago

Алкалоид со поголеми приходи и добивка лани: компанијата стигна до 200 милиони евра вкупен обрт

банки3 дена ago

Комерцијална банка: Дезинформациите и конструкциите на Трифун Костовски против нас се плод на неговиот личен неуспех

економија2 дена ago

Адора и официјално го претстави првиот градежен проект во Србија

македонија5 дена ago

Заев: Очекувам Сашо Мијалков да биде пронајден и ставен во притвор

економија3 дена ago

Коста Петров: Ќе ги мотивираме големите компании да го помогнат развојот на стартапите

интервју22 часа ago

Суат Инан: И покрај пандемијата, со нашата силна структура и иновативни пристапи во 2020 година постигнавме раст од 57%

коментари22 часа ago

Марјан Петрески: Дивиденда, два слоја и ровер

економија22 часа ago

Standard & Poor’s бара реформи за да го зголеми кредитниот рејтинг

економија22 часа ago

Македонската економија на среден и долг рок (5)

економија22 часа ago

Кои се најголемите ризици за финансиските компании