Connect with us

економија

Промени во регулативата за инвестициски фондови – ќе се размрда пазарот

објавено

на

Со предложените решенија ќе се воведат два нови типа на инвестициски фондови, главни фондови и т.н. фондови напојувачи (feeder funds), a ќе се овозможи и меѓусебно припојување на   отворените фондови во државава, како и спојување на два или повеќе отворени фондови во нов отворен инвестициски фонд. 

Владата ги поддржа предлог-измените на Законот за инвестициски фондови, кои создаваат можност за зголемена либерализација и продлабочувње на пазарот на капитал, известуваат од Министерството за финансии.

Преку можноста за формирање нови видови инвестициски фондови се поддржува поголема конкуренција, забрзана консолидација и поефикасно управување со средствата на инвеститорите. Со законот се поддржува и поголема транспарентност, преку информирање на потенцијалните инвеститори на јасен, недвосмислен и разбирлив начин со цел навремено да ги проценат ризиците и потенцијалните трошоци поврзани со инвестициите.

Измените на законот се составен на дел на пошироката реформа на пазарот на капитал, која е насочена кон натамошна хармонизација со европските директиви. 

Со предложените решенија ќе се воведат два нови типа на инвестициски фондови, главни фондови и т.н. фондови напојувачи (feeder funds), a ќе се овозможи и меѓусебно припојување на   отворените фондови во Република Северна Македонија, како и спојување на два или повеќе отворени фондови во нов отворен инвестициски фонд. 

Ова практично ќе значи дека ќе може да се отвораат т.н. фондови напојувачи. Под фонд напојувач се подразбира отворен инвестициски фонд кој најмалку 85% од своите средства ги има вложено во удели на друг инвестициски фонд, таканаречен главен инвестициски фонд, кој ќе управува со доверените средства. Во постојниот закон, фондовите можат да доверат најмногу до 10% од своите средства да ги управува друг фонд. На овој начин ќе се овозможи поголема либерализација на пазарот на капитал и можност за окрупнување на средствата од повеќе инвестициски фондови во еден фонд, што за инвеститорите ќе значи помали трошоци за управување и користење на експертизата на професионалните менаџери во главните фондови, а со крајна цел подобро управување со средствата.

Со предлог-измените во Законот се уредува и постапката за отворање филијала на странско друштво за управување на територијата на државата, како и можност друштвото за управување од нашата држава да може да врши работи на управување со инвестициски фондови преку стекнување на квалификувано учество во странско друштво или преку отворање подружница односно филијала во странство.  

Со предложените измени, воедно, се брише обврската отворениот инвестициски фонд да прибере парични средства од најмалку 300.000 евра во денарска противвредност за да може да се основа, обврската да ја одржува нивната висина, како и обврската на друштвата за управување со инвестициски фондови да доставуваат до Комисијата за хартии од вредност, ревидирани полугодишни извештаи за друштвото и за инвестициските фондови со коишто тоа управува. Предложените измени се во насока на олеснување на работењето на друштвата за управување со инвестициски фондови и во насока на усогласување со европските регулативи. 

економија2 дена ago

Алкалоид со поголеми приходи и добивка лани: компанијата стигна до 200 милиони евра вкупен обрт

банки3 дена ago

Комерцијална банка: Дезинформациите и конструкциите на Трифун Костовски против нас се плод на неговиот личен неуспех

економија2 дена ago

Адора и официјално го претстави првиот градежен проект во Србија

македонија5 дена ago

Заев: Очекувам Сашо Мијалков да биде пронајден и ставен во притвор

економија3 дена ago

Коста Петров: Ќе ги мотивираме големите компании да го помогнат развојот на стартапите

интервју22 часа ago

Суат Инан: И покрај пандемијата, со нашата силна структура и иновативни пристапи во 2020 година постигнавме раст од 57%

коментари22 часа ago

Марјан Петрески: Дивиденда, два слоја и ровер

економија22 часа ago

Македонската економија на среден и долг рок (5)

економија22 часа ago

Standard & Poor’s бара реформи за да го зголеми кредитниот рејтинг

економија22 часа ago

Антикризни мерки за збогум на корона – кризата