Connect with us

економија

Промени во Триглав Осигурување: Војдан Јорданов назначен за нов извршен директор на местото на Словенецот Рок Пивк

објавено

на

Јорданов доаѓа од позицијата Претседател на Управниот одбор на Триглав пензиско друштво АД, Скопје. Функцијата главен извршен директор на Триглав Осигурување АД Скопје и понатаму продолжува да ја врши Ѓорѓе Војновиќ, додека мандатот на Рок Пивк за функцијата извршен директор истекол на 30.03.2021 година.

Одборот на директори на Триглав Осигурување АД, Скопје на својата 175-та седница, одржана на 29-30.03.2021 година, го назначи г-дин Војдан Јорданов за извршен директор во Триглав Осигурување АД, Скопје, со мандат од четири години.

Оваа одлука следеше откако Одборот на директори на Триглав Осигурување АД, Скопје на својата 174-та седница, одржана на 19.02.2021 година, го назначи г-дин Јорданов за извршен член на Одборот на директори. Одлуката влезе во сила на денот на донесувањето, а се применува по добивањето согласност за вршење на функцијата член на орган на управување на Триглав Осигурување АД, Скопје од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување.

Г-дин Јорданов доаѓа од позицијата Претседател на Управниот одбор на Триглав пензиско друштво АД, Скопје, a својата професионална кариера ја гради во областите ревизија, сметководство, финансии, управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови. Г. Јорданов смета дека новата позиција на извршен директор во Триглав Осигурување е добредојден предизвик во неговата кариера, како и можност да напредува како професионалец и менаџер. “Чест ми е да бидам дел од извршниот тим на најголемата осигурителна компанија на македонскиот пазар и искрено се радувам на укажаната можност со своите квалитети да придонесам во понатамошниот развој на друштвото. Во претстојниот период очекувам многу нови предизвици и проекти, а истовремено длабоко верувам дека тимот на Триглав ги има вистинските предиспозиции за долгорочен успех”, изјави г. Јорданов.

Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, АД, Скопје, г. Ѓорѓе Војновиќ, во оваа прилика му посака добредојде на г. Јорданов, “Групацијата Триглав и Триглав Осигурување ги темелат квалитетот на услугите и водечката позиција на осигурителниот пазар во земјата на своите високо мотивирани вработени, кои со својата експертиза и посветеност придонесуваат кон задоволството на клиентите и кон реализација на зацртаната стратегија. Ми причинува задоволство да му посакам добредојде на г. Јорданов, кој верувам дека со своите познавања и своето искуство ќе ја поддржи успешната приказна на Триглав на македонскиот пазар”. 

Групацијата Триглав на македонскиот пазар е присутна со три компании, Триглав Осигурување, којашто работи во доменот на неживотното осигурување, Триглав Осигурување Живот, којашто нуди осигурување на живот и, од 2019 година, Триглав пензиско друштво, кое управува со пензиски фондови. Ја има водечката позиција на осигурителниот пазар во земјата и како Групација единствена на пазарот може да понуди квалитетни консолидирани решенија на подрачјето на имотното, здравственото, животното и пензиското осигурување.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

економија4 часа ago

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

банки22 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија3 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки4 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки4 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју4 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија6 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up2 недели ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании2 недели ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион2 недели ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас