Connect with us

економија

Прометот на Македонска берза лани поголем за 57%, индексот со пораст од 31%

објавено

на

Најтргувана е акцијата на Комерцијална банка, со вкупен промет од 61,3 милиони евра, што е речиси третина од целиот промет на Берзата. Најголем пораст од „блу чиповите“, повторно Комерцијална банка, од 60,6%.

Вкупниот промет реализиран на Македонската берза минатата година изнесувал 12,85 милијарди денари (209 милиони евра), што е за 56,8% повеќе во однос на 2020 година, покажува годишниот статистички билтен на Берзата.

Македонскиот берзански индекс МБИ10 во текот на 2021 година пораснал за речиси 31%, додека бројот на трансакции остварени на Берзата е за 9% поголем. Пазарната капитализација на акциите на Берзата на последниот ден од тргувањето во годината изнесувала 223,9 милијарди денари (3,64 милијарди евра).

Во класично тргување лани е направен промет од 6,74 милијарди денари (109,5 милиони евра), или за 12,5% повеќе од годината претходно. Од овој износ, 5,4 милијарди денари (87,7 милиони евра) се реализирани во тргување со акции, каде што се забележува пад од 5% на годишно ниво, но затоа пак кај тргувањето со обврзници забележан е раст од дури 372%, на 1,34 милијарди денари (21,8 милиони евра).

Во 2021 година на Берзата имаше голем раст и кај блок трансакциите, од речиси 200%, при што се истргуваа  акции за нешто над 6 милијарди денари (98,7 милиони евра).

Најтргувани акции на Македонската берза лани биле на Комерцијална банка, со вкупен промет од 3,78 милијарди денари (61,3 милиони евра), што е без малку 30% од вкупниот промет на берзата. Во класично тргување со оваа акција е направен промет од 32,6 милиони евра, што е исто така, околу 30% од вкупното класично тргување на Берзата лани. Во рамки на акциите што го сочинуваат МБИ10 индексот, односно најликвидните акции на Берзата, акцијата на Комерцијална банка лани учествувала со 51,6% во вкупниот промет.

Втора според вкупниот промет е акцијата на НЛБ Банка, со нешто над една милијарда денари (16,7 милиони евра), пред онаа на Алкалоид со 845 милиони денари (13,7 милиони евра), Гранит со 547,5 милиони денари (8,9 милиони евра), итн.

Најголем пораст на вредноста меѓу акциите на Официјалниот пазар имала на Интерпромет Тетово, од 200%, а следат Тутунски комбинат Прилеп (61,3%), Комерцијална банка (60,6%), НЛБ Банка (58,6%) и Макстил (53,6%). Најголем пад на вредноста лани забележале акциите на Сковин (-64%), Скопски пазар (-40,25), Бетон Скопје (-38,7%), итн.

Меѓу акциите од МБИ10 индексот, најголем пораст лани имала Комерцијална банка (60,6%), НЛБ Банка (58,6%), Алкалоид (39,6%), Гранит (24,5%), Стопанска банка Скопје (19,9%), итн.

банки4 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија2 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки3 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки3 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју3 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија5 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up1 недела ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании1 недела ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион1 недела ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија1 недела ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите