Connect with us

македонија

Промовиран проект на УСАИД – дигитални алатки за развој на локална филантропија и вклученост на граѓаните во заедницата

објавено

на

Преку употреба на дигитални алатки и присуство на терен, граѓаните ќе можат да одредуваат приоритети и заеднички да спроведуваат финансиски решенија во својата локална заедница. Овој проект го спроведува  асоцијацијата Конект и во првата фаза ќе соработува со шест општини: Гевгелија, Гостивар, Охрид, Струмица, Чаир и Шуто Оризари.

Денес, 23.08.2023 година, се одржа промоцијата на проектот на УСАИД „Здружи се за заедницата“ каде беше презентиран моделот за развивање на филантропијата на локално ниво и зголемено вклучување на граѓаните во идентификување и решавање на предизвиците со кои тие се соочуваат во своето секојдневие. Преку употреба на дигитални алатки и присуство на терен, граѓаните ќе можат да одредуваат приоритети и заеднички да спроведуваат финансиски решенија во својата локална заедница. Овој проект го спроведува  асоцијацијата Конект и во првата фаза ќе соработува со шест општини: Гевгелија, Гостивар, Охрид, Струмица, Чаир и Шуто Оризари.

На промоцијата воведно обраќање имаше Никица Кусиникова, извршна директорка на Здружението Конект која истакна дека: „Нашиот развој како држава зависи од тоа колку се моќни заедниците во нејзе. Tеренските истражувања ни покажаа дека се слаби врските помеѓу различните чинители: локалните институции, граѓанските организации, бизнисите, медиумите и други. Значајно е да работиме на овие релации и секоја општина, населба, маало или село она што го има како ресурси да го стави во функција на свој одржлив развој и да си ги решава проблемите на своите жители. Не треба да чекаме решенијата да дојдат од некаде горе, туку низ соработка треба заеднички да ги создаваме. Ниту една важна промена не може да биде направена од еден сектор. Се надеваме дека во овие 5 години ќе помогнеме да се создадат многу локални успешни приказни што покажуваат дека нашите заедници се витални и подготвени да инвестираат во својот напредок. Очекуваме поддршка од медиумите за добрите вести да одекнуваат и инспирираат други.”

Претставничката на Канцеларијата на УСАИД, Џери Дајбл рече: „УСАИД одржува силно партнерство со македонскиот народ веќе 30 години. Како што земјата го продолжува својот пат кон целосна евроатлантска интеграција, нашиот фокус сѐ повеќе се насочува кон соработка со локалните организации. Заедно, имаме за цел да ги поттикнеме заедниците да планираат, финансираат и имплементираат решенија кои ги задоволуваат нивните најитни потреби.”

Во рамките на Проектот, првично ќе бидат идентификувани граѓански организации кои имаат потенцијал да служат како „јадра“ за граѓаните да може да се вклучат активно во идентификување на проблемите и потребите на локалните заедници и да воспостават партнерства меѓу граѓанските организации, приватниот сектор и општините со цел да се искористат сите локални ресурси во подобрувањето на живеењето во општините. Освен локалните акциски јадра, Конект им обезбедува на општините и на граѓаните и платформа за граѓанско учество „Комунити“ која овозможува директна комуникација меѓу граѓаните и општините околу решавањето на идентификуваните приоритети на заедницата. Целта е да се зајакне и олесни собирањето средства од локални донатори за овие иницијативи на инклузивен, ефективен и одржлив начин.

Воедно, на настанот беше презентиран Извештајот за проценка на капацитетите за самоодржливост во избраните општини, во кој се прикажани резултатите од истражувањето на нивото на соработка помеѓу локалната самоуправа, компаниите и граѓанските организации, и достапноста на локални ресурси. Генерален заклучок на извештајот е дека недостига системска меѓусекторска соработка помеѓу компаниите, граѓанските организации и локалната самоуправа која ќе ги вклучи сите чинители на сеопфатен начин. Компаниите се дел

од заедницата и треба да бидат активно вклучени во локалниот развој и процесот на одлучување. Од друга страна, извештајот нотира дека постојат домашни ресурси кои би можеле да се мобилизираат од приватниот сектор, како и ресурси кои би можеле да се мобилизираат преку меѓусекторски активности на јавниот,приватниот и граѓанскиот сектор кои ќе придонесат за самоодржливост на заедниците. Настанот беше организиран од проектот на УСАИД „Здружи се за заедницата“, спроведуван од асоцијацијата Конект, a во партнерство со Фондацијата Аполонија, Индиго и ЕВН.

економија3 часа ago

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

банки21 час ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија3 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки4 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки4 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју4 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија6 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up2 недели ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании2 недели ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион2 недели ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас