економија
Просечната каматна стапка на кредити за компании се спушти до 3,55%, а за домаќинства до 5,23%
Монетарни движења во Македонија во првите десет месеци

Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во октомври. Таа се сведе на ниво од 4,45%. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,77%.

Трендот на месечно и годишно намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во октомври 2021 година. Имено, каматната стапка на вкупните кредити изнесува 4,45% и бележи месечен и годишен пад од 0,01 п.п. и 0,23 п.п., соодветно, се вели во соопштението на Народната банка. Просечната каматна стапка на вкупните депозити забележа минимално месечно намалување од 0,01 п.п. и изнесува 0,77%, додека на годишна основа оваа каматна стапка оствари пад од 0,21 п.п.
Во октомври, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 3,94%, што претставува месечно и годишно намалување од 0,09 п.п. и 0,27 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на новопримените депозити забележа месечен пад од 0,06 п.п. и изнесува 0,79%, додека на годишно ниво е остварен раст од 0,02 п.п.
Каматни стапки на кредити и депозити кај корпоративен сектор

Просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор, во октомври, изнесува 3,55% и на месечно ниво е пониска за 0,03 п.п. Промената се должи на падот кај сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,04 п.п.), како и на каматните стапки на кредитите без валутна клаузула и кредитите во странска валута (за 0,02 п.п., соодветно). Споредено на годишно ниво, оваа каматна стапка е намалена за 0,22 п.п.
Во октомври, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор бележи месено намалување од 0,24 п.п. и изнесува 3,39%. Притоа, падот произлегува од намалувањето на каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,61 п.п. и 0,26 п.п., соодветно), при раст на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,11 п.п.). Анализирано на годишна основа, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор забележа пад од 0,65 п.п.
Во однос на претходниот месец, каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор забележа месечен пад од 0,03 п.п. и изнесува 1,05%. Надолната промена се должи на падот на каматните стапки на депозитите во денари со и без валутна клаузула (за 0,10 п.п. и 0,05 п.п., соодветно), во услови кога каматните стапки на депозитите во странска валута бележат раст (од 0,11 п.п.). Споредено со истиот период претходната година, оваа каматна стапка се намали за 0,18 п.п.
Овој месец, каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор на месечна основа се намали за 0,09 п.п и се сведе на 0,53%. Гледано според валутната структура, падот целосно се објаснува со намалувањето на каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула (за 0,06 п.п.), додека каматните стапки на депозитите во странска валута и денарските депозити без валутна клаузула бележат раст (за 0,56 п.п. и 0,01 п.п., соодветно). Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор е намалена за 0,14 п.п., споредено на годишно ниво.
Каматни стапки на кредити и депозити кај домаќинства

Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата, во октомври, забележа минимален месечен пад од 0,01 п.п. и изнесува 5,23%. Месечното намалување во целост е резултат на пониските каматни стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,02 п.п.), при раст на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,01 п.п.), додека каматните стапки на кредитите во странска валута се непроменети. На годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,28 п.п.
Во октомври, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата изнесува 4,54%, што претставува месечно намалување од 0,07 п.п. Притоа, падот произлегува од намалувањето кај сите нејзини компоненти: каматните стапки на кредитите во странска валута и каматните стапки на кредитите во денари без и со валутна клаузула (за 0,08 п.п., 0,04 п.п. и 0,02 п.п. соодветно). Во споредба со октомври минатата година, каматната стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата забележа зголемување од 0,05 п.п.
Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата, во октомври, е речиси непроменета и изнесува 0,73%. Анализирано на годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,22 п.п. Во октомври, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата9 забележа минимално намалување од 0,01 п.п. на месечно ниво и изнесува 0,93%. Притоа, промената во целост се должи на пониските каматни стапки на депозитите во странска валута (за 0,17 п.п.), при раст на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,29 п.п.), во услови кога не се примени денарски депозити со валутна клаузула. Споредено на годишно ниво, каматната стапка оствари раст од 0,06 п.п.
Раст на станбени, пад на автомобилските кредити

Во октомври, вкупните депозити бележат месечно намалување од 0,4%, што целосно се објаснува со падот на депозитите на корпоративниот сектор. На годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 8,1%, при раст кај двата сектора, којшто е поизразен кај секторот „домаќинства“.
Вкупните кредити , во октомври, забележаа месечен раст од 0,6%, како резултат на растот на кредитирањето на двата сектора, при поголем придонес на корпоративниот сектор. Годишниот раст на вкупните кредити изнесува 6,7% и во поголем дел се должи на зголеменото кредитирање на секторот „домаќинства“.
Во октомври, вкупните депозити на корпоративниот сектор остварија надолна месечна промена од 1,6%. Притоа, падот во најголем дел произлегува од намалувањето на депозитните пари, краткорочните депозити во денари и долгорочните депозити во странска валута, при помал придонес и на останатите компоненти. На годишна основа е забележан раст од 13,9% како резултат на зголемувањето на депозитните пари, краткорочните и долгорочните депозити во странска валута, а во услови на пад на краткорочните и долгорочните депозити во денари.
Кредитите на корпоративниот сектор , во октомври, бележат месечно зголемување од 0,7%, целосно заради зголеменото кредитирање во денари, во услови на остварен пад на кредитите одобрени во странска валута. Анализирано на годишна основа, кредитите на корпоративниот сектор се зголемени за 5,6%, под влијание на зголеменото кредитирање во денари и во странска валута, со поизразен придонес на кредитите во денари.
Во октомври, вкупните депозити на домаќинствата се непроменети на месечна основа, додека на годишна основа забележаа раст од 7,2%. Нагорната промена е резултат на растот на краткорочните депозити во странска валута и депозитните пари, при помал раст и на долгорочните депозити во странска валута, додека депозитите во денари (долгорочни и краткорочни) забележаа намалување.
Овој месец, кај кредитите на домаќинствата е остварен раст на месечна и годишна основа од 0,5 и 7,3%, соодветно. Анализирано според валутната структура, кредитите во денари имаат поголем придонес кон растот по двете основи.
Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во октомври, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, бележат месечно зголемување од 0,5% и 1,0%, соодветно, како и годишен раст од 6,3% и 16,0%, соодветно. Автомобилските кредити, во октомври, се зголемени за 0,7% на месечна основа, додека на годишна основа се пониски за 14,1%. Овој месец, кредитите одобрени на кредитни картички бележат надолна месечна и годишна промена од 0,5% и 10,8%, соодветно. Кај негативните салда на тековните сметки, во октомври, е остварен раст на месечна и годишна основа, од 1,5% и 1,3%, соодветно, додека кредитите одобрени врз други основи забележаа месечно и годишно намалување од 1,3% и 29,8%, соодветно.