Connect with us

менаџмент / маркетинг

Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес

Што сакаат младите во Македонија?

објавено

на

За младите луѓе, креирањето и пристапот до висококвалитетни работни места на кои ќе се почитува концептот на пристојна работа е од високо значење. Ваквите работни места ќе им овозможат да продолжат да ги развиваат своите вештини и искуство, како и понатамошно градење на успешна кариера и самостоен живот, се вели како заклучок и препорака од проектот „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“, спроведен од Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи во Македонија.

Младите сакаат квалитетни работни места кои нудат можности за развој на вештини и сакаат да бидат соодветно платени, се едни од главните заклучоци на истражувањето што го спроведе Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во Македонија.

За младите луѓе, креирањето и пристапот до висококвалитетни работни места на кои ќе се почитува концептот на пристојна работа е од високо значење. Ваквите работни места ќе им овозможат да продолжат да ги развиваат своите вештини и искуство, како и понатамошно градење на успешна кариера и самостоен живот, се вели како заклучок и препорака од проектот „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“, финансиран од ЕУ, а потпомогнат и од фондацијата „Ана и Владе Дивац“, Младинскиот сојуз Крушево и три други партнерски организации од регионот.

„Сите млади луѓе треба да добијат шанса да бидат поддржани да го постигнат својот потенцијал во учењето, развојот и работата. Младите луѓе треба да имаат пристап до различни опции за доквалификација, преквалификација како и обука преку кои ќе ги развијат своите вештини и ќе го изградат своето искуство, а менторски програми многу би им помогнале да ја изберат опцијата што е соодветна за нив во дадениот контекст.“ вели Бојан Кордалов, комуниколог и претседател на ИДУЕП.

Кордалов објаснува дека целите кои ИДУЕП сакал да ги постигне преку имплементацијата на проектните активности се однесувале на: подигнување на јавна свест за проблемот со младинска невработеност; утврдување на пречките кои постојат на пазарот на труд; олеснување на вклучување на младите на пазарот на труд преку поголемо јавно говорење и застапеност на темата за младинска (не)вработеност во јавноста; како и утврдување на клучни мерки преку заклучоци и препораки за долгорочни ефекти и најдобри резултати при младинското вработување.

Сè поголем број млади луѓе го ставаат флексибилното работно време меѓу своите приоритети при избор на работно место. Според најавите од Министерството за труд и социјална политика, ова прашање ќе биде адресирано со новиот Закон за работни односи со цел да се излезе во пресрет токму на ваквите потреби и да се овозможат придобивките и за работодавачите и за работниците.

Населението старее, а младите се иселуваат

Што сакаат и што да очекуваат младите при планирањето на своите кариери и идни професии во дадениот контекст?! Анализата на ИДУЕП истакнува дека стапката на невработени млади (во категоризацијата на ДЗС, тоа се лица на возраст од 15-24 години) во земјава во третиот квартал за 2022 година изнесува 19.587 или 17% од вкупниот број на невработени лица вбројани во активно население. Земено компаративно, стапката пак на слободни работни места, според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2022 година е 2.07 %. Најголем број слободни работни места, односно 3 459, има во групата на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.

Според последните достапни податоци на Евростат за Северна Македонија од 2020 година младинската невработеност (15-29 години) изнесува 29,6%. Од друга страна според податоците од Агенцијата за вработување, заклучно со ноември 2022 годинава, регистрирани се 9 324 невработени лица на возраст од 20 до 24 години, 10.354 на возраст од 25 до 29 години и 2 052 на возраст од 15-20 години, кумулативно, на возраст од 15 до 29 години евидентирани се вкупно 21 730 лица. Доколку одиме чекор понатаму, бројот на невработени на возраст од 15 до 34 години изнесува вкупно 32.451 лица, бројка на активно население кое бара работа, а кое е во години погодни за преквалификација, доквалификација, отворање на сопствени бизниси и други типови на поддршка од страна на државата (опфатени и со новиот оперативен план за вработување за 2022 година, преку кој се обезбедени 1,8 милијарди денари за поддршка за вклучување на пазарот на трудот на околу 15 000 невработени лица) преку која потенцијално би се креирале дополнителни работни места, а би се намалила апсолутната невработеност.

Од друга страна пак пописните резултати укажуваат на многу јасен тренд на мигрирање на младите во изминатите 20 години. Од 2002 до 2021 година, вкупниот број на млади на возраст од 15 до 29 години е намален за 150 000 граѓани (2001 бројот на млади на возраст 19-29 години бил 480.828 (24% од вкупното население), додека 2021 година се 326.733 (18% од вкупниот број на населението). Ваквиот тренд укажува на тоа дека населението во земјава старее. Загрижува и добро познатиот тренд на заминување на младите (brain drain), односно според пописот од 2021 година, околу 100.000 граѓани, кои во 2002 година биле на возраст од 15 до 29 години, а денес би имале 29 до 35 години, не живеат во државата.

Каква лекција извлековме од пандемијата?

Податок кој загрижува е што секој 4 млад човек во Македонија се соочува со сиромаштија, што директно укажува на потребата, младите луѓе кои веќе се вклучени во работни организации да бидат и соодветно, односно пристојно платени за нивниот труд.

Дел од клучните параметри кои мора да се земат предвид како индикатор на тоа како размислуваат младите и каква е нивната перцепција и учество во општествениот живот се и социоекономските. За жал, сите последни кредибилни истражувања за млади покажуваат апатичност, незаинтересираност, а последните години и безнадежност што е уште позагрижувачки. Последното истражувањето спроведено од Фондацијата за демократија на Вестминстер од ноември 2021 година, а кое се однесува на „Социо-политичко учество на младите“ покажува дека само 13% од младите сметаат дека земјата се движи во правилна насока, а 55% во погрешна. Според истото истражување само 3 од 10 млади сметаат дека за 5 години од денес државата ќе биде многу или делумно подобро место за живеење на

младите, а во случај да имаат можност, речиси 6 од 10 млади луѓе би се иселиле од државата. Ова зборува доволно со какви трендови и сериозни предизвици, во делот на потребата од работна сила, би се соочиле како земја во следната деценија, од една страна при планирање на реформите во образованието, со цел продуцирање на квалификувана работна сила, а од друга страна потребите на реалниот сектор и економскиот раст и развој на државата.

„Каква лекција извлековме од пандемијата во однос на економските последици и функционирањето на реалниот сектор? Можеме слободно да констатираме дека дел од професиите на иднината, ‘благодарение’ на пандемијата преку ноќ станаа професии на сегашноста.

Пандемијата не’ научи, поточно не натера, да размислуваме за вложувања во иновации базирани на технологии и вештини, да инвестираме во дигитална инфраструктура и дигитализација но, и да антиципираме (да имаме план Б во) ваков тип на долгорочни предизвици и кризи, кои во некои моменти значеа и крај за бизниси, особено во услужната дејност. Пандемијата ги стави на тест сите клучни чинители во делот на социоекономска регулација  и организација и ги натера многу брзо да се прилагодат на условите сакале, биле спремни или не. Го стави образовниот систем и образовните процеси на тест, бизнисите на сериозни предизвици, институциите и државата на сериозен испит дали ќе одговорат на потребите на време и со соодветна поддршка. Денес имаме нов предизвик/криза која ја живееме, енергетска и економска во исто време, а професиите на иднината, според профилирањето, остануваат непроменети.”, вели Кордалов.

Што бараат младите?

Имајќи го предвид погоре кажаното, во ИДУЕП сметаат дека е  потребно интензивирање на дијалогот меѓу приватниот сектор и коморите, образовните институции, младинските организации и државните институции за дизајнирање на ефикасни мерки и политики кои ќе можат да придонесат за креирање на поголем број на квалитетни работни места кои на младите ќе им понудат можности за избор согласно нивните квалификации.

Клучните заклучоци и препораки од истражувањето се следниве:

  • Младите треба да бидат соодветно платени

Статистиката покажува дека младинската невработеност бавно се намалува. Ако пред 10 години 52,3% од невработените во земјава биле млади луѓе, денес 28,3% од невработените се млади. Во еден дел причина за ова намалување на бројот на невработени е иселувањето на младите (податок потврден и со последниот попис), но во дел и креирањето на новоотворени работни места во земјава како и можноста за работа од тука за компании во странство (outsourcing компании и партнерства). Сепак податок кој загрижува е што секој 4 млад човек се соочува со сиромаштија, што директно укажува на потребата, младите луѓе кои веќе се вклучени во работни организации да бидат и соодветно, односно пристојно платени за нивниот труд.

  • Законот за работни односи треба да ја регулира работата од дома

Законот за работни односи кој во моментов е во сила во Северна Македонија не ја уредува до крај можноста за работа од дома и работа од далечина, поточно има недоречености. Развојот на современите технологии, се поголемиот број млади кои се ангажирани во ИТ индустријата за компании во земјава или во странство и Ковид-пандемијата, покажаа дека постои сериозна потреба од законски измени кои ќе овозможат нови форми на вработување и нови можности за младите луѓе. Министерството за труд и социјална политика во моментов работи на нов Закон за работни односи кој треба да ги адресира овие прашања и со тоа да се усогласи со европските практики. Во моментов потенцијалот за работа од дистанца (работа од дома) во државава се проценува на околу 24% од вкупниот број на расположливи работните места.

  • Флексибилно работно време – можност која носи бенефити и за младите и за работодавачите

Истражувањата на светско ниво покажуваат дека флексибилното работно време кое му дава можност на работникот да го адаптира работниот ден на сопствените потреби во согласност и со потребите на работодавачот, овозможува бројни бенефити за двете страни како што се зголемена продуктивност, намалување на стресот и исцрпеноста (синдромот на burn-out), здрава рамнотежа помеѓу работата и животот, поголемо задоволство од работата, привлекување врвни таленти. Се’ поголем број млади луѓе го ставаат флексибилното работно време меѓу своите приоритети при избор на работно место. Според најавите од Министерството за труд и социјална политика, ова прашање ќе биде адресирано со новиот Закон за работни односи со цел да се излезе во пресрет токму на ваквите потреби и да се овозможат придобивките и за работодавачите и за работниците.

  • Фриленсери – можности за социјално и здравствено осигурување

Со зголемувањето на бројот на студенти во формалното и неформално ИТ образование, очекуван е пораст на бројот на млади лица кои работат како фриленсери. Овој тренд е веќе застапен во земјите од соседството особено во Србија која во 2022 година влезе во топ 10 земји во светот според бројот на фриленсери по глава на жител. Задржувањето на младите луѓе кои работат како фриленсери е особено голем предизвик со оглед на тоа што работата која ја работат можат да ја извршуваат од било кое место во светот, односно онаму каде ќе имаат најповолни услови за работа.

  • Мерки за самовработување и отворање сопствен бизнис

Оперативниот план за вработување предвидува мерки кои треба да го поттикнат само-

вработувањето и отворањето сопствен бизнис за младите луѓе. Сепак, според податоците на младинските организации, само 18,3% корисници на мерки за отворање на сопствен бизнис се млади, а само 2,3% млади се самовработени. Ова покажува дека се потребни дополнителни стимулатори за младите луѓе да започнат свој бизнис и да се самовработат.

  • Млади во ИТ секторот – 0 проценти персонален данок

Бројот на млади кои се одлучуваат за високо образование на електро-техничките факултети е значително зголемен во изминатите години. ФИНКИ е факултетот кој има најголем број студенти, ако се собере вкупниот број студенти од прва до четврта година. Таму студираат вкупно 4.145 студенти. Ако на оваа бројка се додадат и лицата кои своите ИТ вештини ги стекнуваат во неформалното образование преку бројните академии и курсеви за ИТ секторот, ќе се дојде до бројка која претставува сериозен потенцијал и за која треба да се овозможат соодветни услови за работа и задржување во земјата.

Владата на почетокот на 2022 година најави дека од 2023 година ќе воведе серија на стимулативни мерки за ИКТ секторот како ослободување од данок за преквалификација, обука, дообука во компаниите, ослободување од данок од трошоците кои се прават за лиценци за ИТ индустријата и пред се укинување на персоналниот данок за вработените во ИТ секторот кој во моментов изнесува 10 проценти. Сепак со новиот буџет за 2023 година не се предвидени ваков тип на стимулативни мерки.

економија21 час ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

интервју6 дена ago

Горан Паунов: Лидери сме на пазарот за фотоволтаични  решенија по системот “клуч на рака“

интервју6 дена ago

Иван Штериев: Берзата може да се вклучи и во сегментот на пазарот на државни хартии од вредност

економија6 дена ago

Компанијата Пантелеон ГС расте брзо, но и враќа кон заедницата

македонија6 дена ago

„Вештини за успех“ на Пивара Скопје за полесно вработување на младите

економија6 дена ago

Владата ќе „гони“ залетани трговци

македонија6 дена ago

Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФсо младинска кампања за безбеден интернет

регион6 дена ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас

свет6 дена ago

Како Тесла и Кинезите им го украдоа шоуто на германските брендови

технологии / компании6 дена ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

start up6 дена ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор