Connect with us

интервју

проф. д-р Марјан Петрески: Зачекорете на повисоко ниво – Со докторски студии до академска кариера

проф. д-р Марјан Петрески, УАКС Докторска школа

објавено

на

Какво е чувството да се биде во топ 5% истражувачи на светско ниво и на што се должи тој успех?

Се работи за рангирање на економски истражувачи според бројот и квалитетот на објавени трудови, најмногу преку бројот на цитирања, според базата со економска литература IDEAS/RePEc. Тоа е признание за мојата континуирана истражувачка работа во претходните 18 години, односно за моите публикации во високорангирани меѓународни списанија за транзициските економии, како Journal of Comparative Economics, Economic Systems, Post-Communist Economies и редица други. Така што, нема посебен рецепт, туку посветена и постојана работа од која придобивките се стекнуваат на подолги стази, нешто за што секогаш гледам да ги советувам и охрабрувам докторските кандидати на нашата школа.

Како координатор на Докторската школа на УАКС, зошто сметате дека луѓето треба да го унапредуваат своето образование и особено да се посветат на стекнување на Докторат?

Причините се повеќекратни. Докторантите развиваат истражувачки и аналитички вештини кои се корисни за решавање комплексни проблеми во делокругот на нивната работа. Ова може да биде корисно не само во академскиот свет, туку и во бизнисот, владините институции и други области. На пример, нашите докторски студии се поставени на начин на кој кандидатите ги подготвуваат за академскиот свет, ако тие целат кон тоа да бидат универзитетски професор или ментор, но сѐ почесто тие сакаат да бидат специјализирани професионалци во своето бизнис окружување, што им го нуди, на пример, нашата популарна програма ДБА. Во секој случај, докторскиот степен, како највисок формален степен, на УАКС нуди специјализирано знаење, научно-истражувачки вештини и меѓународно вмрежување. Ова е сѐ со крајна цел кандидатите да направат придонес кон постојното знаење во областа што е предмет на нивно проучување, и верувам дека е наш квалитет кој стана особено препознаен низ годините.

технологии / компании1 ден ago

Креативна вештачка интелигенција: Девет алатки што ќе ви ги сменат животот и работата

политика1 ден ago

Планот на Мишел за рушење на Фон дер Лајен

регион1 ден ago

Во Хрватска има неколку амбициозни проекти за развој на роботи

македонија1 ден ago

Двојна диплома на Универзитетот Католика од Милано и Универзитетот Американ Колеџ Скопје

економија1 ден ago

Балканската рута на трговија со фалсификувани производи

македонија1 ден ago

Мукаетов од Алкалоид и Ниновски од Бреинстер споделија искуства со младите

економија1 ден ago

Анализа МАСИТ: Речиси 1,5 милијарди евра приходи оствариле ИКТ компаниите лани

банки1 ден ago

Безготовинските плаќања зголемени за 30%, значителен раст на токенизираните трансакции

македонија1 ден ago

Delfino Mobility Group го лансира автомобилскиот бренд Geely во Македонија

економија1 ден ago

Специјален прилог: Топ 6 трендови во меѓународниот транспорт за 2024

коментари1 недела ago

Со АмЧам на тема…Балканската рута на трговија со фалсификувани производи

економија1 недела ago

Фортонмка успешно реализира продажба на објект од 9,5 милиони евра на ЛИДЛ

економија1 недела ago

ПроКредит Банка прави чекор напред во поддршка на малите и средните претпријатија – се одржа втората бизнис конференција „Дигитална еволуција“

Фасхион1 недела ago

„Божиновски“ ексклузивно ги претстави новитетите на Брајтлинг

македонија4 дена ago

УНИБанка го поддржа одбележувањето на 100 годишниот јубилеј на Светската Шаховска Федерација

македонија5 дена ago

Продолжуваат заедничките хуманитарни активности на „Алкалоид“ и „Црвен крст“: Заедно можеме повеќе!

економија3 дена ago

ССК: Зелената транзиција на македонските компании е без алтернатива

банки1 ден ago

Пет небанкарски компании веќе добиле дозвола за давање платежни услуги во Македонија и прекугранично

македонија1 ден ago

Delfino Mobility Group го лансира автомобилскиот бренд Geely во Македонија

регион1 ден ago

Европа ќе ја обновува природата со закон, земјоделците бесни