Connect with us

интервју

Прочистувањето во судството мора да биде кредибилен процес, не реваншизам или политички прогон

Бојан Маричиќ, министер за правда

објавено

на

Новиот министер за правда Бојан Маричиќ има една исклучително битна и тешка задача – спроведување на најкрупните општествени реформи преку трансформација на судството што важи за партизирано, корумпирано и непрофесионално во систем што на граѓаните ќе им гарантира доверба и неселективна правда.
Со Маричиќ разговаравме за неговите лични и за владините планови за промени, но и за препреките во овој процес што се таложени насекаде, низ сите општествени слоеви и структурите на бизнис круговите, клопчињата на опозицијата, ама и оние на власта, што секогаш е најтешко да се одмотаат.

  • Реформата во правосудниот систем е комплексна. Проблемите на прв поглед се толку распространети низ сите гранки на системот. Вие навистина амбициозно ветувате промени, но се наметнува прашањето колку Министерството за правда како една институција, може од корен да ги помести нештата?

Доволно време сме заглавени со погледите кон проблемите – време е да се погрижиме да најдеме решение. Наша цел е системот предвиден на хартија во законите – да профункционира на дело.

Во овој процес, во текот на целиот пат ќе биде и Европската Унија која има вистинска трансформативна моќ. Мојата мандатна мисија носи голема тежина, а тоа е градење на непристрасно, слободно и транспарентно правосудство. Граѓаните очекуваат резултати, а освен коренити промени ништо друго и не се смета за добар резултат.

Инаку, точно е дека само едно министерство не може да ги направи реформите во целост, но Министерството за правда ќе биде клучниот иницијатор кој ќе ги поттикнува реформите.

Во таа насока, очекуваме партнерство и соработка со судската власт и вклучување на Судскиот совет, Советот на Јавните обвинители, претседателот на Врховниот суд, Државната комисија за спречување на корупција, како и граѓанското општество. Сметам дека наша, заедничка должност и одговорност е да ја вратиме довербата на јавноста во  правосудството.

Маричиќ се соочи со оправдани забелешки на неговата најава за “прочистување” во судството ако се има предвид дека една таква “операција” може да биде злоупотребена од власта за да се отстранат судии што се не се политички “подобни”. Министерот уверува дека нема простор за погрешно толкување: “Ова мора да биде апсолутно кредибилен процес во кој покрај домашната јавност и самите судии и обвинител, мора да имаат доверба и меѓународните партнери. Процесот не смее да добие призвук на реваншизам или политички прогон. Наша цел е да изградиме систем на владеење на правото којшто ќе ги наградува добрите судии и обвинители, а ќе ги санкционира или отстрани оние кои не се професионални во работењето.” вели тој

Сакам да потенцирам дека реформата во правосудството е нужна. Со влезот во НАТО нашата држава стана безбедна, но потребно е да ја изградиме и правната сигурност, а таа е и предуслов како за нормалното функционирање на општеството, така и за развој на стопанството и привлекување на инвестиции.

  • Една од главните реформи треба да биде нов Закон за кривична постапка, чекор што и многу експерти велат дека е потребен. Но, тој се носи со двотретинско мнозинство. Ако се сетиме колку труд и директна странска интервенција требаше за да донесе новиот Закон за ЈО, што од Брисел директно беше посочен како услов на европскиот пат, од каде ја црпите идејата дека опозицијата овој пат ќе биде конструктивна?

Носењето на клучни, двотретински закони може да бидат камен на сопнување, но сметам дека е потребно да бидеме конструктивни поради јавниот интерес.

Немаме резервна држава или повеќе време за трошење.

Во процесот на евроинтеграции мораме со заеднички напори да ја градиме и да се бориме за иднината на граѓаните. Постои нешто што е над партискиот интерес и сметам дека опозицијата треба да биде свесна за тоа. Да се биде конструктивен во процесот на евроинтеграција значи да се работи за општиот, јавен интерес. Сепак, иако Владата е подготвена за соработка, колку ќе успееме да се сплотиме за јавниот интерес зависи од политичката волја на опозицијата.

Од нас секогаш ќе има подадена рака за исполнување на целите на нашите европски интеграции и за реформите кои ги очекуваат граѓаните. Евроинтеграциите, водењето на Поглавјето 23: Правосудство и фундаментални права бара политичка зрелост и има потреба од соработка помеѓу власта и опозицијата, а Собранието е добар форум за политички дијалог. Доколку опозицијата се уште робува на поразените, деструктивни политики, штетата ќе ја платат државата и граѓаните. Ги повикуваме да ги надминат партиските интереси и да се грижат за интересот на граѓаните.

  • Што е со политичката волја воопшто? Велите дека и крупните риби ќе мора да одговараат и тука практично го допирате главниот проблем, крупните риби и кога одговараат, одговараат поинаку. Како ќе реагирате? Подготвен ли сте и јавно да алармирате кога ќе се соочите со притисоци од центрите на моќ кои наивно е да мислите дека ќе ги нема?

Еднаквоста пред законот не треба и не смее да биде предмет на политичка волја или политички договори. Спроведувањето на законот не треба да биде предмет на влијанија од разни центри на моќ. Затоа и со сизифовски напори се менуваат нештата во правосудството, а отпорот кон промената е огромен. Јавноста е силен сојузник, но сепак, алармот за притисоците треба да се огласи во судството и обвинителство. Водилка во моето постапување секогаш ќе биде интересот на граѓаните. Затоа не се плашам од притисоци  и верувам дека тие може да се совладаат со соработка од институциите и со поддршка од граѓаните и медиумите. Секако, ја сметам и бизнис заедницата за сојузник во овој процес.

  • Довербата на граѓаните во судството на сите анкети е многу ниска и тоа е поразително за една демократија. Зборувате за прочистување… Јавна тајна е дека низ судскиот систем има судии чија вага се поместува низ партиски центри на моќ. Од друга страна, ЕУ е прилично шокирана од секоја најава за владина улога во одржувањето на судска “хигиена”.  Како ќе се одвива ова неопходно прочистување без да се претвори во упад и реваншистичка пресметка?

Не е работа на извршната власт да се меша во решавање на конкретни судски случаи, но одговорноста на извршната власт е да ја зајакне довербата на граѓаните во правосудниот систем и да се зголеми транспарентноста, одговорноста, ефикасноста и етиката во правосудството. Впечатокот на јавноста за голем број на случаи пред судовите е дека правдата не е задоволена, додека случаите застаруваат. Прочистување или ослободување на правосудството од политички и било какви други влијанија стои како потреба и во меѓународни извештаи. Замислата или моделот како ќе се одвива ова прочистување мора да произлезе од Министерството за правда, со оглед на тоа дека самото од себе, судството или обвинителството можеби никогаш нема да се ослободи од влијанија – бидејќи со години оваа можност им стои на располагање и ништо не се случува.

Секако, ова мора да биде апсолутно кредибилен процес во кој покрај домашната јавност и самите судии и обвинител, мора да имаат доверба и меѓународните партнери. Процесот не смее да добие призвук на реваншизам или политички прогон. Наша цел е да изградиме систем на владеење на правото којшто ќе ги наградува добрите судии и обвинители, а ќе ги санкционира или отстрани оние кои не се професионални во работењето.

  • Да одиме чекор назад, пред да стаса предметот пред судија – Македонија нема доволно обвинители. Нема Обвинителство во земјава каде што се работи според систематизацијата. Фали кадар, а во голем дел обвинителства нема ни основни услови за работа, простории, опрема, интернет… Имате ли план за ова?

Со донесувањето на Законот за Јавното обвинителство, отворивме можности за големо зајакнување и на буџетските и на кадровските капацитети, но и зголемување на овластувањата за борба против организираниот криминал и корупцијата.  Да не се залажуваме дека состојбите се идеални, но и да не бараме изговори дека работата не може да биде завршена. Точно е дека недостасува кадар, но во неколку наврати изминативе години се зајакнуваат кадровските капацитети како на судството, така и обвинителството. Воедно, еден од носечките столбови на програмата на Владата во областа правосудство е кадровско зајакнување со стручни соработници за секој судија и обвинител со цел да се подобри ефикасноста во постапувањето.

  • Поглавјата 23 и 24, сега вклучени во Кластерот Фундаменти се клучни во реформскиот процес. Колку сите овие големи ветувања ги потпирате на помошта што и финансиски и суштински ќе доаѓа од Европа?

Во процесот на трансформација на Северна Македонија добиваме огромна помош од страна на Европската Унија, како и Соединетите Американски Држави. Изминатиот период остварив бројни средби со амбасадори на пријателски држави, членки на ЕУ, со кои ќе продолжи соработката за европеизација на државата. Добиваме голема поддршка која легитимно, во иднина ќе мораме и да ја оправдаме Во план е максимално искористување на компонентата за владеење на правото и правосудство за да се постигне максимален ефект во трансформацијата на Северна Македонија. Покрај големата помош од билатерални донатори, сепак најголемата финансиска помош во текот на преговорите и трансформацијата доаѓа преку ИПА програмата од ЕУ. Има сериозни проекти во рамките на ИПА програмата, меѓу нив е и ЕУ мониторингот на судските случаи, како и подобрување и унапредување на АКМИС-от, а ние очекуваме реформите да бидат следени со финансиска поддршка на ЕУ. Наскоро ќе доставиме и план за финансиска поддршка на приоритетите во правосудството за наредните седум години, односно до 2027 година.  

Continue Reading
менаџмент / маркетинг5 часа ago

10 КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ КОИ МОРА ДА ГИ ВЛАДЕЕ СЕКОЈ БИЗНИСМЕН

менаџмент / маркетинг5 часа ago

ДЕЛЕГИРАЊЕ – КАКО ДА СЕ РЕШИТЕ ОД СТРАВОТ НА ГУБЕЊЕ МОЌ И КОНТРОЛА?

менаџмент / маркетинг5 часа ago

Дру Хјустон: Не секирајте се за неуспехот; само еднаш треба да ја погодите работава.

технологии / компании5 часа ago

Пандемијата го зголеми онлајн купувањето – кој доби, кој загуби и што повеќе нема да биде исто?

економија5 часа ago

ММФ: Справувањето со здравствената криза е клучно за заштита на економијата

економија5 часа ago

Намалување на енергетската зависност од еден извор и транзиција кон чистата енергија се клучните определби за Македонија

интервју5 часа ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!

економија5 часа ago

Планирана е вкупна инвестиција од 50 милиони евра за 5 години

економија6 часа ago

Големата слика: македонската економија на среден и долг рок

свет6 часа ago

Берзите продолжуваат да растат бавно

македонија5 дена ago

„Брако“ го создаде првото возило за чистење улици на водороден погон во Европа

македонија4 дена ago

Амбасадорката Брнс на МЕФ: САД ќе ѝ помогне на Северна Македонија да изгради посилен и понезависен енергетски сектор

македонија1 ден ago

Зоран Заев: Нашата држава почива на делата на антифашизмот чиј резултат е нашата слобода!

економија2 дена ago

Почна третата Годишна конференција за е-трговија

банки3 дена ago

Комерцијална банка донираше лаптопи на ученици од 14 општини

македонија4 дена ago

Директорката на МЕПСО, Шуклева: Во инвестициски циклус сме од 163 милиони евра

економија3 дена ago

„Брзи” и „евтини” кредити за скапа и отежната реализација на капитални проекти

банки1 ден ago

Доделени наградите од наградната игра „Шпаркирај нов автомобил!“

start up1 ден ago

Сто илјади евра финансиска поддршка за македонскиот стартап Elevate Global од страна на Бизнис акцелераторот УКИМ

интервју5 часа ago

Николаос Цифакис: ЕУ ќе ја изгуби политичката моќ на Балканот!