Connect with us

македонија

ПроKредит Банка со голема инвестиција во мрежа на полначи за електрични возила

објавено

на

ПроKредит Банка Македонија од јануари 2022 постави мрежа на 21 електрични станици за полнење на електрични автомобили низ целата територија на земјата, покривајќи ги сите фреквентни патишта.

Соочени со предизвиците кои ни ги носи глобалното затоплување, но и екстремно високото загадување во градовите во кои живееме, крајно време е реториката да се замени со конкретни акции. Само во град Скопје, 20% од аеро загадувањето на воздухот е поради стариот возен парк. Токму затоa, како еколошки свесна институција, ПроKредит Банка го промени својот возен парк каде електричните возила имаат учество од 80%..

Со цел поттик на населението кон транзиција во еколошки, електрични возила, ПроKредит Банка инвестира во инфраструктура со поставување на електрични полначи низ целата земја.

ПроKредит Банка Македонија од јануари 2022 постави мрежа на 21 електрични станици за полнење на електрични автомобили низ целата територија на земјата, покривајќи ги сите фреквентни патишта. Поучени од искуството на западноевропските земји, еден од главните предизвици на енергетската транзиција е токму мрежата на станици за полнење. Со вака поставената мрежа очекуваме дека ќе се олесни и забрза транзицијата кон електрична мобилност во нашата земја.

Предноста на користење на електричните возила во нашата земја е значајно намалување на емисијата на штетни гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, повеќекратно намалување на трошоците за транспорт и намалување на бучавата во градовите. Новите „е-станици” на ПроКредит Банка ќе бидат достапни бесплатно за сите во нашата земја oд февруари 2022 година.

Мрежата на е-станици не завршува во Северна Македонија. Приближно 300 е-станици се поставени како густа мрежа од банките на ПроКредит Групацијата во сите источноевропски земји каде што функционираме: Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија, Бугарија, Романија, Молдавија, Украина, Грузија, како и во Солун, Грција.

Доколку планирате патување во земјата или пошироко на Балканот, потребно е само да ја следите апликацијата Procredit Electric Stations на Google Earth, која ќе ви ги прикаже сите локации за полнење на електрични возила во земјата и пошироко.

“Со преземањето на овој чекор, сакаме да дадеме придонес во енергетската транзиција во земјите каде што успешно функционираме. Дополнително, клиентите кои први ќе аплицираат за кредит за нови е-автомобили (не вклучувајќи хибридни возила) ќе добијат бесплатно е-полнач за сопствена употреба, доколку има инсталирано фотоволтаична централа на кровот на објектот каде е поставен е-полнач.”, велат од Прокредит Банка.

банки17 часа ago

НЛБ Банка Скопје по шести пат прогласена за најдобра банка во Македонија според „EMEA Finance“

економија17 часа ago

Венера Крлиу – Ханџиски, Ѓорѓе Војновиќ и Радош Вукичевиќ се нови членови на Одборот на директори на Македонија 2025

македонија20 часа ago

H&M ќе открие мурал во Скопје, којшто истовремено го прочистува и воздухот

регион20 часа ago

Косово почнува со рестрикции на струја, нема пари за скапиот увоз

економија3 дена ago

Поставен камен-темелникот на фабриката за електрични возила во Тетово

банки4 дена ago

ПроКредит – прва банка во земјата која воведува флексибилност за работа од дома за своите вработени

свет6 дена ago

Автомобилската индустрија се граба за литиум – поскапен е 700% за две години

економија6 дена ago

Македонската берза ќе ја одржи својата 21-ва Годишна конференција на 23 септември во Охрид

економија7 дена ago

„Брако“ со 74 нови вработувања во првите шест месеци

економија1 недела ago

Инфлацијата во јули 16% на годишно ниво – најмногу поскапеле храната и транспортот, за речиси 25%