Connect with us

менаџмент / маркетинг

Публицис Груп го поддржува развојот на студентите по маркетинг на Економски факултет – Скопје!

објавено

на

“Управување со иновации и производ” од Ежени Брзовска, достапна за студентите од маркетинг на Економскиот факултет – Скопје благодарение на Публицис Груп.

Македонската маркетинг индустрија има иднина! Потенцијалот е во младите студенти на департмaнот Маркетинг при Економскиот факултет Скопје, кои покажуваат извонредни резултати и огромна љубопитност за професијата. Благодарение и на  наставниот кадар кој се труди да им ги доближи и пренесе најновите знаења и пракси од светот на комуникациите. Една од нив е и Ежени Брзовска, редовен професор на Економскиот факултет – Скопје, смер Маркетинг, која ги следи светските маркетинг трендови, која е во постојан контакт со  компании од домашната маркетинг индустрија, и се труди да ги пренесе најопипливо и најпрагматично своите знаења и искуства на своите студенти. Резултат на тој нејзин труд е и нејзиниот најнов учебник под наслов “Управување со иновации и производ” кој претставува многу корисен материјал на 240 страни за сите студенти по маркетинг. 

Нејзината желба целокупното знаење и искуство да го направи што подостапно на студентите ја поврза со Маркетинг агенцијата Publicis Groupe, една од најголемите и најнаградувани компании за интегрални комуникации во земјава и регионот, која ја поддржа во издавањето на нејзината книга, и истата ја направи бесплатно достапна за  студентите  од департманот маркетинг на Економскиот факултет – Скопје кои беа присутни на денешната промоција.

“Инвестирањето во знаење и образование е најдобрата инвестиција за младите на долг рок. Публицис Груп Македонија е дел од една од најголемите светски комуникациски групации,  работи за клиенти и проекти во земјава и надвор од неа и секогаш има потреба од квалитетен и иновативен млад кадар. Во нашата агенција секогаш има место за амбициозни и талентирани млади луѓе кои сакаат да напредуваат. Нашата агенција обединува талентирани индивидуи, кои со голем ентузијазам и страст креираат различни комуникациски и маркетинг решенија, и кои со својата работа потврдуваат дека и од земјава може да се создаваат решенија кои се конкурентни на светскиот маркетинг пазар. Се надеваме дека овој учебник на професорката Ежени Брзовска ќе биде дополнителен поттик за младите студенти уште повеќе да ја засакаат својата струка, и дека ќе ја поттикне нивната љубопитност, повеќе да истражуваат и да се дообразуваат”, изјавиja од агенцијата Publicis Groupe.

Книгите како и брендовите се создаваат во подолг временски период. За мене среќата лежи во достигнувањата и вложениот креативен напор во пишување на овој учебник. Во учебникот Управување со иновации и производ се исцртани контурите на процесот на развој на нов производ. Маркетингот е мускул и во тој контекст искрено се надевам дека овој учебник ќе ја подобри теоретската и практичната кондиција на студентите.

Поддршката од Публицис за мене претставува вистински успех на ефикасна интеграција која носи взаемно корисни резултати за студентите. Со нагласена емотивна вредност незимерно сум благодарна за допринесот на Публицис што им овозможија на присутните студенти од Економскиот факултет – Скопје да го добијат учебникот Управување со иновации и производ, изјави Ежени Брзовска, редовен професор на Економскиот факултет – Скопје.

Според Ежени Брзовска денес живееме во ера кога постојано ги преиспитуваме своите маркетинг одлуки, и како никогаш досега стана важно компаниите да имаат иновативна и интегрална маркетинг комуникација, која во фокус ја става бренд стратегијата, иновативноста и постојаното инвестирање во бренд вредноста. Овој учебник е резултат на долгогодишна анализа, контакти со индустријата и различни маркетинг професионалци, за да се сублимира еден сеопфатен труд кој поттикнува интерес и страст за маркетинг професијата.

Publicis Groupe Skopje е суштински дел од македонската маркетинг индустрија веќе 27 години. Обединува тимови од агенциите Publicis и Saatchi & Saatchi, кои работат на различни комуникациски проекти за различни индустрии. Изработка на креативни решенија, дизајн и продукција, креирање на бренд стратегии, медиски закуп и планирање, Односи со јавност и организација на настани, се само дел од активностите кои оваа агенција децении наназад ги спроведува за своите клиенти.

свет22 часа ago

Македонката Светлана Мојсов, светски познат научник, е избрана меѓу 100-те највлијателни луѓе на планетава според магазинот Тајм

македонија24 часа ago

Комерцијална банка е најпосакуван работодавач во 2023 во категоријата Банкарство и финансии

економија24 часа ago

Ангеловска – Бежоска: Каматната стапка ќе ја намалиме во втората половина од годинава, доколку не се остварат позначителни ризици

македонија2 дена ago

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

македонија3 дена ago

„Алкалоид“ со донација на течен „Омепразол“ ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца

банки5 дена ago

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

свет5 дена ago

Предлог акција за оваа недела: Orlen S.A.

свет5 дена ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

технологии / компании5 дена ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

регион5 дена ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

свет5 дена ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

регион5 дена ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

македонија5 дена ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

економија5 дена ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

технологии / компании5 дена ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

економија5 дена ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

македонија5 дена ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

свет5 дена ago

Следната година сонцето и нас ќе нѐ стемни

менаџмент / маркетинг5 дена ago

Како да ги демотивирате вработените и избркате најдобрите

свет5 дена ago

Предлог акција за оваа недела: Orlen S.A.