економија
„Раде Кончар ТЕП“ со зголемени инвестиции, производство и извоз
објавено
на
автор:
Редакција Капитал
Бројот на вработени само во 2020 година е зголемен за 20%, додека производството за 65% со што е постигнато рекордно ниво за производителот на трансформатори и електрични постројки. Компанијата користела грант за поддршка на нови инвестиции, од програмата реализирана преку Министерството за економија.
Компанијата за производство на трансформатори и електрични постројки „Раде Кончар ТЕП“ од Скопје во изминативе три години инвестирала речиси три милион евра во унапредување на процесите, што доведе до сериозен раст на приходите и бројот на вработени.
Управителот на Раде Кончар ТЕП, Горан Антевски, посочи дека во изминатите три години, се направени сериозни инвестиции во модернизација на производството, во голема мера насочени кон заштита на животната средина и проширување на производствените процеси. Притоа ја оцени како позитивна поддршката од Владата и Министерството за економија со чија помош беа набавени нови машини и опрема за поефикасно производство.

„Секако овие инвестиции што се направени последните три години придонесоа да го зголемиме производството, да го зголемиме бројот на вработени кој се зголеми само во последната година некаде околу 20%, а со зголемувањето на бројот на вработени се зголеми и производството рекордно 65% во 2020 година. Се надевам дека 2021 ќе биде и подобра затоа што тие нови инвестиции, нови проекти ни носат и подобар развој на компанијата“, рече Антевски.
Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за економија Крешник Бектеши, денес ја посетија „Раде Кончар ТЕП“, една од 400-те компании, кои добија грант за реализација на нова инвестиција во 2020 година, преку јавниот повик за зголемување на конкурентност, спроведен од Министерството за економија.
Битиќи посочи дека во 2020 година, и покрај светската криза предизвикана од коронавирусот Ковид 19, Владата креираше мерки, со кои е обезбедена рекордна поддршка за рекорден број на компании, се со цел нашите компании да реализираат нови развојни проекти и поподготвени да влезат во пост-ковид периодот.
„Во 2020 година, дури и во услови на пандемија, собравме сили и обезбедивме рекордна поддршка за рекорден број на компаниите, која оваа година изнесува околу 65 милиони евра за над 840 фирми. Ќе се навратам на Јавниот повик за зголемување на конкурентноста на компаниите, преку кој со над 17 милиони евра, поддржавме 400 инвестициски проекти на компании кои вложиле во кризата. Преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции, преку мерките од Планот за економски раст, со 11,5 милиони евра, поддржавме 140 компании кои инвестирале во 2019 година. За 39 странски компании кои функционираат во зоните и надвор од нив, преку мерките за кои имаме склучено договори, во 2020 година имаме исплатено 25,6 милиони евра поддршка. Тука се и инструментите на Фондот за иновации и технолошки развој кои се спроведуваат континуирано, а само во 2020 година, со околу 8,5 милиони евра, директно се поддржани 266 компании“, нагласи вицепремиерот Битиќи.
Министерот Бектеши посочи дека во претходната година освен што се обезбеди поддршка на стопанството за зачувување на работните места, Владата креираше мерки со кои се помогна на компаниите коишто имаат храброст и во време на пандемија, да инвестираат.
„Ќе продолжиме во оваа насока да креираме мерки со кои ќе го поддржиме стопанството, особено компаниите кои се извозни ориентирани, па затоа со Кабинетот на Вицепремиерот и со другите надлежни институции веќе разговараме за измени и за дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, се со цел да го прилагодиме законското решение со последните случувања коишто произлегуваат од пандемијата, а во 2021 година да се олеснат критериумите за аплицирање, за да ги стимулираме компаниите да реализираат нови инвестициски проекти. “, кажа министерот Бектеши.
Прочитај Уште...



Биткоинманија: Треба да имате стомак за оваа работа

Антикризни мерки за збогум на корона – кризата

Фатмир Бесими: Корона – кризата завршува дури и според песимистичкото сценарио

Standard & Poor’s бара реформи за да го зголеми кредитниот рејтинг

Суат Инан: И покрај пандемијата, со нашата силна структура и иновативни пристапи во 2020 година постигнавме раст од 57%

Столб на срамот, наместо на демократијата

Танцот со национализмот прекинат или само паузиран?

Дојрански рецепт за мултиплицирање на буџетот

Благојче Котески: Нашата иднина и енергетиката

Марјан Петрески: Дивиденда, два слоја и ровер

Алкалоид со поголеми приходи и добивка лани: компанијата стигна до 200 милиони евра вкупен обрт

Комерцијална банка: Дезинформациите и конструкциите на Трифун Костовски против нас се плод на неговиот личен неуспех

Адора и официјално го претстави првиот градежен проект во Србија

Заев: Очекувам Сашо Мијалков да биде пронајден и ставен во притвор

Коста Петров: Ќе ги мотивираме големите компании да го помогнат развојот на стартапите

Суат Инан: И покрај пандемијата, со нашата силна структура и иновативни пристапи во 2020 година постигнавме раст од 57%

Марјан Петрески: Дивиденда, два слоја и ровер

Македонската економија на среден и долг рок (5)

Standard & Poor’s бара реформи за да го зголеми кредитниот рејтинг
