Connect with us

интервју

Радован Витошевиќ : Да се води меѓународна компанија присутна на преку 50 пазари е огромна привилегија за мене, но и одговорност

Радован Витошевиќ, главен извршен директор на myWorld International AG

објавено

на

„Да се биде дел од интернационална компанија е предизвик само по себе, а пак да се биде на врвот на истата е уште поголем предизвик, пред сѐ поради одговорноста која ја носи позицијата, менаџирањето со голем број на вработени и пред сѐ добра организација на времето кое е најважно. Успехот во оваа улога се состои од добра комбинација од лидерски вештини, деловна острина, глобална перспектива и способност да се прилагодат на предизвиците и можностите кои се развиваат на глобалниот пазар.“

Деновиве македонската менаџерска сцена може да биде горда поради назначувањето на Радован Витошевиќ, „наше дете“, за прв човек  на myWorld International AG, најголемата светска компанија во областа на програми за лојалност и бенефити при купувањето, со седиште во Грац, Австрија. Витошевиќ ги помина сите топ менаџерски корпоративни скалила, од директор на компанијата за Македонија, преку одговорни позиции за регионот, па главен оперативен директор на целата групација, за сега да му биде доверено место главен извршен директор. Ова е голем успех за еден македонски менаџер, затоа што не е баш чест случај некој од земјава да достигне до самиот врв на светска корпорација, присутна во повеќе од 50 пазари на планетава. Со Витошевиќ разговаравме за тоа што значи оваа позиција за него, како му го менува животот и каква е неговата визија за понатамошниот раст и развој на myWorld.

Твојата биографија е импресивна, толку млад, а со толку постигнувања зад себе. Дали можеш да ни раскажеш за твоите почетоци, и патот до позицијата која сега ја имаш?

Моите почетоци во деловниот свет започнуваат како банкар во една домашна банка, каде што всушност е и моето прво вработување. Токму таму ги стекнав потребните вештини на корпоративно работење и оттука започнав да навлегувам подлабоко во тој свет. Уште од тогаш имав за цел да напредувам во корпоративниот свет и себеси се гледав токму онаму каде што сум сега, а тоа е на највисока позиција во една корпорација. Од банкарскиот свет продолжив во myWorld, каде што имаше отворена позиција за генерален директор на канцеларијата во Македонија. Оттука продолжува мојот развој во таа компанија, преку генерален директор на Македонија, па генерален директор за Бугарија, Косово и Албанија и Јужен Балкан.

Мојот регионален успех и отворањето на нови пазари како Турција, продолжи како директор за Југоисточна Европа. Од оваа позиција, доаѓа и мојата прва поголема титула, а тоа главен оперативен директор (COO) на myWorld International, за да следно дојдам и до функцијата на генерален извршен директор (CEO). Буквално сум ги поминал сите скалила кои може да се поминат во една корпорација и сум многу благодарен на сопствениците за можноста која ми ја дадоа и тоа што успеаја да ја препознаат мојата амбиција да придонесувам глобално за компанијата.

Самата позиција генерален директор носи предизвик и кога е локално, односно кога се делува во една држава. А кога работите глобално и треба во текот на денот да се фокусирате на повеќе од 50 земји низ светот во различни временски зони, можете и да претпоставите какво е моето темпо и работните навики, тоа е активност 24/7. Но, јас не сум човек кој се жали, туку напротив за мене тоа е мотив и инспирација да се развивам лично јас, и да се развива компанијата уште повеќе.

Работата во интернационална компанија е навистина макотрпна, па од таму дали имаш време за себе? Ти недостасува ли, така да го наречам, нормалниот живот? Како изгледа еден твој ден, недела или месец?

Самата позиција генерален директор носи предизвик и кога е локално, односно кога се делува во една држава. А кога работите глобално и треба во текот на денот да се фокусирате на повеќе од 50 земји низ светот во различни временски зони, можете и да претпоставите какво е моето темпо и работните навики, тоа е активност 24/7. Но, јас не сум човек кој се жали, туку напротив за мене тоа е мотив и инспирација да се развивам лично јас, и да се развива компанијата уште повеќе. Секако дека денот, неделата и месецот се исполнети со агенда, состаноци и патувања низ целиот свет, и сѐ повеќе слободното време го ценам, и ми фали, па затоа се трудам и тоа што ми останува како слободно време да го поминам во добар одмор, дружење со пријателите и семејството.

Што претставува работење во интернационална компанија, а при тоа да си на највисоката функција?

Да се биде дел од интернационална компанија е предизвик само по себе, а пак да се биде на врвот на истата е уште поголем предизвик, пред сѐ поради одговорноста која ја носи позицијата, менаџирањето со голем број на вработени и пред сѐ добра организација на времето кое е најважно. Оваа улога доаѓа со значајни одговорности и предизвици, а вклучува и надзор на сите аспекти на работењето, стратегијата и лидерството на компанијата, како што се: стратешко планирање, носење на важни одлуки, глобална перспектива преку спознавање на сите пазари, комуникација со сопствениците, Надзорниот одбор и Бордот на директори, финансиска одговорност, како и постојан развој и адаптација на иновации и грижење за имиџот на компанијата. Работењето како извршен директор во глобална компанија може да биде и доста интересно и исполнувачки, но и доста напорно. Успехот во оваа улога се состои од добра комбинација од лидерски вештини, деловна острина, глобална перспектива и способност да се прилагодат на предизвиците и можностите кои се развиваат на глобалниот пазар.

Кои се предностите да се биде дел од myWorld International AG?

Нашата компанија е компанија која се занимава со програма за лојалност и бенефити при купувањето, и сме дел од куповна заедница која брои повеќе од 15 милиони членови, а имаме и повеќе од 150.000 трговски партнери низ целиот свет. Не само тоа, се развиваме доста и во онлајн продажбата, нашата платформа располага со повеќе од 100 милиони производи достапни за купувачите. Низ нашата корпоративна структура и низ работењето, како една од главните предности претставува и работењето со некои од најголемите светски брендови низ светот, како што се booking.com, Amazon, Ali Express, Carrefour, Lidl, Amazon,  Airbnb, travelWorld, OMV и стотици други големи партнери, а од нашиот пазар и регионот соработуваме со Макпетрол, Тинекс, Веро во Македонија, Petrol.bg, Emag, HIT во Бугарија, Idea, Roda, Mercator во Србија и многу други. Предностите да се биде дел се огромни, а пред сѐ е модерниот и дигитален пристап во работењето, постојаниот развој на иновации за нашите трговски партнери и зголемување на можностите за нашата куповна заедница која е многу важна за нас.

Нашата компанија е компанија која се занимава со програма за лојалност и бенефити при купувањето, и сме дел од куповна заедница која брои повеќе од 15 милиони членови, а имаме и повеќе од 150.000 трговски партнери низ целиот свет. Не само тоа, се развиваме доста и во онлајн продажбата, нашата платформа располага со повеќе од 100 милиони производи достапни за купувачите.

Долги години си дел од myWorld, почнувајќи како директор на myWorld Македонија, па генерален директор на Југоисточна Европа, па главен оперативен директор на myWorld International, па се до функцијата главен извршен директор. Дали можеш да ни кажеш што беше главен мотив во работењето за тебе, кои се според тебе професионалните карактеристики кои треба да ги поседува еден човек за да дојде до ваква позиција?

Упорност, дисциплина и многу работа. Јас како човек пред сѐ се трудам да бидам дисциплиниран, упорен и  темелен во она кое што го правам. Професионален сум и доста писмен во делот на меѓународниот бизнис, и зборот ‘не може’ не е во мојот вокабулар. На ова би додал и визија и лидерство, како една од важните компоненти во карактеристиките кај еден успешен човек.  

Тука морам да напоменам дека и образованието игра голема улога, како формалното така и неформалното образование. Во завршна фаза сум со докторските студии во делот на бизнисот и администрацијата на Key West Универзитетот во Флорида, каде што сум стипендист, но не ја отфрлам и неформалната едукација, особено читање бизнис книги и психолошка литература.

Глобално, myWorld International беше избрана за најдобра компанија во САД во делот на компании кои нудат програма за лојалност. Како успеавте во тоа?

Како што веќе споменав претходно, ние работиме во повеќе од 50 држави низ светот, а една од тие држави е САД, каде што работиме доста добро. Во истражувањето кое го направи еден од највлијателните бизнис магазини Business Newsweek во соработка со Statista, нашата компанија беше одбрана за најдобра во делот на компании кои се занимаваат со програма за лојалност, со највисок можен рејтинг.

Кои пазари се најразвиени кога зборуваме за работењето на myWorld International AG и какви се плановите за развој за во иднина?

Доаѓам од Балканот, во минатото менаџирав земји во регионот кои се составен дел од европскиот пазар, но имаме многу други европски земји како на пример Италија, Португалија, Шпанија, Германија, Австрија, и итн., каде што компанијата е доста напредно развиена. САД како држава за нас е навистина интересна и е во голем раст. Покрај САД и Канада тука се и државите од Јужна Америка, а посебен развој имаме во Бразил. Источниот дел од светот се развива со огромна брзина, како и африканскиот континент. Нашите очекувања се дека Азија и Африка ќе бидат една од главните движечки сили на компанијата во иднина. Во јули оваа година отворивме ново седиште во Куала Лумпур, Малезија со цел да се пенетрира азискиот пазар.

Колку Македонија како држава се развива во бизнис сферата во однос на другите пазари?

Македонија е држава која не заостанува многу од развиениот свет, без разлика што светот ја третира како земја во развој. Туку напротив, можам да кажам дека е една од успешните земји ако земеме колкава држава сме. Задоволство ми е да ја претставувам нашата земја и да сум амбасадор низ целиот свет. Цел ми е да им покажам на помладите дека без разлика каде сме родени и каде сме растеле, со правилно насочена работа и позитивен ,,мајндсет”, може нашиот кадар да успее и на светските пазари.

САД како држава за нас е навистина интересна и е во голем раст. Покрај САД и Канада тука се и државите од Јужна Америка, а посебен развој имаме во Бразил. Источниот дел од светот се развива со огромна брзина, како и африканскиот континент. Нашите очекувања се дека Азија и Африка ќе бидат една од главните движечки сили на компанијата во иднина. Во јули оваа година отворивме ново седиште во Куала Лумпур, Малезија со цел да се пенетрира азискиот пазар.

Што е она што го прави myWorld поразличен од конкуренцијата?

Со преку 150.000 трговци на мало и даватели на услуги кои учествуваат, програмата myWorld Benefit ги инспирира купувачите во над 50 земји со различни видови на модерно купување да добиваат бесплатни предности. Како компанија имаме илјадници онлајн продавници кои може да се најдат на нашата веб страница myworld.com и на мобилната апликацијата myWorld. Имаме буквално понуди за секој тип на купувачи, па и за оние кои претпочитаат да купуваат во продавница, сигурно ќе го најдат она што го бараат кај еден од бројните локални партнери. Таму, личниот бар-код или QR-код треба да се скенира само при наплатата, што се прикажува во апликацијата. Како брза и лесна алтернатива, клиентите можат да ја користат иновативната функција на апликацијата Scan & Go за да ги скенираат и да ги достават своите сметки директно по купувањето со Локалните партнери.

Колку и да се различни опциите за купување, сите тие имаат едно нешто заедничко: купувачите собираат Shopping Points и Cashback со секое купување кај myWorld партнерите. Сè што треба да направат е да се регистрираат за програмата myWorld Benefit – бесплатна и необврзувачка, се разбира. Нудиме максимална поддршка за развој на компаниите преку разни идеи и алатки со што компаниите раснат во својот развој, а и ние заедно со нив. Исто така сакам да напоменам дека како компанија сме комплетно насочени во корпоративната општествена одговорност и имаме две фондации кои се дел од нас, а тоа се Child & Family Foundation и Greenfinity Foundation, кои помагаат на децата, младите и фамилиите насекаде низ светот.

На што најмногу сте концентрирани во периодов и какви се плановите на myWorld во блиска иднина?

Компанијата myWorld е лидер во својата работа во светот, и сме фокусирани на развивање на современа технологија во делот на шопинг услугите. Нашата апликација, како и веб страната, секојдневно се усовршуваат за полесно и побрзо добивање на услугите кои ги нудиме. Најнапред од моето доаѓање на функцијата главен извршен директор, секојдневно работиме врз развој на пазарите каде сме присутни и постојано работиме на новитетите и развојот на глобално ниво.

Колку ти недостига Македонија?

Да бидам искрен, со моите секојдневни обврски не ми останува време да сфатам колку впрочем ми недостасува, но знам дека ми недостасува многу, пред сѐ поради моите пријатели и семејството, па затоа гледам секое слободно време да го искористам и да се вратам дома. Исто така не жалам многу бидејќи меѓународното искуство кое го собирам е непроценливо и ретко кој може да го добие. Затоа се чувствувам благословен и го прифаќам својот пат со сето мое срце. Секако дека патувањата и искуствата се голема придобивка за мене, и за мојот развој, но се трудам колку можам почесто да се вратам дома и да ја пренесам мојата енергија и кај нас.

банки2 дена ago

Со голем настан Македонската шаховска федерација ќе одбележи еден век постоење на Светската шаховска федерација ФИДЕ

македонија5 дена ago

Комерцијална банка со поддршка за македонскиот фудбал и во наредните три години

банки5 дена ago

Прокредит банка со нова модерна филијала во Гостивар

македонија5 дена ago

Донаторскиот кружок на КОНЕКТ по 5-ти пат покажа филантропија на дело: Собрани еден милион денари здружени донации за влијателни иницијативи

банки6 дена ago

ПроКредит е единствена банка во Македонија оценувана од Fitch Ratings

банки7 дена ago

Нова зелена бизнис кредитна линија на ПроКредит Банка и ЕБОР со поврат на средства до 10% за инвестиции во одржливи решенија

македонија1 недела ago

Приближувајќи се кон првата декада со бројни успеси – 8 години ги зајакнуваме носечките столбови на уникатното хотелско угостителство во Скопје Мериот Хотел

менаџмент / маркетинг2 недели ago

Како да се водат состаноци: не мора да се долги, мачни и здодевни, може и поинаку

регион2 недели ago

Во Хрватска платите растат двојно побрзо одошто просекот на ЕУ: работодавците бараат покачувањата да се врзат со продуктивноста

свет2 недели ago

Како турнејата на Тејлор Свифт може да ја поправи економската слика на Европската унија

македонија1 недела ago

Приближувајќи се кон првата декада со бројни успеси – 8 години ги зајакнуваме носечките столбови на уникатното хотелско угостителство во Скопје Мериот Хотел

банки7 дена ago

Нова зелена бизнис кредитна линија на ПроКредит Банка и ЕБОР со поврат на средства до 10% за инвестиции во одржливи решенија

македонија5 дена ago

Донаторскиот кружок на КОНЕКТ по 5-ти пат покажа филантропија на дело: Собрани еден милион денари здружени донации за влијателни иницијативи

банки6 дена ago

ПроКредит е единствена банка во Македонија оценувана од Fitch Ratings

банки5 дена ago

Прокредит банка со нова модерна филијала во Гостивар

банки2 дена ago

Со голем настан Македонската шаховска федерација ќе одбележи еден век постоење на Светската шаховска федерација ФИДЕ

македонија5 дена ago

Комерцијална банка со поддршка за македонскиот фудбал и во наредните три години