Connect with us

македонија

Радован Витошевиќ е нов главен оперативен директор на myWorld International

објавено

на

myWorld моментално е застапен на 59 пазари и повеќе 15 милиони купувачи ги користат безбројните поволности за купување со околу 150.000 партнери ширум светот.

Регионалниот директор за Југоисточна Европа на компанијата Мајворлд (myWorld), Радован Витошевиќ, е поставен за главен оперативен директор на myWorld International.

Во изминатите години, Радован се истакна како управен и регионален директор на филијалите myWorld во Македонија, Албанија, Косово и Бугарија и даде значаен придонес за успехот на компанијата во овие земји. Неговиот напредок и развивање е импреатив за секој млад човек, бидејќи неговите почетоци во оваа компанија започнуваат од најниско ниво на работење во корпорацијата, со што постепено во изминатите години да достигне до највисоките врвови, сѐ до почетокот на оваа година кога тој ја прошири својата област на одговорност како регионален директор за Југоисточна Европа во вкупно дванаесет земји. Витошевиќ за време на неговата позиција како регионален директор за Југоисточна Европа, ја претстави myWorld платформата на турскиот пазар и со овој чекор за првпат во Турција беше претставена Benefit програмата.

Со тоа што беше унапреден во главен оперативен директор на myWorld International, Радован достигна највисоко ниво на управување во групацијата myWorld. Со оваа значајна позиција, тој сега може да го стави својот печат на myWorld на глобално ниво и да ја покаже својата извонредна посветеност и знаење во областа на бизнисот, менаџментот и администрација. Промоцијата на Радован Витошевиќ како главен оперативен директор на myWorld International беше одржана во Белград на настан на кој беа присутни повеќе од 1000 луѓе.

Мојата идеја е своето единаеесетгодишно искуство во оваа компанија и целата моја поддршка да ја дадам на сите менаџери и супервизори во myWorld International и да ја задржам блиската соработка со myWorld 360 како наш сервисен партнер. Една од моите главни цели е да формирам тим и добра работна атмосфера за нашите луѓе, со цел да создадеме чувство на припадност и да ги охрабриме луѓето да го откријат значењето на нашата групација на компании, а во исто време да го одржуваме растот на бизнисот. Она што му потребно на myWorld се среќни и исполнети вработени со цел да останеме голем меѓународен работодавач на одлични луѓе, затоа што задоволството на вработените е клучен фактор за успехот на клиентите. Она што би сакал да го видам во иднина е квалитетно и уште побогато портфолио со партнери и долготрајни врски со среќни и задоволни клиенти. Јас секогаш претпочитам квалитет пред квантитет и доколку се фокусираме на растење на овој начин ќе постигнеме значителен успех за компанијата. Горд сум на тимот кој успеав да го креирам во нашата држава, во регионот и горд сум што мојот пат на успех е еден од ретките помеѓу луѓето во нашата држава“ – изјави Радован Витошевиќ.

Компанијата myWorld се темели на неколку основни елементи на успешен шопинг екосистем како што се купувачи и трговци, мрежа на микро, мали и средни претпријатија, како и големи бизниси, онлајн и офлајн платформи. Од едноставна бенефит платформа, myWorld прераснува во светска сила во онлајн продажбата, услугите за патување и сместување, и полека влегува во индустријата на дигитален маркетинг. Под капа на оваа групација се повеќе брендови и индустрии: myWorld.com, marketplace.myWorld.com, travelWorld.com, Benefit Lounge, OneSense, @media, eVoucher и итн.

myWorld нуди атрактивни поволности за купување, како што се Cashback и Shopping Points за купувачите кои сакаат да заштедат пари кога купуваат локално, како и преку интернет низ целиот свет. Дополнително, myWorld обезбедува ефикасни и иновативни програми за лојалност на клиентите кои им овозможуваат на бизнисите да станат дел од овој шопинг свет. myWorld моментално е застапен на 59 пазари и повеќе 15 милиони купувачи ги користат безбројните поволности за купување со околу 150.000 партнери ширум светот.

Радован Витошевиќ, е добитник на неколку престижни награди, а прогласуван е за Менаџер на годината од официјалниот избор на Мажи на Годината во Македонија за 2020 година и Business Elite’s “40 Under 40” во 2021 година, како и добитник на Business Class наградата во Бугарија. Покрај овие достигнувања, Радован воедно е и најпродаван автор во Македонија со книгата „Будење на свеста“, која претставува четиво за личен развој, a е напишана заедно со неговата сопруга, Катерина Ангеловска. Книгата е преведена на неколку јазици и успешно се продава преку сите светски платформи.

банки2 дена ago

Комерцијална банка прогласена од Global Finance за врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

македонија3 дена ago

Кочо Анѓушев се сретна со специјалниот британски претставник за трговија, Мартин Викерс

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

свет6 дена ago

Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија

економија6 дена ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

регион6 дена ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

македонија6 дена ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

македонија6 дена ago

Што научивме од првата конференција за недвижности во Македонија: Проектите не запираат, доаѓа време на retail парковите, а ESG станува задолжително

македонија6 дена ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

македонија6 дена ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

економија1 недела ago

Триглав Осигурување со нов производ за осигурување на дом, Мој дом

македонија6 дена ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

македонија6 дена ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

македонија6 дена ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

менаџмент / маркетинг6 дена ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

економија6 дена ago

Од отпадот од фармите ќе се добива струја, топлина и органско ѓубре за земјоделството

регион6 дена ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

македонија6 дена ago

Што научивме од првата конференција за недвижности во Македонија: Проектите не запираат, доаѓа време на retail парковите, а ESG станува задолжително

економија6 дена ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

свет6 дена ago

Избегната ли е „мајката на сите кризи“?