Connect with us

интервју

Радован Витошевиќ: Успешната македонска приказна ја раскажавме и на Балканот

Радован Витошевиќ, регионален директор на myWorld

објавено

на

„Нашиот успех од Македонија, започнавме да го реплицираме  и во регионот. Многу сум среќен што успеавме на нашите луѓе да им овозможиме развој на меѓународен бизнис, да излезат надвор преку градење на мрежа на купувачи. Особено сум горд што можеме да ѝ придонесеме на македонската економија уште повеќе. Нашите претприемачи продажните активности ги вршат низ целиот регион, а провизиите за продажба ги исплаќаме локално, со што и персоналните даноци ги плаќаме во Македонија, кон нашата држава.“

Радован Витошевиќ, регионален директор на myWorld International за Јужен Балкан и главен извршен директор на мајВорлд Македонија, мајВорлд Бугарија, мајВорлд Албанија и мајВорлд Косово, компании членки на myWorld Holdings Ltd. London (corporate.myworld.com). Човек кој од свои млади години го гради личниот успех, но и на компанијата. Успешен во работата, заeдно со неговата сопруга ја пишуваат и книгата Будење на свеста, која претставува четиво за личен развој, и која 2020 година е бестселер. Со Радован зборуваме на неколку теми –  10 години myWorld на македонскиот пазар, успесите на компанијата, како по коронавирусот, дигитализацијата како иднина, совети за успех…

Како корона кризата влијаеше на работењето на myWorld и како се справувавте со предизвиците кои беа пред вас?

Кризата со короната беше голем предизвик за сите нас кои се занимаваме со менаџирање на компании и водење на луѓе, затоа што иако ефектот беше од демографски и социјален карактер, потребните промени за корпоративен успех беа генерално технолошки, како и културолошки. Под технолошки подразбирам целосна промена на начинот на работа и функционирање, односно унапредување и менување на процесите и целосна дигитализација на производите и услугите. А под културолошки, мислам на принудната  промена во навиките кај луѓето, од доминантно офлајн во онлајн функционирање, од работа во канцеларија во работа од дома, како и приспособување на куповните навики, и начинот на живеење и водење на бизнисот.

Највисоката способност на една компанија не е само константно да се менува и континуирано да ги подобрува своите процеси и начини на делување, туку есенцијално позитивна корпоративна доблест за мене е успешно да се приспособиме на промените кои се резултат на надворешните влијанија, како што беше случајот изминатата година. Доколку немате како компанија флексибилност да ги извршите посакуваните промени брзо, тогаш иднината ви е неизвесна. Ние сме компанија која е доста брза и ефикасна во промените и дури и кога нема корона константно се менуваме на подобро и растеме. Овој период само го забрза нашето темпо.

Дали оваа ситуација ве насочи кон некои корпоративни промени, дали можеби ве насочи кон некои нови правила?

Како и сите останати компании и ние бевме погодени и затекнати од неочекуваната ситуација. За време на пандемијата бевме принудени  да се повлечеме и целата групација да работиме од домашни услови. Не само тоа, моравме и  да ги мигрираме продажните активности од кафеаните и конференциските сали во онлајн „meeting” платформи. Онлајн продажбата лице в лице е поинаква од таа од теренот, но успеавме успешно да се адаптираме и да ја задржиме продажната човечка сила. Беше навистина предизвикувачки, но сме среќни што успеавме да докажеме дека можеме да се адаптираме и да работиме ефикасно и во тешки околности, и да не дозволиме тоа да не разниша, но напротив да не направи уште посилни.

Додека многу компании се закочија или се бореа за некаква државна поддршка, ние решивме да се прошириме и да отвориме нови држави. За моја среќа или несреќа, рано ја прележав короната што ми даде можност активно да патувам во околните држави и да придонесам во активното отворање на myWorld Albania и myWorld Kosovo. На 15 февруари 2021 година успешно и во рекордно време отворивме две нови франшизи со раководство од Македонија. Во моментот канцелариите во Македонија, Бугарија, Албанија и Косово, на една меѓународна компанија која работи во 54 држави, се раководени од македонски лидери, и за тоа сум посебно горд. Не е тоа честа појава!

Со овој чекор, отворивме нови канали на приходи во време кога беше ново нормално да се работи со минимални расходи, а со тоа успешно го заокруживме присуството во балканскиот регион. Денес броиме илјадници нови клиенти и стотици партнерски компании повеќе во нашето портфолио поради тоа што имавме храброст и енергија во тешките времиња да направиме храбри нови чекори.

Исто така, групацијата направи диверзификација и ги зголеми своите бизнис операции со изградба на нова конкурентска светска платформа за патување наречена travelWorld. Се подготвивме навремено да нудиме услуги за патувања со понуда од преку 1,5 милиони сместувања и авио – летови за целиот свет со автоматско добивање на myWorld бенефиции.

Шопингот со нас е многу забавен

Коронавирусот ги помести речиси сите аспекти на нормалното функционирање, и се одрази психолошки на луѓето, како да се мотивираме во ваква ситуација?

Лесни времиња креираат слаби лидери, а тешки времиња градат силни лидери. Оваа реченица секојдневно ме мотивира затоа што сум свесен дека во времиња кога повеќето луѓе гледаат мака и неизвесност, токму тогаш е правиот момент да се излезе од комфор зоната и да се направи храбар деловен исчекор. Секоја промена после речиси 90 дена носи некакви резултати, и доколку истите се позитивни тоа е она кое ме мотивира. Најголем мотиватор за мене е првичниот позитивен резултат, и потоа со поголема самодоверба се впуштам во повеќе деловни ангажмани.

Во овие моменти, многу е важна колективната афирмација, каква е внатрешната компаниска нарација? Дали луѓето се вкочанети и исплашени, или се свесни и знаат да ги трансформираат сопствените емоции и да бидат продуктивни за себе, а и за компанијата. За таа цел, организиравме голем број на интерни мотивациски предавања за менаџментот и вработените во целиот свет, каде што и јас бев дел од тој тим, со цел да се подигне свеста и да се надмине ситуацијата. Најактуелни теми беа позитивно размислување, позитивните афирмации, медитацијата, секојдневната  физичка активност, како и други техники за подигнување на колективната вибрација.

Во последните неколку години, се повеќе се зборува за дигитализација на општеството и одење напред. Што за вас претставува дигитализацијата, и како myWorld работи на тоа поле?

myWorld како меѓународна групација секогаш се стреми да има најнови технолошки решенија за своите клиенти. За таа цел имаме сопствена компанија во Австрија која е задолжена за развивање на информатички решенија и континуирано подобрување на производите кои ги нудиме на пазарите. Можам комотно  да кажам дека ние сме една од наголемите онлајн платформи во државата веќе многу години наназад. Буквална целата продажба ни се одвива онлајн или пак со помош на дигитални алатки.

Нашата myWorld апликација која е достапна за Android и IOS се здоби минатата година со признание од македонските гласачи за најдобра апликација за 2020 година. Преку неа може секој клиент да се регистрира бесплатно, и со користење на својот смартфон да добива бенефиции при секое направено купување кај нашите партнери во светот. Годинава целосно ја дигитализиравме нашата кешбек картичка, и само со протресување на телефонот таа излегува и е спремна за употреба. Исто така, преку нашата апликација можете да пазарување кај илјадници онлајн трговци како што се: Booking, travelWorld, AliExpress, Aegean, Rentalcars, Banggood и многу други.

Исто така, многу интересен и единствен од тој карактер производ е нашиот eVoucher. Тоа е дигитален ваучер на myWorld кој може да се искористи во 54 држави кај голем број на големи ланци, а кај нас во Веро, Тинекс, Макпетрол, Рептил, Систина, Спорт М, Спорт Висион и други.

Шопингот со нас е многу забавен. Секогаш работиме на тоа да биде користењето побрзо и поедноставно.

Во целост ги поддржуваме и нашите партнери, кои имаат можност да се здобијат со дигитална бенефит програма за своите клиенти. Нашата т.н. myWorld Partner програма нуди големи можности за малите и средните претпријатија во насока на развој за лојалност кај клиентите. Од зголемување на продажбите, до користење на нашите системи и CRM решенија. Нашата цел е да направиме максимален придонес за малите бизниси, да растат и да се развиваат. Но, од друга страна пак, ги поддржуваме и големите бизниси со премиум решенија, и со можност за целосно брендирана сопствена лојална програма. Повеќе информации ќе пронајдете на веб страната за партнери https://partner.myworld.com/.

Колку дигитализацијата може да придонесе за развој на една компанија, и дали тоа би било пресудно во наредниот период како една од главните точки од бизнисот за развој во годините пред нас?

Државниот биланс секогаш ни е во дефицит, односно повеќе увезуваме отколку што извезуваме. Им даваме олеснувања на некакви странски гиганти кои вработуваат на минимална плата и не плаќаат данок на државата. Нашата економија има ниска продукција и слабо продава надвор, а тоа е резултат на повеќе бариери. Затоа сметам дека дигитализацијата е движење кое ни овозможува нас бизнисите со услуги да излеземе од нашите граници и да се насочиме на светскиот пазар. Можеме да работиме онлајн, да се поврземе со некого во странство, на пример во Америка, Велика Британија, Германија, или Австралија, и глобално да делуваме. Можеме да отвориме онлајн бизнис и да нудиме услуги низ целиот свет. Да избегаме од заспаноста  и изолацијата  која толку многу ја сакаме.

Многу се радувам што генерално можеме да користиме услуги од светски реномирани, иновативни компании како што се: Apple, Microsoft, Netflix, Google, Instagram, YouTube, Facebook, и други. Од друга страна пак, поради нашата изолираност како земја и бариерите кој постојат, тешко можеме да извезуваме или пак да увезуваме. И поради тоа, нецелосно, или воопшто не можеме да ги користиме услугите од некои глобални фирми како што се: Amazon, Revolut, Binance, PayPal, Uber, Shopify и слично.

Согласно statista.com (2019), во 2003 година имало 6.3 милијарди луѓе на планетата и 0.5 милијарди уреди како што се: паметните телефони, таблетите, десктоп компјутерите, лаптопи и слично, а активни луѓе кои ги користеле овие уреди биле 0.08 милијарди. Тоа се само 1.2% од луѓето кои биле дигитализирани. Во 2007 година веќе во светот имаме повеќе уреди отколку луѓе, за подоцна во 2010 година да имаме 12.5 милијарди уреди на 6.9 милијарди луѓе. Тоа се повеќе од 2 уреда по човек, а активни биле 1.8 милијарди луѓе или 26% од светската популација била дигитализирана. Денеска има околу 7.7 милијарди луѓе на планетата, 30 милијарди активни уреди на 3.9 милијарди активни дигитализирани луѓе. Ова значи дека пола од светското население е дигитализирано. На база на овие информации јас би градел онлајн бизнис. Толку е очигледно!

Кога веќе сите имаме по два телефона, и минимум еден лаптоп дома, зошто да не го искористиме тоа за бизнис, а не само за постирање на социјалните медиуми. Јас лично сум инволвиран во повеќе компании, во повеќе земји, и сите компании работат исклучиво онлајн и со големи успеси.

Компанија не е парче хартија кое го чуваме во фиоката, туку самите луѓе ја креираат

Оваа година славите 10 години на македонскиот пазар. Кога би ве вратиле назад, со какви се предизвици се соочувавте во работењето тогаш, и со што сега?

Славиме 10 години од постоење на пазарот и сум навистина горд за резултатите кои ги постигнавме низ годините. Не само тоа, туку бевме пионери и воопшто не беше лесно да го трасираме патот за идните бизниси.

Секој бизнис има повеќе фази на развој. Во иницијалната фаза, се соочувавме со правното поставување на компанијата и усогласување со институциите и регулативата во Македонија. Бевме новитет на пазарот во повеќе индустрии како што се: продажба и откуп на ваучери на големо, воведување на кешбек системи кај партнерите, адаптирање на систем за препорака на клиенти, и итн. Откако успешно ја завршивме првата фаза и се усогласивме според  државните регулативи, следниот чекор беше пронаоѓање на правите луѓе и градење на тимот, затоа што бевме свесни дека без квалитетен и мотивиран тим нема да можеме да градиме инфраструктура на бизнисот. Воведовме огромен број на обуки за личен раст и развој и изградивме успешни меѓународни лидери.

Денес сум најмногу горд на прекрасниот тим кој го имаме, како во канцеларија така и на терен. Без нив не би бил успешен, а ниту ќе постоеше мајВорлд компанијата каква што е. Горд сум што уште од почетоците заедно градевме и секогаш успевавме заедно да ги надминуваме предизвиците. Нашето мото е ЗАЕДНО СМЕ СИЛНИ и сите веруваме во тоа!

Среќен е оној човек кога ќе пронајде луѓе кои се подобри од него, а таква е мојата ситуација. Опкружен сум со високо мотивирани, лојални и компетентни луѓе, и без сомнеж го имаме најдобриот тим за продажба во државата, и тоа ме прави исклучиво горд.

Со заеднички сили, успеавме да изградиме портфолио од 280,000 членови и 1,500 партнерски фирми.

Корпоративната општествен одговорност е многу важен сегмент во работењето на една компанија. Колку вие инвестирате во вакви проекти, и дали имате некој на што сте особено горди?

Групацијата има две фондации – Child & Family и Greenfinity, и години наназад покажува сериозна општествена одговорност, хуманост низ целиот свет, како и заштита на здравата околина. Имаме згрижено преку 32,000 лица со посебни потреби, изградено 7 училишта и обезбедено преку 23,000 оброци на гладни лица и безброј проекти за зголемување на енергетската ефикасност, проекти за намалување на CO2 и заштита на околината.

Во последните неколку години Child & Family има реализирано повеќе од 60 проекти за помош во повеќе од 30 држави. Беа изградени нови училишни згради, постоечките образовни институции беа реновирани, се обезбедија наставни материјали и училишни автобуси и се организираа школски излети.

Прв хуманитарен проект кај нас беше реновирање на основното училиште Гоце Делчев во с. Љубанци. Исто така, се сеќаваме на акцијата за поддршка на децата од Заводот за рехабилитација на деца и младинци “Топанско Поле”, како и многу други хуманитарни акции кои сме ги имале низ годините.

Во меѓувреме станавте и регионален извршен директор за Македонија, Бугарија, Косово и Албанија. Кои се предизвици се пред вас, и дали имате некои очекувања од овие држави, како нови во вашето портфолио?

Во секоја земја предизвик е да се постави инфраструктурата на бизнисот. Најпрво бараме претприемачи кои сакаат да ни се приклучат да градат бизнис со нас, а потоа со нивна помош креираме еден баланс од членови и трговски партнери. Од едната страна имаме трговци кои бараат повеќе купувачи, а од другата страна им ги сервираме купувачите на трговците со тоа што одобруваат бенефиции за нив. Со тоа креираме win-win ситуација и една континуирана спрега. Купувачите секогаш бараат најповолни услови и привилегии  при купувањето, а трговците наградувајќи ги, се здобиваат со лојални клиенти.

Овој систем на поставување на три фундаментални столбови: маркетери, членови и трговци, го реплицираме во секоја нова држава. Горд сум што сме повторно пионери во лојалната индустрија и на други соседни пазари каде што поставуваме нови стандарди на работа.

Кога би можеле да ги анализирате пазарите, дали мислите дека македонските претприемачи се спремни за развој во регионот, и дали ширењето на овие пазари ќе придонесе за развој?

Компанија не е парче хартија кое го чуваме во фиоката, туку самите луѓе ја креираат компанијата. Нашето средство, во кое инвестираме со години што ни дава конкурентска предност, е флотата на лидери кои ги има нашиот систем изградено и сѐ уште ги гради. Располагаме со огромен тим на претприемачи кои се веќе докажани професионалци на светските пазари. Со спремни сили ја развивме најпрво Бугарија, а потоа започнавме на ист начин и Албанија и Косово, и доста ефикасно.

Нашиот успех од Македонија, започнавме да го реплицираме  и во регионот. Многу сум среќен што успеавме на нашите луѓе да им овозможиме развој на меѓународен бизнис, да излезат надвор преку градење на мрежа на купувачи. Особено сум горд што можеме да и придонесеме на македонската економија уште повеќе. Нашите претприемачи продажните активности ги вршат низ целиот регион, а провизиите за продажба ги исплаќаме локално, со што и персоналните даноци ги плаќаме во Македонија, кон нашата држава.

Радикална промена во свеста

„Будење на свеста“, веруваме дека ги надмина и вашите очекувања за продажба. Напишавте книга која стана четиво за личен развој заедно со вашата сопруга Катерина Ангеловска. Како се роди идејата за оваа книга?

„Будење на свеста“ е всушност подарок за сите нас, подарок за сите прекрасни битија кои се посветени на себеспознавање. Насекаде во светот се случува радикална промена во свеста, вистинско будење кое ги руши темелите на човековото знаење за сепостоењето. Ние со отворен ум ја прифативме оваа промена која веќе и се случува на нашата планета. Нашата авантура за личен и духовен развој трае повеќе години и дојдовме до момент кога заедно со Катерина имавме премногу информации и искуства од долгорочни истражувања, трагања, разни семинари, ритрити, медитации, менторства, книги. Двајцата почувствувавме дека сме подготвени сето тоа знаење да го споделиме со останатите луѓе и да создадеме дело кое ќе претставува вистинско будење на свеста.

Создавањето на книгата „Будење на свеста“ беше вистински предизвик и за мене и за Катерина, особено што ова дело го создававме заедно. И двајцата сме изградени индивидуални личности и пишувањето на книгата ни даде ексклузивна можност да ја избалансираме меѓусебната машка и женска енергија. Му дозволивме на процесот да го заземе својот природен пат и да се случи будење на свеста во поинаква димензија. И сме бескрајно благодарни што создадовме книга која не само што ги надмина нашите очекувања во нејзиниот пласман, туку и ни даде поттик да создаваме и креираме нови дела.

Сите принципи кои се дел од книгата се веќе испробани ефективни методи за достигнување на следното ниво на свесност. Сега ви се достапни и вам и доколку ги прифатите и секојдневно практикувате, тие ќе ви помогнат да постигнете нова свесност, и да креирате посакувана реалност. Нашата желба до сите е со радост да ја прифатат новата промена која е веќе присутна насекаде околу нас и да завладее хармонија и љубов на нашата планета.

Ја пласиравте и на светскиот пазар, преку пласман на најголемите трговски онлајн платформи? Каков одѕив имаше?

Сите љубители на книгата и на популарната психологија од англиско говорно подрачје, имаат можност да уживаат во книгата „Будење на свеста“. Природно беше после издавањето на „Будење на свеста“ на македонски јазик, да ја преведеме и на англиски јазик. Тоа се случи 2019 година, истата година кога ја издадовме македонската верзија. И во истата година имавме ексклузивна можност книгата да ја претставиме на најголемиот светски Саем на книгата во Франкфурт заедно со нашата издавачка куќа Паблишер.

Благодарение на дигитализацијата англиската верзија од книгата Awakening Consciousness ја поставивме на сите најголеми светски платформи за книги, вклучувајќи ја и платформата Amazon. Отворивме меѓународна веб страна по називот на книгата www.awakeningconsciousness.com и ја привршуваме аудио книгата на англиски јазик која за скоро ќе ја пронајдете на Audible платформата.

Влеговме во овој проект доста храбро, без очекувања, но со верба дека ќе го освоиме светот. Излеговме од комфорната зона директно на светскиот пазар и книгата полека, но сигурно се пробива. Имавме нарачки на книгата од различни краеви во светот, а во моментов книгата е доста популарна во Индија од каде добивме и неколку врвни критики од критичари на книги од оваа област. Како автор на книгата гостував со предавања на овие теми на меѓународни вебинари и бев повикан од американски „podcast” емисии.

Со став „да му умре козата на комшијата“ не може да се води бизнис

Пред нас се сериозни предизвици пред сѐ во економијата и бизнис секторот. Кои се вашите очекувања од оваа економска година, имајќи во предвид дека имаме се уште притисок од Коронавирусот и дали може да се очекува подобрување на економската слика во периодот кој ни претстои?

Морам да кажам дека короната ме направи доста посилен, и уште повеќе го разбуди претприемачкиот дух во мене, да не кажам ми ги отвори виугите за многу нови инвестиции и бизнис подвизи во Македонија, а и во странство. Доколку тоа се случило и кај други луѓе, не само кај мене, тогаш логично е да бидеме сведоци на микроекономски развој и будење на свеста на претприемачот.

Сметам дека и понатаму ќе се креира филтрација кај бизнисите и притисок за подигнување на квалитетот на услуги. Секој кој нема со високо поставени стандарди да ја води компанијата и да понуди нешто поразлично, за жал нема да преживее во долг рок. Со став: „Да умре козата на комшијата”, повеќе и кај нас не може да се води бизнис. Целта е да се креира повисока конкуренција на пазарот, и да се шират бизнисите.

Очекувам пад во онлајн трговијата кај производите. Онлајн малопродажбата ќе се нивелира и ќе го покаже органскиот раст. Само високо професионални онлајн компании ќе продолжат да бележат раст и успех. Македонскиот народ бара квалитет, иновации, технолошки развој, и најважно едукација во јавниот сектор и институциите. Морам да признам дека институциите и банките не можат да ги следат модерните бизнис планови, и има сериозен недостаток на комуникација со приватниот сектор, и субјективност во донесување на одлуките.

За да отскокнеме брзо од економската негативна последица од короната, им треба стимул на бизнисмените. За да има движење во економијата и со цел да им се олесни работењето на бизнисите во приватниот сектор и стартапите, потребна е либерализација во финансискиот сектор и царинската регулатива. Со цел нашите бизниси да ги следат светските економски трендови, од особено значење се привлекување на светските PSP провајдери, креирање на професионални логистички фирми за достава, олеснување на девизниот режим, олеснување на увозот и извозот на роба, либерализација на платните системи, како и тргување со криптовалути. Во спротива нашите бизнисмени нема и понатаму да можат да креираат конкурентски иновации и ќе останат и понатаму изолирани и анонимуси во светскиот поредок на деловниот свет.

Здравствената криза нѐ наведе да размислуваме во нови димензии, како на животот, така и на работата. Кои се лекциите на кои што ве научи пандемијата во однос на бизнис секторот, воедно и како го променивте начинот на вашето размислување?

Во изминатиот период успеав повторно да се свртам кон себеси, да си посветам повеќе време во себеспознавање, медитација, вежбање, и одмор од информациите кои секојдневно ни го заматуваат разумот. Да ја скротам зависта од стрес! Откако ја прележав короната, си ветив дека повеќе ќе спортувам и ќе патувам низ светот. Дека ќе научам повеќе да уживам и покрај тоа што и понатаму напорно ќе работам.

Она кое мене лично ме научи пандемијата е дека за материјално да успееш во овој свет мора да го бајпасираш локалниот систем и да го прифатиш светскиот. Не говорам само во економскиот, туку и образовниот и духовниот. За тоа да го почувствуваме, мораме да излеземе надвор од границите на државата, и од границите на парадигмите на умот. Од оваа причина се повеќе млади генерации заминуваат во странство. Мораме да работиме на себеси, а со тоа ја подигнуваме и колективната свест на околината.

Многу сум среќен што успеав да добијам целосна стипендија за докторски студии на американскиот универзитет Key West University of Florida. Доста сум посветен на академското поле и ова за мене претставува трет факултет. Иако сум огромен поддржувач на неформалното образование, од типот на книги за личен развој, лични менторства, семинари, и пракса, сакам да им покажам на младите дека не морате да ја напуштате формалната едукација за да бидете успешни во бизнис светот.

И покрај непредвидливоста на ситуацијата, дали може да потврдите дека полека стапнувате на “здрави нозе“ во бизнис секторот?

Ние сме компанија која успешно успеа да се справи со оптимизирање на трошоците и задржување континуитет кај приходите, токму тогаш кога пандемијата влијаеше во намалување врз буквално сите бизниси од реалниот сектор. Не се жалевме кај државата за помош како некој компании туку машки издржавме. Морам да признам дека полека се враќаме на старо, со отворање на јавните објекти како што се кафеаните, рестораните, хотелските сали и салите за состаноци, очекуваме продажните активности да се зголемат значително. А намалувањето на мерките ни носи големи можности повторно во зголемување на шопинг волуменот. Не би сакал ни да ја преценам стабилноста на ситуацијата, само ни е важно што секогаш сме спремни за офлајн и за онлајн функционирање.

интервју6 часа ago

Маја Филипчева: Иницијативата „3-те Мориња“ отвора можности за регионална соработка

македонија3 дена ago

Акцелератор УКИМ во соработка со програмата Star Venture на ЕБОР: Повик за нова акцелераторска програма на Акцелераторот УКИМ

банки4 дена ago

УНИБанка АД Скопје ја исплати петтата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници

технологии / компании4 дена ago

Комтрејд ги донесе OnePlus телефоните во Македонија

македонија5 дена ago

#БидиФит #БидиЗдрав #БидиСигурен -наградна игра на Триглав Осигурување

македонија5 дена ago

Асура станува официјален партнер за одржување на Ист Гејт Мол

банки6 дена ago

Шпаркасе банка Македонија и Охридска банка споени во една банка

македонија6 дена ago

Прв македонски Swatch по повод 30 години од независноста

македонија6 дена ago

Европската Комисија и Меѓународната организација на трудот со здружени сили за поддршка на младите

банки1 недела ago

Народната банка и МБА донесоа Насоки за банките и штедилниците – за поголема транспарентност и стандардизација при објавувањето информации за депозитите и кредитите за населението

македонија5 дена ago

Асура станува официјален партнер за одржување на Ист Гејт Мол

банки6 дена ago

Шпаркасе банка Македонија и Охридска банка споени во една банка

македонија3 дена ago

Акцелератор УКИМ во соработка со програмата Star Venture на ЕБОР: Повик за нова акцелераторска програма на Акцелераторот УКИМ

македонија6 дена ago

Прв македонски Swatch по повод 30 години од независноста

банки4 дена ago

УНИБанка АД Скопје ја исплати петтата полугодишна камата на сопствениците на Перпетуални обврзници

технологии / компании4 дена ago

Комтрејд ги донесе OnePlus телефоните во Македонија

интервју6 часа ago

Маја Филипчева: Иницијативата „3-те Мориња“ отвора можности за регионална соработка

македонија6 дена ago

Европската Комисија и Меѓународната организација на трудот со здружени сили за поддршка на младите

македонија5 дена ago

#БидиФит #БидиЗдрав #БидиСигурен -наградна игра на Триглав Осигурување