Connect with us

економија

Развојната банка воведе нова кредитна линија за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

објавено

на

И во двата случаи РБСМ ќе кредитира до 60% од износот на проектот, додека останатите минимум 40% ќе се кредитираат од останати извори како кредит од банката учесник или сопствени средства на инвеститорот (опрема, обртни средства, готовина и сл.)

Развојната банка започна со реализација на Кредитна линија за енергетска ефикасност (ЕЕ) и обновливи извори на енергија (ОИЕ) преку банки учеснички наменета за обезбедување на средства за инвестиции  за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија на микро, мали и средни трговски друштва, ТП и занаетчии.

Износот на средствата за реализација на оваа кредитна линија е 10 милиони евра.

Намената на кредитната линија е за поддршка на проекти за:

  • Енергетската ефикасност ЕЕ – Максимална вредност на проектот е 30.750.000 денари со рок на отплата до 8 години со вклучен грејс период до 12 месеци и за
  • Обновливи извори на енергија (ОИЕ) – Максимална вредност на проектот е 49.200.000 денари со рок на отплата до 12 години со вклучен грејс период до 24 месеци.

И во двата случаи РБСМ ќе кредитира до 60% од износот на проектот, додека останатите минимум 40% ќе се кредитираат од останати извори како кредит од банката учесник или сопствени средства на инвеститорот (опрема, обртни средства, готовина и сл.)

Каматна стапка за крајните корисницие 1,6% годишно.

Заинтересираните компании можат да поднесат барање за користење на средства од  кредитната линија до 9 (девет) банки учеснички и тоа: Шпаркасе Банка АД Скопје, Стопанска Банка АД Битола, Стопанска Банка АД Скопје, Уни Банка АД Скопје, Халк Банка АД Скопје, Силк Роад Банка АД Скопје, ТТК Банка АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје и ПроКредит Банка АД Скопје.

Подетални информации за кредитната линија.

економија5 часа ago

мајВорлд Интернешнл (myWorld) го назначи Радован Витошевиќ за главен извршен директор на компанијата

банки23 часа ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

македонија3 дена ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки4 дена ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки4 дена ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

интервју4 дена ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

економија6 дена ago

Се возобнови Клубот на одговорни бизниси

start up2 недели ago

Шест препреки за стартапите во потрага по инвеститор

технологии / компании2 недели ago

Вештачката интелигенција носи нови промени

регион2 недели ago

ЕУ го избегна првиот куршум од Путин, но сè уште е жедна за евтин гас