Connect with us

економија

Развојната банка со зголемено кредитирање и добивка во првото полугодие

објавено

на

Во првата половина од годината, РБСМ ги повлече последните три транши од ЕИБ 6 кредитната линија во износ од 40,8 милиони евра, со тоа што сите 100 милиони евра од оваа кредитна линија се веќе ставени во функција на поддршка на малите и средни компании.

Развојната банка на Северна Македонија (РБСМ) во првата половина годинава има нето добивка од 45 милиони денари (732 илјади евра), што е речиси двојно повеќе во однос на остварениот резултат во истиот период лани.
Финансискиот резултат на РБСМ покажува дека вкупната актива на Банката е зголемена за 43% и изнесува 16,4 милијарди денари, со соодветен раст на кредитното портфолио од 54%, и на изложеноста по основ на факторинг услугата од 200%.

Во првата половина од годината, РБСМ ги повлече последните три транши од ЕИБ 6 кредитната линија во износ од 40,8 милиони евра, со тоа што сите 100 милиони евра од оваа кредитна линија се веќе ставени во функција на поддршка на малите и средни компании. Паралелно, Банката воведе нови кредитни линии и ги олесни условите на кредитната линија за агросектор.

„Во услови на закрепнување на домашното стопанство од здравствената и енергетската криза, активностите на Банката оваа година се во знакот на поддршка на деловните субјекти во насока на намалување на последиците  од економската и енергетската криза предизвикана од геополитичките случувања, со цел, полесен пристап до ликвидни средства. Во следниот период, РБСМ и понатаму целосно ќе им остане на располагање на компаниите во соочување со актуелните предизвици од економска и неекономска природа, со што целосно ќе остане фокусирана на остварување на нејзината улога како развојна банка.“, велат од Развојната банка.

економија19 часа ago

Македонска берза ја одржа својата 22-ра Годишна конференција

македонија1 ден ago

ЕДС АД: Овие потрошувачи беа снабдени со чиста и обновлива енергија

технологии / компании1 ден ago

Технолошките гиганти ги претставија своите нови AI алатки

свет1 ден ago

Може ли технолошкиот могул да влијае на светските чувствителни прашања

регион1 ден ago

Што се крие зад новите тензии помеѓу Србија и Косово?

македонија1 ден ago

Пакомак со паметен систем за управување со амбалажниот отпад до одржлив развој

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

економија1 ден ago

Само во август осигурениците наплатиле пет милиони евра од неживотни осигурувања, за 22% повеќе од лани

интервју1 недела ago

Петар Ниновски: Бреинстер се позиционира како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години

банки1 недела ago

Стопанска банка а.д. Битола прослави 75 години работа

банки1 недела ago

ПроКредит Банка прослави 20 години постоење на македонскиот пазар

македонија1 недела ago

Брако ги помогна проектите на Општина Велес со еден милион денари

банки5 дена ago

Ти само орочи, заштедата сама ќе дојде! – ПроКредит со нова понуда за штедење

свет4 дена ago

Европската комисија: Х(Твитер) на Илон Маск стана легло на дезинформации

интервју1 ден ago

Амар Салиу: Продолжува приказната за урбано живеење во ’East Gate Living‘ со Блок Ц

македонија1 ден ago

Зошто цените се високи? Трговците ја префрлаат топката на производителите, тие се правдаат со поскапените инпути

македонија1 ден ago

„Полесно е заедно“: Комерцијална банка донира за подобро јавно здравство

економија1 ден ago

Наместо „трка кон дното“ со даноците, да се вложува во човечки капитал