Connect with us

економија

Развојна банка: Бескаматни кредити за радија и телевизии од шестиот пакет мерки

објавено

на

Преку јавен повик ќе им биде овозможено на медиумите да користат бескаматен кредит со рок на отплата од 48 месеци и грејс период од 12 месеци. Уште една мерка е новиот модел за субвенционирање на трошок на компании кои ќе ја реинвестираат остварената добивка. Ова, како што појасни директорот на Развојната банка Кире Наумов, нема да биде нова кредитна линија, туку ќе биде нов модул за субвенционирање на каматниот трошок.

Директорот на Развојната банка на Република Северна Македонија, Кире Наумов на денешната прес-конференција претстави две мерки од шестиот пакет мерки, кои ќе се реализираат преку Банката. Првата мерка е нова бескаматна кредитна линија, а втората е нов модел за субвенционирање на трошок на компании кои ќе ја реинвестирале остварената добивка, пренесе МИА.

„Оваа кредитна линија налик на ковид 1, наменски ќе ги таргетира субјектите кои се активни во дејноста на емитување радио и телевизиска програма. Во следниот период согласно заклучоците на Владата, со економските ресори ќе работиме на конкретно операционализирање на оваа мерка. Преку јавен повик ќе им биде овозможено на медиумите да користат бескаматен кредит со рок на отплата од 48 месеци и грејс период од 12 месеци. Очекуваме преку оваа мерка да се обезбеди поддршка на ликвидноста на компанитте од оваа дејност“, рече Наумов.

Додаде дека втората мерка е нов модел за субвенционирање на трошок на компании кои ќе ја реинвестираат остварената добивка. Ова, како што појасни, нема да биде нова кредитна линија, туку ќе биде нов модул за субвенционирање на каматниот трошок. Развојната банка ќе соработува со економските ресори и Македонската банкарска асоцијација за да развиеме модел каде крајните корисници ефективно ќе имаат нула камата за новоодобрените средства од деловните банки, рече Наумов.

Потсети дека преку Развојната банка досега се реализирани повеќе мерки од сите пет пакети.
-Прво, вкупно 50,9 милиони евра кредити со поволна каматна стапка банката пласираше до 186 домашни компании преку деловните банки за поддршка на проекти преку кои е предвидено вработување на најмалку нови 605 лица. Воведовме нов производ – царинска гаранција за да го олесниме извозот на компаниите кои прават увоз заради облагородување и повторен извоз. Со царинската гаранција од 250 илјади евра ги поддржуваме малите и средните компании од сите дејности, а со гаранција од 390 илјади евра ги подржуваме и компаниите од преработувачката индустрија. Трето, преку бескаматните кредити за домашни компании, трговски поединци, занаетчии досега поддржавме 4.807 субјекти кои заедно вработуваат 36.802 вработени, рече Наумов и додаде дека вкупниот износ на сите три бескаматни кредити 44,1 милион евра.

Најави дека оваа недела во наредните седум дена очекува Владата да дискутира за условите и критериумите на ковид четири линијата, по што ќе преземат чекори заедно со ресорните министри да ја операционализираат и оваа бескаматна кредитна линија.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

економија18 часа ago

Дознајте зошто е важна техничката анализа – вебинар на Инвест Поинт на 20 јуни

економија19 часа ago

По две децении повторно домашен менаџер на чело на Пивара Скопје

регион1 ден ago

Акционерите на Заваровалница Триглав ќе добијат дивиденда од 2,5 евра бруто по акција

македонија1 ден ago

Словаците ќе бидат меѓу најчестите туристи во Македонија

банки4 дена ago

Комерцијална банка прогласена од Global Finance за врвен иноватор во корисничко искуство за услугите преку OneID

македонија5 дена ago

Кочо Анѓушев се сретна со специјалниот британски претставник за трговија, Мартин Викерс

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

свет1 недела ago

Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија

економија1 недела ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

регион1 недела ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

македонија1 недела ago

Становите нема да поевтинат, побарувачката не стивнува, Македонецот не инвестира во друго освен во недвижнини

менаџмент / маркетинг1 недела ago

Се препознавате ли себеси во ликот на трансакциски или трансформациски лидер?

регион1 недела ago

Наводен крипто-инвеститор „закрпил“ 700 Хрвати за 15 милиони евра

свет1 недела ago

Кина стана најголем извозник на возила, престигнувајќи ја Јапонија

економија1 недела ago

ЕУ ќе им дава енергетски сертификати и на податочните центри

македонија1 недела ago

Што научивме од првата конференција за недвижности во Македонија: Проектите не запираат, доаѓа време на retail парковите, а ESG станува задолжително

македонија1 недела ago

Новото обележје на градот – комплексот „Гранд Скопје“ претставен пред локални и меѓународни професионалци за недвижности

македонија1 недела ago

Прва Конференција за комерцијални недвижности во Македонија на Фортонмка: Стремеж за менување на пазарот кон подобро

економија1 недела ago

Од отпадот од фармите ќе се добива струја, топлина и органско ѓубре за земјоделството

свет1 недела ago

Избегната ли е „мајката на сите кризи“?