Connect with us

интервју

Разговаравме со основачите на Пиксел: Синергијата е секогаш поголема од индивидуализмот 

Филип Ристевски, Димитар Јовевски и Владимир Ристевски – сопственици на Пиксел, компанија за дигитални решенија

објавено

на

Од раните денови на создавањето содржина и управувањето со социјалните медиуми, до нејзината сегашна улога како компанија со сеопфатни дигитални решенија, Пиксел со себе носи инспиративна приказна за моќта на приспособливоста и тимската работа. Во ексклузивно интервју за Капитал тројцата партнери и сопственици на Пиксел – Филип Ристевски, Димитар Јовевски и Владимир Ристевски ни ја откриваат деловната динамика што во изминатите 10 години ја позиционираше компанијата во светот на дигиталниот маркетинг на локално, но и на регионално ниво.

Во 2023 година одбележавте 10 години од постоењето на Пиксел со брз и значаен раст во приходите, човечкиот капитал, но и во понудата на услуги. Од сегашна гледна точка, кои деловни одлуки сметате дека беа клучни за овој прогрес?

Филип Ристевски: Од бизнис аспект, на прво место би ги ставил одлуките кои се резултат на нашиот споделен став дека во криза се инвестира. Јас, Димитар и Владимир, иако сме многу различни, споделуваме една важна особина на проактивност, па оттаму дојде и храброста да инвестираме во компанијата во услови на глобална нестабилност на која се чини дека не ѝ се гледа крајот.

Ова ни помогна не само да ги пребродиме тешките денови, туку и да напредуваме. Резултатот досега е тројно зголемување и на бројот на вработени и на приходите.

Уште една одлука која се покажа како успешна од самото основање на Пиксел е посветеноста на овозможување решенија за потребите и барањата на клиентите и соодветно адаптирање. Благодарение на ваквиот став, нешто што започна како идеја за развој на дигитален продукт се трансформираше во понуда на дигитални услуги од сферата на маркетингот, дизајнот и развојот, за денес веќе да прерасне во една поинаква компанија на македонскиот пазар нудејќи широко портфолио на дигитални и традиционални услуги.

Колкав дел од успехот би припишале на лидерскиот стил и интерните одлуки на менаџментот?

Владимир Ристевски: Успехот на Пиксел може првенствено да се припише на нашата заедничка амбиција за раст, развој и проактивен пристап кон промените. Гладот за учење, стратешкото расудување во проценката што се привремени, а што трајни трендови, како и агилноста во прилагодувањето беа клучни за нас.

Во нашата работа многу е важно прво ние да веруваме во нашите идеи пред да ги пренесеме на клиентите. Затоа, во основата на нашиот пристап стои креативноста, комбинирана со податоците од претходните искуства. А ние како лидери константно ги прошируваме нашите видици за бизнисот и креативните решенија преку редовно учество на настани, студиски посети на успешни компании во странство и соработка со консултанти, експерти во различни сфери.

Во нашиот лидерски пристап посветени сме на зајакнување на тимот пред да направиме какви било промени, поттикнувајќи една карактеристична компаниска култура која се провлекува во работата со нашите клиенти, а е видлива и во нашата комуникација кон јавноста.

Како резултат на ова имаме цврст, кохерентен тим кој ни помага да оствариме долгорочни партнерства со нашите клиенти преку консултативниот пристап кој го нудиме, со што овозможуваме поддршка за нивното надворешно позиционирање, но и за внатрешно подобрување преку дигитализација и автоматизација на процесите.

Кои се според Вас позначајните достигнувања од аспект на развој на бизнисот во изминатите 10 години? Кои беа предизвиците со кои се соочивте?

Димитар Јовевски: Значајните достигнувања во развојот на еден бизнис често се мерат преку раст на приходите, ширење на пазарот, иновации во услугите, партнерства и слично. Во изминативе години, ние имавме од сѐ по нешто од горенаведеното.

Во последните 2 години бележиме пораст на страната на приходите, но и на човечкиот капитал. Иновациите на услугите е нешто по што сме препознатливи на овој пазар, каде низ годините се позициониравме со јасни бизнис единици, односно развој на софтвер, дизајн и маркетинг (дигитален и традиционален).

Со својата уникатна позиција на пазарот како компанија бевме први кои го сменија моделот на работа со клиентите во делот на маркетингот и воведовме т.н. агилен начин на работа. Наместо работа за месечни фиксни суми, на нашите клиенти им понудивме скалабилни тимови на експерти кои посветено работат на нивните потреби.

Ширењето на нови пазари е неизоставен дел од растот на една компанија, па така низ годините обезбедивме присуство на повеќе од 10 пазари и партнерски соработуваме со многу компании како нашата, бидејќи знаеме дека синергијата е секогаш посилна од индивидуализмот.

Кога станува збор за предизвиците, тие се секогаш присутни кога сакате да бидете различни. Индустријата во која работиме е премногу динамична и со себе го носи предизвикот на одржување чекор со технолошките промени. Справувањето со конкуренцијата преку иновација, квалитет и ценовна стратегија низ годините наназад е уште еден од константните предизвици.

Можеби еден од најголемите предизвици со кои сме се соочувале, а верувам дека и во иднина ќе се соочуваме е човечкиот капитал, односно ефективното управување со луѓето и сите предизвици кои ќе произлегуваат од овој комплексен процес.

Низ годините изградивте богато портфолио на локални и регионални клиенти од различни индустрии. Кој е Вашиот коментар за пазарот, во однос на индустријата, клиентите и свесноста за дигитализацијата? 

Филип Ристевски: После пандемијата и нашиот пазар и компаниите ја сфатија потребата од промена во интерните процеси во име на поголема продуктивност и оптимизација од една страна, но и во држењето чекор со глобалниот пазар од друга страна. 

Како што ние како компанија се развивавме следејќи ги светските трендови, се обидувавме тоа да го преточиме и кај нашите клиенти.

Она што и ден денес се трудиме да го покажеме е дека компаниите треба да ги отстапат своите процеси на професионалци од таа област кои за нив ќе создадат дополнителна вредност, додека тие треба да се насочат во усовршување на нивните производи и услуги.  

Вашата компанија ја дефинирате како „партнер во достигнувањето дигитална зрелост“ – што значи ова за вас?

Владимир Ристевски:  Она што кај нас се смета за дигитална трансформација е реално само активно користење на дигиталните канали и е далеку од трансформација. Сѐ уште заостануваме зад регионалните и светските пазари во поглед на иновации, дигитална зрелост и храброст во комуникација на социјалните мрежи, но барем свесноста за потребата е веќе на високо ниво.  

Сметам дека тоа ниво е доволно за да може клиентите да разберат дека имаат да изодат уште долг пат за да дојдат до момент каде што половина од нивните активности ќе бидат дигитализирани и автоматизирани, но и податоците и заклучоците од тие процеси ќе бидат лесно разбирливи со помош на генеративната вештачка интелигенција која е во подем во моментов. 

Пазарот е во идеална почетна фаза за правење промени кои ние како компанија сакаме да ги надградиме со иновативни и креативни дигитални решенија со кои компаниите ќе созреат во начинот на кој растат и се развиваат. 

Каде Вие го гледате Пиксел во наредните 10 години? Кои се краткорочните и долгорочните цели на компанијата во индустријата за дигитален маркетинг?

Димитар Јовевски: Во наредните години се очекува индустријата во која работиме да се развива и адаптира на развојот на нови технологии, а со тоа ќе се развиваме и ние. Она што можам со сигурност да го кажам е дека на краток рок ќе продолжиме да работиме на тоа да бидеме препознаени на пазарот по квалитет, посветеност и персонален пристап кон клиентите.

Ќе продолжиме да иновираме и брзо да ги прифаќаме и употребуваме новите технологии, пред сѐ вештачката интелигенција. Од друга страна, на малку подолг рок очекуваме да го видиме Пиксел како регионален и европски партнер на многу компании во нивниот пат кон дигитален развој и трансформација, а секако и кон достигнување на дигитална зрелост.

банки1 ден ago

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица

свет1 ден ago

Предлог акција за оваа недела: Orlen S.A.

свет1 ден ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

технологии / компании1 ден ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

регион1 ден ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

македонија1 ден ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

македонија1 ден ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

економија1 ден ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

економија1 ден ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

свет1 ден ago

Следната година сонцето и нас ќе нѐ стемни

економија1 ден ago

Истражување: Инфлацијата е главен фактор за финансиски стрес

свет1 ден ago

Скокнаа цените на нафтата, гасот, бакарот и алуминиумот

регион1 ден ago

Марко Чадеж, Српска стопанска комора: Нашите компании ги мачи финансирањето и недостиг на кадри

македонија1 ден ago

Судбината на фабриката во Бунарџик неизвесна, но можно е и целото производство да се префрли во Македонија

свет1 ден ago

Следната година сонцето и нас ќе нѐ стемни

економија1 ден ago

„Зелените“ кредити со годишен раст од речиси 30%

технологии / компании1 ден ago

ЕУ има амбиција да стане „квантна долина на светот“, а хрватски научници имаат голем удел во тоа

менаџмент / маркетинг1 ден ago

Како да ги демотивирате вработените и избркате најдобрите

македонија1 ден ago

Македонските е-трговци направиле промет од 453 милиони евра лани

банки4 дена ago

Управната зграда на УНИБанка во Скопје сама ќе произведува струја од фотоволтаична централа